Фан Клуб: Барселона

  • Креатор на темата Креатор на темата Serpico
  • Време на започнување Време на започнување
Белерин, Верати и Дембеле... доста се! :D
Имаше пред некој ден во некој шпански весник дека Валверде сакал да игра 4-2-3-1 со Меси позади Суарез, а десно Дембеле или Коста од Баерн... Бускетс и Верати средина. Тоа ќе биде ЕБЕЊЕ! Ма да не ми се верува :D
 
Белерин, Верати и Дембеле... доста се! :D
Имаше пред некој ден во некој шпански весник дека Валверде сакал да игра 4-2-3-1 со Меси позади Суарез, а десно Дембеле или Коста од Баерн... Бускетс и Верати средина. Тоа ќе биде ЕБЕЊЕ! Ма да не ми се верува :D
Ќе биде, ќе биде... само што Барса ќе биде примачот во таква ситуација.
 
Белерин моментално е у некој хипик фазон , али несомнено станува збор за класа играч. Никој не те вика во шпанска репрезентација на 22 години ако не те бива. Супер трансфер ќе биде ако биде реализиран.

Иначе Меси купил хотел во Барселона со 4 ѕвезди на некоја плажа , 50 милиони евра. :D

меси.png
 
Испратиле понуда од 100 милиони евра за Верати (y) Сега останува на нивната управа, дали сакаат да задржат незадоволен играч во своите редови или ќе ја прифатат понудата.
 
И плус му нудат 10 милиони годишна плата на Верати, 4 повеќе од тоа што зема во ПСЖ.
Тоа е кога го пуштивме Тиаго за сончоглед во Баерн и не ни требаше Иско пред неколку години.
 
Тоа е кога го пуштивме Тиаго за сончоглед во Баерн и не ни требаше Иско пред неколку години.
И кога лани можеа да го земат Пјанич, тие за истите пари го донесоа Андре факинг Гомеш.
Милион грешки.
 
Ретардирана управа, следеле тие трансфер цели, скаутирале. На крај Даглас го донесоа, се чуделе во Бразил како еден таков абдал од кого не можеле Сао Паоло да се откачат заминал во Барса. Бар да гледаа што бараат другиве клубови, кога веќе се неспособни.

На свадбата кај Валдес беа и Пујол и Лапорта, па нешто Пујол напишал ќе се вратиме, можда планираат камбек на следните избори, особено ако нема успех до тогаш и тоа како ќе се во игра :D
 
Ако не го земат ова лето , тешко дека другата сезона ќе биде во игра бидејки квалитетен играч на неговата позиција ни треба како вода во пустина, ќе барат друга алтернатива 100 %. Верати е 24 години , во наредните 7-8 сезони би биле обезбедени на таа позиција , па макар и искеширале 120-130 милиони.
 
Таман сега Андре Гомеш кога ќе влезе во форма, Верати би му бил одлична замена. Во купот може да добие некоја подобра минутажа. :icon_mrgr:
 
Каков Дембеле бе не сте салам вие.. 80+ милиони за резерва?! :tapp:

Врати го назад Делофеу за таму 7-8 милиони бај-бекот мислам беше и готово.. сигурно не е 10 пати послаб од Дембеле

Средина нема потреба од засилувања

Бускетс-Ракитич-Роберто ќе ни биди средината со Иниеста со Чави улога од клупа

Гомеш прекомандуван на десен бек


Нема потреба од пари трошење
 
Каков Дембеле бе не сте салам вие.. 80+ милиони за резерва?! :tapp:

Врати го назад Делофеу за таму 7-8 милиони бај-бекот мислам беше и готово.. сигурно не е 10 пати послаб од Дембеле

Средина нема потреба од засилувања

Бускетс-Ракитич-Роберто ќе ни биди средината со Иниеста со Чави улога од клупа

Гомеш прекомандуван на десен бек


Нема потреба од пари трошење

Ќе нема потреба од гледање на сезоната ако не ја засилат средината со играч од тип на Верати. Видовме сезонава со ботови од типот на Гомеш до кај стигнавме.
 
Алеш Видал е единствениот играч на Барса кој не е на одмор туку тренира. Нека се спрема Белерин за греење клупа :D

Дали постои откупна клаузула за Верати и колку е таа? Зошто немаат намера да го пуштат псж, единствено ако ептен притисне за трансфер. Мада мислам дека се спремни и да го исфрлат од состав и да му ја заебат кариерата, само да не го пуштат во друг тим.
 
Мундо депортиво денеска излезе со вест припритетни дека ни биле Верати,Дембеле и Белерин а План Б Сери,Делуфеу и Семедо.Ако се посерат пак со планов Б нема да можеме да се опрајме со години.Значи Верати по секоја цена треба да се донесе па макар и 150 милиони нека дадат.Друга работа,наводно новиов тренер ќе го игра Меси во средината така да мислам дека Дембеле е реална опција да се донесе.Од планов Б само семедо ми делува како интересна опција другите крш.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom