Фан Клуб: Барселона

  • Креатор на темата Креатор на темата Serpico
  • Време на започнување Време на започнување
Шпанскиве коментатори ко се запнаа за црните копачки на Дани..
Роберто и Сампер изиграа одлично полувреме.
Нејмар изреагира како кретен во онаа ситуација.
 
With 2 goals and 4 assists, Lionel Messi has been directly involved in 6 of Barcelona's 7 goals this season
Туку слабо шанси создавање, Чави е далеку од стариот Чави, Сампер и Роберто не можат да ги проигруваат Меси и Нејмар. Ако Меси не дојде да земе топка застанува цела игра. Мунир исто како да го нема...
Ракитиќ мора, да се заигра во средина инаку една глупава грешка може многу да чини.
 
Бледо прво полувреме, нема агресивност. Нејмар ептен долго ја држи топката.
 
Овој состав треба против Еибар, Хетафе, Кордоба на Кампот да се тера не на ЛШ утакмица ама ај, факт е дека Лучо ќе ги форсира.

Па искрено, ако ни се битни трите бода ни против тие не би ги ставил у прва 11-ка.

Сампер неколку основни паса од трема згреши по кои сериозна екипа можеше и те како опасна контра да направи. Роберто киксна на една лесна топка исто по која можеше да бидеме загрозени. Еден асален пас не пуштија до напаѓачите.

На сите ни е мило што имаме многу фудбалери од кантерата, што целокупно им се дава доста простор на младите во прв тим, али кочи малце пријателе, супер е на добиена утакмица или утакмица на која не ти се битни бодовите да ги пуштиш да билдаат искуство и самодоверба, нека добиваат шанси, но не и на утакмица у прво коло ЛШ каде ти се битни трите бода.
Стај го на 2/3-0 а не неколкумина од прва минута у почетна 11-ка.
Ете, тоа резултираше со само една шанса у прво на Кампот против факинг Апоел.
 
Ептен слабо, не ми се допадна вечерва.
Единствена светла точка беше Сампер, кој изигра многу добро со оглед на тоа што дебитираше во првиот тим. Одбраната немаше работа на овој натпревар, нападот потфрли, Нејмар ептен претеруваше со задржувањето на топката, на Меси ништо не му одеше.

Се на се слабо изигравме.
 
Абе ова ми е чиста намешталка. Цел свет 3+ ја играл утакмицава, немојте да се грижите за вечерва :D
 
Од една страна е убаво тоа што Лучо им дава толкава минутажа за докажување на младината, од сите тренери до сега.. се гледа дека има мадиња. Од друга страна само да не продолжи со ова темпо и во ова натпреварување. Се гледа дека имаат трема и се тресат на терен, доволен е еден кикс и да се реши утакмицата. Сега со Апоел добро пројдовме, ама што ќе биде ако продолжи да ги става и со Ајакс и Псж што воопшто не се екипи за потценување.
 
Најдобро е добар резултат со добра игра, ама кога би морал да изберам само едно од двете ,секако ќе изберам поволен резултат без некоја убава игра, отколку убава игра без резултат.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom