Претеравте со очекувањата, оладете под итно.... 1-2 победа во Манчестер = одличен резултат... За промашениот пенал на Меси, се дешава, ама пак ќе кажам имаме одличен резултат пред реваншот....
Очекувања се пред натпревар, после натпревар се факти.
Факт е дека натпреваров требаше подобро да заврши за нас, Сити се на се играше некои 15-20 минути, во остатокот ние го водевме орото. Уште во прво полувреме требаше да ја завршиме работата, да не зборувам за после црвениот на Клиши кога можеше да притиснат малку и да одиме на уште еден гол. И тој гол ќе дојдеше, ете го пеналот, ама бидна шо бидна таму, Меси дефинитивно мора да поработи на тој аспект, веќе пенал кога ни свират не сум нешо воодушевен од тоа.
Резултатот е повеќе од добар, победа на Етихад од 1-2, значи дека на Кампот треба да примиме минимум два гола за да отпаднеме, што ќе е малку потешко, ама со играта денес требаше лагано да ги преслушаме без примен гол, а со 3-4 дадени.
Голманите ги коментиравме прееска со
@Hank Moody, Браво е моментално постабилен и подобро решение, ама на долги патеки Тер Штеген се исплати страшно многу, не смеат да го испуштат како Тиаго. Има одлично позиционирање, сега годинава направи неколку киксови, тоа да, ама пак, полека, млад е, ако продолжи да се развива како досега, обезбедена е таа позиција за следните 10-15 години.