Фан Клуб: Барселона

  • Креатор на темата Креатор на темата Serpico
  • Време на започнување Време на започнување
Шо знам, според мене Силва има покапитенска фаца од Нејмар :D
Рано му е на Нејмар за капитен, нека почека уште едно СП да помине, после може.
 
Го критикуваше Дунга во неколку наврати Нејмар, за тоа дека сеуште не бил ѕвезда и дека не е на нивото на кое што може да биде (што според мене е вистина) и сега кога стана селектор го става капитен. Типичен kiss ass потег од тренер кој според мене нема капацитет да се справи со колективното его на играчите и притисокот кој го наметнува самата работа.
 
Што се сработи летово

Bwfl8W3CMAA1xrD.jpg
 
Го критикуваше Дунга во неколку наврати Нејмар, за тоа дека сеуште не бил ѕвезда и дека не е на нивото на кое што може да биде (што според мене е вистина) и сега кога стана селектор го става капитен. Типичен kiss ass потег од тренер кој според мене нема капацитет да се справи со колективното его на играчите и притисокот кој го наметнува самата работа.

Изгледа не го памтиш Дунга како капитен на Бразил.
Не сум упатен во ова со Силва и Нејмар, али Дунга е све, само не ass kisser.
 
Мислам дека само за овој нтпревар го поставил капитен и дека сеуште не е одлучено кој ќе биде постојан капитен.
 
Ако го ставил капитен за овој натпревар океј. Ако му ја дал таа одговорност за стално, тогаш неможам на друг начин да го окарактеризирам потегов.
 
2010 Пеле лично го замоли Дунга да го земи Нејмар во составот.. нормално не го зеде се одлучи за Нилмар, Графите и остала багра.. сега капитен го клава.. хаха абе каде со вакви газо лизачи
 
Мунир е повикан за сениорската репрезентација на Шпанија :vozbud:
Диего Коста е повреден и на негово место, за натпреварот против Македонија, повикан е Мунир.
Ќе го себат детево, уште од 19 години притисок му набиваат. Да не го направат новиот Кркич.
 
Денес некој да биди повикан за репрезентација на 18-19 е чудо над чудата а ко ќе ми текни Меси шо праеше на таа возраст..


нормално меси е единствен ама just sayin'

Како вчера го памтам првиот натпревар на Меси за Барса во сезоната 2004-2005..Во тоа време сите бевме загреани со Роналдињо, фудбалот како одеднаш да стана најреволуционерната работа на светот. Ретко кој имаше интернет, па затоа излегуваа фудбалски списанија кои редовно ги купував. Едно од нив беше и Македонски, мислам дека се викаше Фан Фудбал, ако не се лажам. Како и да е името не е битно. На насловната беше еден млад играч, дете, сликан со дресот на Барса за сезоната 2004-2005.Пишуваше дека "Марадона секогаш се јавува кај младите таленти за да им даде поддршка, таков повик неодамна добил Лионел Меси, чие време допрва доаѓа..." Следната сезона Барса газеше се пред себе, дуото Роналдињо Ето беше нешто невидено. Натпревар со Челзи, нокаут фаза на Лигата на Шампиони. Омразата и тензијата меѓу двата клуба беше огромна. Додатно тие го изораа теренот и го направија како нива, за потешко да ја играме нашата игра. Но ништо не можеше да застане на патот на Барса. Меси имаше нецели 19 години, беше како динамит. Буквално ги излуди Тери и Дел Орно. До ден денес немам видено толку груби фаули и стартови врз дете...Дел Хорно плати со црвен картон, а Челзи имаше многу среќа тој натпревар што не заврши 1-3, кога Меси со одличен удар од далечина ја погоди пречката...Осум години поминаа од тогаш...а тој е сеуште е на врвот...Понекогаш си велам себеси: "Будало една воопшто не се разбираш од фудбaл кога го критикуваш" Ги памтам и првите натпревари на Роналдо..Едноставно нема споредба....

 
Последно уредено:
Нејмар распалил сношти.


На Грималдо му ја смениле позицијата, во средината игра сега. :tapp:
Eusebio (coach Barcelona B): "Grimaldo playing in midfield now? It's good we have versatile players. And Lucas is doing great at left back."
 
Последно уредено:
И Емери изјавил дека е разочаран од односот на Деулофеу и дека нема да биде стартер сезонава.
Значи, Лучо бил во право кога му ја покажа вратата, има некој проблем дечкото.
 
Како вчера го памтам првиот натпревар на Меси за Барса во сезоната 2004-2005..Во тоа време сите бевме загреани со Роналдињо, фудбалот како одеднаш да стана најреволуционерната работа на светот. Ретко кој имаше интернет, па затоа излегуваа фудбалски списанија кои редовно ги купував. Едно од нив беше и Македонски, мислам дека се викаше Фан Фудбал, ако не се лажам. Како и да е името не е битно. На насловната беше еден млад играч, дете, сликан со дресот на Барса за сезоната 2004-2005.Пишуваше дека "Марадона секогаш се јавува кај младите таленти за да им даде поддршка, таков повик неодамна добил Лионел Меси, чие време допрва доаѓа..." Следната сезона Барса газеше се пред себе, дуото Роналдињо Ето беше нешто невидено. Натпревар со Челзи, нокаут фаза на Лигата на Шампиони. Омразата и тензијата меѓу двата клуба беше огромна. Додатно тие го изораа теренот и го направија како нива, за потешко да ја играме нашата игра. Но ништо не можеше да застане на патот на Барса. Меси имаше нецели 19 години, беше како динамит. Буквално ги излуди Тери и Дел Орно. До ден денес немам видено толку груби фаули и стартови врз дете...Дел Хорно плати со црвен картон, а Челзи имаше многу среќа тој натпревар што не заврши 1-3, кога Меси со одличен удар од далечина ја погоди пречката...Осум години поминаа од тогаш...а тој е сеуште е на врвот...Понекогаш си велам себеси: "Будало една воопшто не се разбираш од фудбaл кога го критикуваш" Ги памтам и првите натпревари на Роналдо..Едноставно нема споредба....

Браво за спомениве, само да те поправам Club Football се викаше списанието секој петок после школо го купував околу 100ден. чинеше :D
И една анегдота поврзана со овој натпревар, тогаш Мурињо наредил да се ископа теренот како нива, затоа што Барселона била многу тактички поткована екипа. Како и да е пак цело време поседот беше на наша страна :D
 
И Емери изјавил дека е разочаран од односот на Деулофеу и дека нема да биде стартер сезонава.
Значи, Лучо бил во право кога му ја покажа вратата, има некој проблем дечкото.
Големо его често завршува катастрофално.
 
Делофеу е еден од најдобрите млади играчи моментално.Страшен потенцијал има дечково има страшен дриблин,доста е брз,има добар шут но карактерот му е срање.Да оди во тим каде што ќе му биде дадена тотална слобода ќе го замени Роналдо.Но во тимови каде што тренерите држат строга дисциплина тешко дека ќе просперира.
Следната сезона ако биде Лучо тренер не верувам дека ќе биде стартер или ќе биде продаден за добри пари или пак ќе оди на позајмица.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom