Фан Клуб: Барселона

  • Креатор на темата Креатор на темата Serpico
  • Време на започнување Време на започнување
Што ако си оди Нејмаров, има шанси да се доведе некое звучно име?
 
ПСЖ прво не сакаа ни да преговараат за Верати, а сега ако ни го земат и Нејмар, мислам дека Бартомеу ќе го обесат на фонтаната на Canaletes.
 
Каталуња радио вика 95% готова работата е

Пцуевте цела сезона по него би требало сега задоволни да сте..

Со парите, Дембеле+Паулињо+Кондогбија

Ќе испадниме групна фаза наредна сезона
 
Некако не ми држи вода муабетот дека заминува затоа што покрај Меси не може да освои златна топка. Да се разбереме се дури играат Меси и Роналдо нема да намириса златна топка, Освен ако в година успее сам да го доведе Бразил до Светска Титула.. Јасно е дека ПСЖ има големо бразилско лоби..Маркињос, Дани Алвес, Тијаго Силва, Давид Луиз...пола репрезентација игра таму, и сигурен сум дека го убедувале. Како и да е, не е поголем од клубот, никогаш и не бил. Друга страна на приказната е тоа што сигурен сум дека управата гледа на сето ова како начин да реши неколку големи финансиски проблеми. Јас да сум обавезно ќе го барам Верати во договорот... Голем удар ќе биде за нас, но тоа е што е...
 
Голем удар ќе биде ова секако, но уште поголем удар е што нашиве нема да знаат што со парите, барем во делот за концепирање на тимот. Ниту се способни да продадат ниту да купат.
Реал го продава Данило за 30 и кусур милиони, Мората за 80, нашиве на Арда нема да можат 30 да му извадат со денешниве напумпани цени.
Тоа ме плаши највеќе, што ќе се земат некои ојлевци дојлевци а тие што ќе се продадат ќе ги дадат за кило семки.
Дај боже да ме демантираат ама тешко.
 
Некако не ми држи вода муабетот дека заминува затоа што покрај Меси не може да освои златна топка. Да се разбереме се дури играат Меси и Роналдо нема да намириса златна топка, Освен ако в година успее сам да го доведе Бразил до Светска Титула.. Јасно е дека ПСЖ има големо бразилско лоби..Маркињос, Дани Алвес, Тијаго Силва, Давид Луиз...пола репрезентација игра таму, и сигурен сум дека го убедувале. Како и да е, не е поголем од клубот, никогаш и не бил. Друга страна на приказната е тоа што сигурен сум дека управата гледа на сето ова како начин да реши неколку големи финансиски проблеми. Јас да сум обавезно ќе го барам Верати во договорот... Голем удар ќе биде за нас, но тоа е што е...

Верати го смени агентот по налог на Ал Келаифи, сега Раиола му преговара за продужување на договорот со ПСЖ.

Од историскиот камбек и крадењето на Верати, стигнавте он вас Нејмар да ви го собере. Нема заебанција со емирот. И тоа сигурен сум да не притискавте за Верати ова со Нејмар немаше да се деси.
 
Кај има играње со арапите..ако се заинаетат ќе ја купат цела Барселона сосе ракомет и кошарка и жени и швалерки и имоти.....си ебало мајката колку се богати
 
Сепак Нејмар го има последниот збор, ако каже ДА, не заслужува да го носи овој дрес...Барса имала и ќе има поголеми легенди од него
 
Ај на страна што нашиве на чело на клубов се за потсмев и ги руга кој стигне, туку и клубов ќе изгуби од другава страна што не е фудбалска туку е поврзана со брендот и статусот на клубот. Ако не се појачаме како што треба и од оваа страна губиме, па нема да ме чуди за брзо време ако и спонзорите почнат да не одјебуваат а овие со кои имаат веќе договори почнат да ни откажуваат љубов.
 
