Ова инсистирање да се донесе Кутињо на сред зима без право на настап во ЛШ, само да се вклопува во тимот во лигата...можно е Иниеста да замине кај Чави во Катар летово. Се надевам ќе остане и наредната сезона, макар и во улогата што Чави ја имаше последната сезона кај нас кога освоивме тројна титула. Одморен Иниеста од клупа би вртел натпревари, покажа многу пати и сезонава дека сеуште е недопирлив.
Зошто би го тргнале Бускец? Типот е професор, најдобар на таа позиција, не само во моментов туку долги години. Бускец е најдобриот ДМ што некогаш играл во клубов, бар навивачи на Барса не треба да го потценуваат, го гледаме секоја недела. После Меси секако, Бускец ќе биде најтешко да се замени. Сампер прееба кариера, повторно повреден до крај на сезоната. Ориол Бускец имењакот покажува талент ама има време додека дојде до тоа ниво, ако некогаш воопшто дојде. Бускец е Барса и Ла Масиа incarnated, перфектен фит за нашата филозофија.