Околу трансферите на лето т.е на зимо.
Голманите ни се обезбедени, за тоа не се праи муабет.
Одбрана, ако се продолжи договорот на Алвеш уште на две години, јас сум за да се избркаат Монтоја и Даглас и да се донесе некој млад преспективен, пример Фабињо од Монако и да ротира со Дани и да зема искуство. Левата бековска ни е добро покриена, ма да мислам дека може боље замена за Алба од Адриано, али тука не би дирал ништо. Да напоменеме тука е и Матје. Штопери, ако се врати Вермален летово у посакуваната форма од Арсенал би имале одличен тандем со Пиќе. Бартра полека но сигурно собира искуство, и тоа е добро. Матје е одличен, брз за неговата висина одличен со глава и не е некој киксер, слободно може да кажеме дека ни ја донесе титулата у ЛаЛига со голот против Реал и Селта Виго. Тука е и одличниот Маскерано.
Средина, е тука е проблемот. Раќитич добро се уклопи у првата сезона. Чави најверојатно заминува, Иниеста е во години и ја нема веќе таа претпознатлива форма иако сега во последните натпревари ја врати малку од малку. Тука е и Рафиња. Ја би да се врати Денис Суарез од позајмица, а во спротивна насока да оди С.Роберто и уште една замена за Чави, по можност тоа да не е Пјанич како што се споменува. Ја би Погба, Коке, Гундоган, па може и Херера од Манчестер. ДМФ стандард, Бускетс, Маскерано и по потреба Раќитич. Оваа сезона очекувам повеќе шанса да добива и Сампер.
Напад, Меси, Суарез и Нејмар недопирливи. Мислам дека после титуливе Педро ќе сака да си замине и да се проба во нова средина. Замена за него може да се Тељо и Делофеу, ама мислам дека ако можр треба да се донесе Ројс. Видовме сеа на последниве мечеви Енрике пробуваше и 4-4-2 со само двајца везњаци. Може и некоја 9ка во поодминати години за замена на Суарез, пример Гомез. Ако не се донесе некоја ѕвезда и Сандро и Мунир ќе добиваат шанса.
Да го реземирам моето мислење:
Аут: Монтоја, Даглас, Чави (пензионирање), С.Роберто, Педро..
Ин: Фабињо, Денис Суарез, Погба/Коке, Делофеу/Ројс...
Браво/Тер Штерген
Алвеш/Фабињо - Пиќе/Бартра - Вермален/Матје/Масче - Алба/Адриано
Бускетс/Масче/Сампер
Раќитич/Рафиња - Иниеста/Погба/Д.Суарез
Меси/Ројс - Суарез/Сандро - Нејмар/Мунир