Фан Клуб: Барселона

  • Креатор на темата Креатор на темата Serpico
  • Време на започнување Време на започнување
Значи овака...
Денеска најголеми кривци за поразот беа
Штеген - знаев дека кад тад, германецот ќе направи ваква почетничка грешка, да се смее човек 10 дена ....
Бускетс - не знае каде тера уште од почетокот на сезоната... Тапа е. Од претходните сезони Б од Бускетс не гледаме во овие почетни кола од сезоната.

Енриќе нема да го бранам ниту напаѓам. Не е тој крив што Бускетс не знае кај тера, и Штеген прави киксови шо мало дете нема да ги направи. Единствена замерка му е што не почна со Иниеста од прва минута....

Ете лани не ротираше игравме во првиот дел од сезона горе доле со најдобрите 11... После нова година видовте што се случи. За малку ќе ја изгубевме и титулата во Ла Лига...
За разлика од ланската сезона, во неговата прва сезона, кога ротираше на секоја утакмица, кога сите го пцуваа и кога почна во вториот дел од сезоната со иста 11ка, ама само затоа што таа 11ка беше свежа, освоивме триплете. Така да ајде да почекаме до крај на сезона, па да даваме коментари за Луис Енриќе, дали е матрејал за Барса или не. А можеби и ние треба да се пријавеме за тренери, нели Барса без тренер игра уште од времето на Пеп....
 
Незнам што да кажам после ова,па се излегува ли бе на вакво гостување без најдобрите двајца во среден ред, плус тоа после овој меч има репрезентативна пауза, за кај ли ги чуваше Иниеста и Ракитиќ не ми е јасно, и со кој памет го игра Матје пред Маскерано незнам.. со екипа како Алавес направи вакви ротации и тоа на домашен терен и на крај му се удрија од глава и повторно не се свести и ја прави истата грешка.. па мислам дека да беше животно ќе сватеше, али очигледно не и Лучо.. 1. За Бускец нема што да се каже од почеток на сезона е невидлив и нигде го нема, после паузата што следува во Ла Лига ако се врати Умтити до тогаш би го играл назад со Пиќе, а Маскерано на позиција на Бускец или евентуално Гомес.. мора да остане неколку меча на клупа Бускец и да се освести малце.. 2. Да не беше глупавата грешка на Тер Штеген 90% сум сигурен дека вадевме барем бод до крај, али кај бевме и така утепани Тер Штеген со неговите глупости само не дотепа до крај.. и да моментално Туран напред на крило е Меси за сите останати..
 
Не знам што се случува со Бускец од почетокот на сезоната, ама ова ич не оди на добро... Кога веќе Лучо е толкав мераклија на ротации и експерименти, нека го стави еднаш Маскерано во средината, и онака ДМФ му е природна позиција...

А Лучо како да почна да се губи оваа сезона. Како да не е ова истиот човек што пред година и пол освои ЛШ. Ми делува како некој почетник случајно залутан во голема екипа. Толку непотребни ротации, толку погрешни потези....

Тер Штеген може да не’ кошта многу бодови оваа сезона, далеку е тој од Браво, дури сега ќе излезе на површина целиот негов (не)квалитет. Значи не ми е јасно како 20 години екипа од калибар на Барса не најде идеален голман. Од Витор Баиа наваму ништо. Валдес ќе остане во сеќавање, пошто беше дете на клубот и играше во златна генерација, ама да не се лажеме, никогаш не стана првокласен голман. Браво не се задржа доволно долго. Пред нив се редеа или пропаднати голмани како Дутруел и Бонано, или добри голмани кои не се снајдоа во Барса (како Рушту). Германчево за жал може да влезе во друштво на овие имиња....
 
На мене ми е жал само заради тоа што Селта сношти можеше да биде буквално демонтирана да излеговме со состав како шо треба. Барса ја имаше можеби најбедната партија после двомечот со Баерн кога ни набутаа 7 , и пак успеавме да им дадеме 3 гола во едно полувреме. Друга песна ќе се пееше ако стартуваше со Иниеста Ракитич и Маске , и Арда на крило. Колку и да не е во форма Маскерано , класи е над Матје.
 
Шо знае нека прави Енрике во лигата и купот, во ЛШ сакам најјак состав, мора финале годинава :)
 
Според логиката шо ја користи , најверојатно е у купот да излезе со најјак состав. :unsure:
 
45 утакмици по сезона за Бускетс од 2008 коа почнал да играл, кога и да сум глеал Барса секогаш по 90 минути играл, никад одмаран, никад ротиран епа кога тогаш ќе издиши и он, не е супермен па таков форс да му се мава.

Некоја моја логика ти е ова пошо се прашувате зашо е очаен ама не мора да значи дека е точна секако.
 
45 утакмици по сезона за Бускетс од 2008 коа почнал да играл, кога и да сум глеал Барса секогаш по 90 минути играл, никад одмаран, никад ротиран епа кога тогаш ќе издиши и он, не е супермен па таков форс да му се мава.

Некоја моја логика ти е ова пошо се прашувате зашо е очаен ама не мора да значи дека е точна секако.
Може и поише пд 45 + и за репрезентација е стандард 90 мин.
Сеа со Хомеш ќе ротираат малку до нова година после у вториот дел пак ќе го зацементираат.
 
Цела игра највеќе ни зависи од формата на Бускетс. Не случајно на прашањето кој е незаменлив играч и за Барселона и за Шпанската репрезентација и Енриќе и Пеп претходно и Дел Боске имаат изјавувано дека Бускетс нема замена.... Мислам дека е најдобриот и најинтелигентен ДМФ шо икад заиграл фудбал. Единствена надеж за негова замена гледам во Серџи Сампер, во никој друг ....
 
Алба е сменет во 22 минута , повреда изгледа.
 
Пике нешто ја спукал со шпанската федерацијата и најавил дека после СП 2018 се повлекува од репрезентацијата.
 
Пике нешто ја спукал со шпанската федерацијата и најавил дека после СП 2018 се повлекува од репрезентацијата.

Со федерацијата нема ништо, тие го подржуваат.

CuXEkkVWgAEW0IO.jpg


На мечот против Албанија го скратил дресот, а гомнојадците одма го критикуваа демек ги сечел боите на знамето на Шпанија од ракавите.
Ама боите на Шпанија ги има само во дресовите со кратки ракави, а овие долгите ги немаат тие бои. Истово како и Пике го правеле и други играчи ама никој ништо не рекол.

Spanish federation has confirmed that long-sleeved shirts don't have any national colors on it. Pique cut them short for comfort. [@rfef]

Еве како изгледа дресот со кратки ракави:
CuWX9PzWEAA6AHD.jpg


Ете како изгледаше дресот на Пике:
CuWThxFWYAAkU-p.jpg


Или ете во една слика каде е разликата:
CuWm6OzWAAE_q5z.jpg
 
Епа ваљда за тоа се лутат, зошто не земал дресови со кратки ракави (на кои има знаме), туку земал на долги(без знаме) и ги скратил?!?!
Како и да е, глуости. За какви банални работи се замараат шпанците, мислиш во Маќедоња се случува ова....
 
Со Депортиво сакам:

Тер Штерген
Алекс Видал - Пиќе - Матје - Диње
Рафиња - Раќитич - Гомес - Туран
Суарез - Нејмар

Бускетс и Маскерано нека одморат играа по 180 мин. за репрезентациите.
Повредени се Алба, Силенсен, Роберто...
На клупа Меси, Пако, Денис, Умтити, Иниеста, Матип.. исто и Марлон може да го земат од Б тимот.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom