Z
zmej gorjanin
Гостин
Не изигра Реал ништо, тоа е точно за прво полувреме, ама ни Барселона не изигра ништо цела утакмица. Освен поседот што беше на ваша страна, ништо друго не беше. А да се праи муабет дека Валенсија од еден шут дала два гола е без врска, кога не знам кој беше вчера не ја зафати топката и пропушти празен гол за 3 - 1, по што и Пике промаши, иако тоа уште не ми е јасно како може да се промаши.Бокица, едноставно е бе друже, се ова што го изгуби Барса е само нивна кривица, на никој друг. Нити Реал изиграа нешто спектакуларно на Кампот, нити Атлетико нешто поразлично во однос на 6-те порази по ред кои ги имаа од Барса, ниту Валенсија и Сосиедат одигра бриљантно. Барса беше мизерија, но не заради нив туку заради самата себе.
Вчера додуша Барса и не беа лоши како на претходните утакмици, уште во првите 15 минути можеа да ја решат утакмицата, ама јеби га, оваа утакмица беше од оние што среќата ти го свртела грбот, од една ипол шанса у 1 полувреме Валенсија постигнаа 2 гола, Барса на цел меч имаше 7/8 добри шанси, 3 да реализираа ќе ги лапнеа 3-те бода.
Муабетов твој е дека тимовите да излагале со другачие пристап Барса немаше да постигне ништо од сево ова.
Ако идеме по таа логика,твојава констатација тогаш ќе важи за сите поголеми тимови, и Реал и Баерн и ПСЖ, итн..
Во секоја сезона Барса има кризи во одреден период. Е сега, се деси во најлошиот период за нив што можеби ќе ги кошта титула,но ни ти ни никој неможе да им оспори дека играа бриљантно во најголем дел од сезонава.