Како вчера го памтам првиот натпревар на Меси за Барса во сезоната 2004-2005..Во тоа време сите бевме загреани со Роналдињо, фудбалот како одеднаш да стана најреволуционерната работа на светот. Ретко кој имаше интернет, па затоа излегуваа фудбалски списанија кои редовно ги купував. Едно од нив беше и Македонски, мислам дека се викаше Фан Фудбал, ако не се лажам. Како и да е името не е битно. На насловната беше еден млад играч, дете, сликан со дресот на Барса за сезоната 2004-2005.Пишуваше дека "Марадона секогаш се јавува кај младите таленти за да им даде поддршка, таков повик неодамна добил Лионел Меси, чие време допрва доаѓа..." Следната сезона Барса газеше се пред себе, дуото Роналдињо Ето беше нешто невидено. Натпревар со Челзи, нокаут фаза на Лигата на Шампиони. Омразата и тензијата меѓу двата клуба беше огромна. Додатно тие го изораа теренот и го направија како нива, за потешко да ја играме нашата игра. Но ништо не можеше да застане на патот на Барса. Меси имаше нецели 19 години, беше како динамит. Буквално ги излуди Тери и Дел Орно. До ден денес немам видено толку груби фаули и стартови врз дете...Дел Хорно плати со црвен картон, а Челзи имаше многу среќа тој натпревар што не заврши 1-3, кога Меси со одличен удар од далечина ја погоди пречката...Осум години поминаа од тогаш...а тој е сеуште е на врвот...Понекогаш си велам себеси: "Будало една воопшто не се разбираш од фудбaл кога го критикуваш" Ги памтам и првите натпревари на Роналдо..Едноставно нема споредба....