Мислам дека полека го губиме иденитетот..Сето она што не красеше во златните години и се создаваше долго полека но сигурно исчезнува..Дали еден фан знае да наброи единаесетмина кои заедно играле на 3 натпревари сезонава..? Кога ќе погледнам наназад останувам зачуден од фактот дека веќе петта година немаме позначаен успех..Нецели 5 години бараме барем еден натпревар да изиграме како во сезоната кога сите ги победувавме како од шала...Јасно ми е дека тоа помина, но сеуште тоне екипата...Не сме веќе ни во топ 5 екипи во Европа, и да победевме ќе го имав истото мислење...Сигурен сум дека постојат 5 екипи (ако не и повеќе) кои можат во секој момент да не поразат.Многу луѓе треба да си заминат од клубот, почнувајќи од управата,па потоа Енрике и дел од играчите...Тимот нема свежа крв, нема нова мотивација..За тоа можеби е потребен нов стил на игра, нов пристап, многу похрабар и потемпераментен..Потребен е и капитен кој ќе биде вистински борец..Очекувам уште следниот натпревар бели марамчиња на Камп Ноу..Можеби тајмингот не е соодветен за некои големи промени поради банот, но од некаде треба да се почне, затоа што како што кажав сите фанови ќе треба да се задоволиме со многу помалку од она што сме навикнале..Треба да се повлечи линија, убавите години да се остават назад во историјата, и да се почне од нула, револуција како во времето кога во клубот дојде Роналдињо...