Ако ја платат клаузулата нека бега циганчето!
А за тоа дека ќе пропаднеме не грижете се, Барса е бренд и со самото заминување на една ѕвезда се отвара место за друга звезда која покрај МСН не би прифатила да дојде.
Повеќето бразици се класични цигани, околу нив секогаш има контроверзии кои имаат влијание на нивните перформанси на теренот.
Нејмар никогаш нема да биде лидер на Барса а и на било кој клуб, едноставно нема карактер за такво нешто, лигуш е.

Мислам дека ако се решиле да го продадат Нејмар, ќе притиснат по Дибала а и самиот играч многу полесно ќе го убедат да дојде кога веќе ќе го нема едниот од МСН.

Но проблемот со средниот ред останува. Верати веќе е невозможна мисија, особено ако ПСЖ го носи и Нејмар таму. Нашите не се во можност да поставуваат услови ако ПСЖ ја плати клаузулата.
Сепак повеќе ни треба играч кој ќе го замени Иниеста бидејќи сега со донесувањето на Семедо, Серхи Роберто се префрла во средниот ред и мислам дека ќе се бори со Ракитич за место во составот.
Значи ни треба креативец, а такви во пазарот достапни има малце.
 
Алооо, на шо дроги сте, какво земање на Нејмар. Значи медиумите си играат како шо сакаат, а вие упорно и верувате..... Како ние шо го земавме Верати, така Неј ќе го земат.
 
Очигледно е дека сака ново договорче после 40 милионското на Меси... и не заминува Нејмар додека Меси е во Барса :)
Него нека наоѓаат креативец пошо курот ќе го јадеме.
 
Нејмар е Нејмар, како него друг во моментов нема да најдеме, затоа и 220 милиони се спремни да потрошат за него. Сепак, доколку тие пари се потрошат за трансфери нема да биде преголема загуба. Меси и Суарез имаат уште неколку сезони напред, мислам и Деулофеу да го пуштиме со нив пак ќе биде добар нападот. Моја желба би бил Дембеле од Дортмунд, го имам гледано често и според мене е најголемиот талент во моментов, Балон Д'Ор потенцијал. Ме потсеќа на Меси во млади години, брз со топката, слаломи, длабоки пасови, од никаде може и мрежа да искине. Да го стават во ист тим со Меси, да учи од него, мислам дека далеку ќе стигне. Со него мислам дека дупката од Нејмар добро би се пополнила. Втора опција за директна замена за Нејмар е Кутињо, што за разлика од Дембеле ми е мех...ништо посебно. Како и да е, 80 милиони за Дембеле или Кутињо, но остануваат 140 милиони за играч од средина. На другите позиции сме добро покриени...плус и трансфер буџетот не ни е потрошен сеуште, додај на тоа и неколкумина што треба да се продадат...Сериозна реконструкција може да се направи, со 3 топ играчи на различни позиции. Да се паметни и способни од управата ќе направат непобедлив тим. Знаејќи ги, ќе ги донесат Паулињо и остали тутифрути играчи од Кина и Боливија.
 
Работата е тоа што Барса воопшто не се прашува. Ја плаќаат калузулата и толку.. 40 милиони ќе добиел веднаш на потпишување, а да не зборуваме понатаму од бонуси и реклами. Во целата приказна и татко му добива огромна сума на пари. Ситуацијата е сериозна, сите блиски извори до Барса пишуваат дека веќе одлучил. Утрово, пола тим излегува со изјави за Нејмар и тоа колку е важен за екипата. Случајно? Со сигурност се знае дека Суарез имал долг разговор за да го разубеди во намерата.Тоа што Нејмар е со тимот во Америка не значи ништо... Најтрагично од се е тоа што мислам дека на управата и одговаараат овие 222 милиони во оваа ситуација..Арапите дури пронашле и начин како да го избегнат финансискиот фер плеј. Нивниот план е јасен..Нејмар и Алексис Санчез, да го предводат новиот напад на ПСЖ
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom