Еве вака. За една недела се одржуваат избори на кои се бира претседател на клубот. Има 4ца кандидати, но се очекува битката да се води главно меѓу актуелниот претседател Бартомеу и поранешниот претседател Лапорта, кој оваа функција ја изршуваше од 2003 до 2010 година. (најново што прочитав е дека Лапорта им нудел на другите двајца кандидати да настапуваат заедно како еден кандидат, со цел да се зголемат шансите да го симнат Бартомеу од позицијата која тој ја извршува после оставката на кретенот Росељ)
Овие избори се едни од најочекуваните досега, не само во текот на кампањата, туку уште од пред година ипол и повеќе, кога навивачите постојано покажуваа незадоволство од страна на актуелното раководство(Росељ и Бартомеу). Кога конечно Росељ си поднесе оставка, сите очекувавме избори, ама наместо тоа, во претседателската фотелја седна неговата десна рака Бартомеу. Сите бевме против него на почетокот и се бараше од него да се распишат предвремени избори. По ланските засилувања(Матје, Вермален, Ракитич, Суарез, Рафиња, Деулофеу) отпорот против Бартомеу малку стивна се до декември/јануари, кога клубот западна во резултатска криза и барањата за оставка и избори стануваа се поголеми. Тоа резултираше со отказ за спортскиот директор Зубизарета, со заминување на Пујол од клубската администрација, но не и со оставка на Бартомеу. Наместо тоа, Бартомеу соопшти дека ова лето ќе има избори за претседател.
И тогаш веќе сите го видоа крајот на Бартомеу, огромен број навивачи бараа Лапорта да се врати во клубот. Лапорта го прифати предизвикот и соопшти дека ќе влезе во претседателска трка на лето, со оглед на тоа што најголем дел од навивачите го сакаа него за нов претседател, а подршката за Бартомеу беше минимална.
Но, од јануари наваму, се случи тоа што се случи, тимот влезе во страшна форма, играчите се воиграа, почнаа да мелат се пред себе, клубот освои тројна круна, т.е. се што можеше да се освои досега.
И во тој момент, работите се сменија. Сега гледаме дека Бартомеу е повторно фаворит(не изразит фаворит, ама има повисок рејтинг од Лапорта) и мислам дека ќе победи на изборите.
Што мислите за ова? Дали Бартомеу заслужува да продолжи да го води клубот, или пак навивачите(socis) на Барселона многу бргу забораваат(после оваа тројна круна), па иако пред само неколку месеци се бараше заминување на Бартомеу и враќање на Лапорта, сега повторно Бартомеу ужива поддршка од огромен број фанови. Дали Бартомеу има заслуга за освоените трофеи оваа сезона, или таа заслуга е само на играчите и стручниот штаб?
