Фан Клуб: Барселона

  • Креатор на темата Креатор на темата Serpico
  • Време на започнување Време на започнување
Се надевам дека грешам, ама на што спадна клубот 1.jpg
 
Ако не успеат да го доведат Дембеле одлично решение би било Марсијал и за помалку пари но и супер би се вклопил на играта на Барса,
 
Седете мирни, никој нема да донесат, ќе го освоиме купот, ќе се бориме за лигата до кај 25то коло кога ќе паднат скроз, во ЛШ ќе налетаме на којзнае кого шо ќе не наполни до врв и ајт, чекајте да се врати Лапорта, можда пак ќе освоиме триплете, се до тогаш, олабавите.
 
Тргнете ја настрана управата најзабегана на свет и трансвер периодот кој е најбеден од кога се сеќавам, ама вечерва ќе ги бушиме комшиите саглам !!!
 
Готово е со Паулињо, кое засилување еј, доџите сад јер смо се доста зајебавали....
 
Појма немав кој е овој , лупнаа ненормални пари за 29 годишен фудбалер кој ќе има 4 годишен договор , значи до пензија ќе го плаќаат .
Единствено објаснување ми е дека е донесен како замена на Бускец , и таа позиција може да ја игра.
 
Ништо не научија од трансферите на Матје, Арда и слични. Како залудно ги трошат годините на Меси.
 
Да носиш играч од Кина е врв. Се надевам ќе успеваат со Дембеле и Кутињо иначе срамно е што се случува
 
40 милиони за 30-годишен играч од кинеска лига. Чисто перење пари е ова, крв да серат. Сезонава ич нема да се замарам и така ќе остане се додека не ја снема управава.
 
Дури денес почна јако да има револт за она што го дробиме со месеци наназад. При евентуален неповолен резултат со реал уште толку ќе се вжешти ситуацијата, иако требаше многу порано да се случи тоа.
 

Очекуван состав, ќе го видиме Деулофеу што и колку може...Реал без Роналдо во прва, Ковачиќ место Модриќ.
 
Што е проблемот со него, не сака бек да игра?

Беше присилен да игра бек затоа што управата го пушти Дани Алвес за без пари, а Видал на почетокот беше срање а потоа и повреден долго време. Серхи по природа е играч од средина, таму кајшто имаме 7-8 неспособни играчи за 3 места и го носиме Паулињо. Покрај тоа може да игра на скоро сите позиции освен централен бек, напаѓач и голман. Откупната му е 40 милиони и ако се попизди сега има заинтересирани да го грабнат, макар што не верувам пошто е наше дете за разлика од Нејмар.
 
Што е проблемот со него, не сака бек да игра?

Зошто да игра бек, веќе имаме двајца бекови Видал и Семедо.
Да видиме од кого ќе се ослободат но Гомеш, Роберто, Паулињо, Ракитич и Бускетс се играчи кои можат да конкурираат за две места во средниот ред.
Според мене Гомеш е вишок бидејќи Роберто треба да конкурира со Ракитич, Паулињо да биде замена на Бускетс и за местото на Иниеста ако се земе Кутињо но тука е и Денис Суарез исто така и Рафиња.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom