Фан Клуб: Барселона

  • Креатор на темата Креатор на темата Serpico
  • Време на започнување Време на започнување
Последно шо имам прочитано е дека се скарани со Лучо поради изјавата на Ракитиќ пред утакмицата со Сити во ЛШ, дека најдобриот тренер што го тренирал некогаш бил Гвардиола. Мене некако дебилна ми делува причинава, ама што го знам, можда егото му на 10ка на Енрике ставено па толку се навредил од ова.

Кога го има Гвардиола тренирано Ракитич?..во кој тим беа заедно?
 
Кога го има Гвардиола тренирано Ракитич?..во кој тим беа заедно?
Грешка :)
Нешто го прашале у стил кој е според тебе најдобар тренер, така нешто и овој одговорил Гвардиола...
Ја немам видено таа изјава на Ракитиќ, некаде по хрватскиве сајтови ја читав теоријава, дека поради ова Енрике му бил лут.

Глејте ја петардава бе...
15966244_1074136229364508_1575027697378703291_n.jpg
 
Пред натпреварот со Сити пред 2 ипол месеца, Ракитич беше тој што имаше прес-конференција и на пресот кажа неколку пофални зборови за Гвардиола.
Кажа дека би сакал да игра за него, би сакал да седнат на кафе и дека кога дошол во Барселона го избрал дресот со број 4, токму поради Гвардиола кој му бил идол.
Ама, тоа беше уште при крајот на октомври или почетокот на ноември, така да не знам колку седењето на Ракитич на клупа има поврзаност со овие негови зборови.
 
@_Тони_ се уби од одење во живо на фб неделава , се изнагледав на цела конструкција на кампот и трофеите и тунелот. (y) А не ни знаев дека сум те имал на фб. :)

Умтити. :cuc: ... Нема замена за момакот моментално.


Хехехе
Не можам да го опишам чувството кое го имав на Камп Ноу
А за уклучувањето во
живо специјално купив припејд број на водафон со 1.5 гигабајти интернет.


Преубаво си поминав! Мислам дека не можеше да одберам подобар момент за одење во Барселона

Едно селфи со најдобриот од утакмицата со Лас Палмас моментот кога Меси проба да даде гол од корнер
16111438_10154899303380762_1169017604_n.jpg
 
Следните 5 утакмици во лигата ...

Еибар гости
Бетис гости
Билбао дома
Алавес гости
Леганес дома

Овде мора 5 од 5 , се друго ќе биде криминално. Мора да се измотивират сега кога Реал киксна.
 
Сега кога на Видал му тргна а во средината продолжуват проблемите треба Енрике да проба со Роберто и онака лесни натпревари следуваат...
 
Мислам дека фативме моментум со утакмицата против Билбао и вчера и со комбиниран состав растуривме тим како Лас Палмас што годинава е дефинитивно една од најдобрите екипи во лигата. Стварно потсеќа сезонава на таа од пред две години, МСН влегуваат во страшна форма, се осеќа тоа кај сите тројца. Видал исто може да биде битен, доволно е само да се заменуваат со Роберто од утакмица во утакмица. Имаме невиден квалитет и го имаме дефинитивно најдобриот на светот во најдобра форма, мислам дека ќе биде забавна сезона пак. :love:
 
Немора во купот да влага 100% и да игра нон стоп фул состав... Барем таму може комбинирам состав како оној вчера.. ем 5-0 ем ги одмори Нејмар, Иниеста, Пиќе, Роберто и плус искочија Бускетс и Суарез... Со Сосиедат може Суарез, Бускетс, Маскерано и Алба да одморат, имаме квалитетни замени за сите позиции..
И да, ако им тргне на МСН, а се оди натаму, ќе биде интересно :)
 
Сезона потсетува исто и на таа кога Атлетико искористи.
Роналдо очаен, Барса топло-ладно цела сезона, сите им се смеат на Атлетико (сега Севиља), многу смешни-киксови цела сезона.
Реал е сеуште во пол-позиција, ќе биде многу забавно ако кикснат со Валенсија, ама забавна сезона не чека, ако ништо друго среќата на Зидан ваљда ја снема, интересен период е пред нас.
Плус Сосиедад во купот, рачунајте на Аноета 85% нема победа така да пак дома ќе треба да ја вадат.
 
На Аноета или цел втор состав или децата од Барса Б. Нема потреба првотимци да се мачат таму, секако не победуваме. :D :D
 
Нешто полу-сезонско резиме за Браво од експертите тука немаме? Официјално прогласена најголемата грешка на клубот шо го пуштивме него а не Тер Штеген.. Пошто не следам ПЛ баш ме интересира колку поени му спаси на Сити??
 
Нешто полу-сезонско резиме за Браво од експертите тука немаме? Официјално прогласена најголемата грешка на клубот шо го пуштивме него а не Тер Штеген.. Пошто не следам ПЛ баш ме интересира колку поени му спаси на Сити??
Абе океј е дека не е во форма, брат. Ама, не е во ред да се радуваме дека не му оди. Тер Штеген беше секогаш подобар и за мене, ама Браво ни помогна многу за освојување на две лиги и треба да се респектира, имаше прејаки утакмици за нас.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom