Фан Клуб: Барселона

  • Креатор на темата Креатор на темата Serpico
  • Време на започнување Време на започнување
Абе каков Клоп, ја искрено не ни размислувам на нов тренер. Лучо си е топ. Си експериментираше на почеток што е и нормално, ипак нов тим, а и на голем ризик е водење тим од рангот на Барселона, али после Атлетико си ја погоди правата 11ка и си ја фура до крај. Друга многу битна работа откако е он тренер. ПРЕСПРЕМНИ се играчите кондициски, нешто што фалело изминативе години со оглед на тоа што последните 11-12 кола паѓаме. Се борат на 3 фронта, а тимот е речиси секоја утакмица ист, со 2-3 рокади што речиси воопшто и не се забечежуваат на терен.
Се знаеше уште од старт каков лудак е Лучо, дека е маратонец, дека има пешачено сам у пустина, ама не очекував дека за 1 сезона ќе успее толку да ги спреми. За разлика од лани кога Меси едвај се движеше на терен, сеа гине секоја утакмица.[DOUBLEPOST=1431134240][/DOUBLEPOST]
Абе каков Клоп Енрике си е одличен, Меси е пак тој стариот Пике годинава е одличен еве на крај сезона и Иниеста и Дани се вракаат во форма не го даваме Енрике ги уигра Меси Нејмар и Суарез башка знае точно какво засилување да земе, Ракитич благо речено е грабеж за Браво и Тер Стеген немам зборови а и незнам дали некој примети ама за разлика од Барса на Пеп оваа Барса без никаков скандал стигна до тука може прекарот ке ни го тргнат :vozbud::vozbud::vozbud:
Ете ми истомисленик додека го пишував ова моево си пишал ти у меѓувреме, не ми е ништо копирано жими се :D
 
дојдов до информација демек Ливерпул сакале Монтоја да го земат а кога веке зимаат може и Роберто да им го дадеме за некоја симболична цифра
 
То Монтоја и Педро всеки трансферен прозорец ги спрјагат за продаване,ама Монтоја мај е единствената алтернатива на Дани Алвес,а Педро трудно ште се пребори за мјасто с триото отпред - МСН.
 
То Монтоја и Педро всеки трансферен прозорец ги спрјагат за продаване,ама Монтоја мај е единствената алтернатива на Дани Алвес,а Педро трудно ште се пребори за мјасто с триото отпред - МСН.
Македонски форум, друже. :kuracc:
 
Тоа е однапред договорено, освен ако не се смени договорот, веројатно постигнат помеѓу играчите и управата за смена на Енрике после оваа сезона. Не заборавајте како фамозно после лошите игри заиграа 3 нивоа повисоко. Го правевме муабет тоа овде на форумов, играчите се во ладни односи со Енрике, најверојатно поради многуте ротации и измени во составот секоја утакмица, се до пред денот кога падна ваков договор. Чави е лидерот кај играчите и тој не добиваше минутажа решиси воопшто, покрај него и Меси беше незадоволен, така што управата немаше друг избор освен да им вети нешто што го посакуваат.
Е сега доколку се освојат барем 2 титули мислам дека ке го сменат мислењето и ќе остане Лучо барем уште една сезона, иако според мене желбата и мотивацијата играчите ја пронаоѓаат во гладта за титули, а не од Енрике.
 
Друже,каква е таја злоба ?
Официјален јазик на форумот е македонскиот, а препорачливо е користење на кирилица. Сите пораки напишани на странски јазик ќе бидат избришани, а членовите ќе бидат опоменати дека ги прекршуваат правилата.

http://forum.kajgana.com/help/terms

Ајде магла.:blablab:[DOUBLEPOST=1431164233][/DOUBLEPOST]
:icon_lol:
 
Последно уредено од модератор:
Тоа е однапред договорено, освен ако не се смени договорот, веројатно постигнат помеѓу играчите и управата за смена на Енрике после оваа сезона. Не заборавајте како фамозно после лошите игри заиграа 3 нивоа повисоко. Го правевме муабет тоа овде на форумов, играчите се во ладни односи со Енрике, најверојатно поради многуте ротации и измени во составот секоја утакмица, се до пред денот кога падна ваков договор. Чави е лидерот кај играчите и тој не добиваше минутажа решиси воопшто, покрај него и Меси беше незадоволен, така што управата немаше друг избор освен да им вети нешто што го посакуваат.
Е сега доколку се освојат барем 2 титули мислам дека ке го сменат мислењето и ќе остане Лучо барем уште една сезона, иако според мене желбата и мотивацијата играчите ја пронаоѓаат во гладта за титули, а не од Енрике.

Воопшто не се согласувам со твоето мислење, ти како што пиша испаѓа дека моментално играме како без тренер ... НЕЕЕ БРАТЧЕ, не е така !!! Енриќе е тој кој ја воведе оваа дисциплина во соблекувалната , ако некој е виновен за ова што го постигна клубот до сега е само тој и никој друг !!!! Лани Меси си го ладеше, Пиќе излагаше на утакмица како на тренинг, зошто сега не е така , зошто ? Затоа што Енриќе уште кога беше назначен за тренер на првата екипа јасно и стави до знаење дека тој е ШЕФ, а не Меси или рајко .... Тоа незадоволство беше затоа што играчите се понашаа како они да се главни, а сега Лучо ги стави во ред. Затоа беше тоа незадоволство... А дали си се запрашал, ако не беа тие ротации дали во овој клучен дел од сезоната ќе беа сите здрави играчи или ќе бевме бетер Баерн ....

П. С Со Сосиедат : : Bravo; Alves, Piqué, Bartra, Adriano; Mascherano, Xavi, Rafinha; Messi, Neymar y Luis Suárez.
 
Последно уредено:
Само Суки да не се изглупира да добие жолт денес.
 
Си заслужи Енрике уште една сезона во Барса. Денес против ривалот што можеше да го кошта отказ уште пред 3 месеци. Одлична одлука пак како и во минатите кола да го одмара Ракитич очигледно е дека одлично му дојде тоа.

Тер Штеген има речиси совршени физички предиспозиции за голман, а не е лош ниту со техника. Доколку се развива во правилна насока мислам дека за 2-3 сезони ќе имаме голман за наредните 10.
 
:sekcza:

Солидна утакмица вчера, не им се играше нешто посебно, онака рутински. Рафиња одлично изигра, колку е само добар за чување резултат, топка само со прекршок му се зема и не ризикува со пасови.

Имаме шанса да му вратиме на Атлетико за лани, на нивен терен го креваме трофејот!

VAMOS TAMOS! :oleee::oleee:
 
1/6 сеа за сеа.
Нека се испукаат уште сеа со Баерн и Атлетико и после комотно нека однараат до 30ти. Финалето на купот. Само да нема повреди лесно ќе земеме тројна :)
 
Барса поарно Диего Алвес да го плајча него Вермален :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom