Фан Клуб: Барселона

  • Креатор на темата Креатор на темата Serpico
  • Време на започнување Време на започнување
Не биди пристрасен, 3 пати апе луѓе по теренот.

Воопшто не сум пристрасен, треба да биде казнет за тоа, ама казната не треба да биде забрана да го спомене зборот фудбал во секојдневниот живот, пример Jас не сум за да се укине казната, туку да се намали и да биде логична..
 
BREAKING: Luis Suarez has had his appeal rejected by the CAS and is suspended up to & including 25th October.
 
Барем ќе може да тренира со клубот..
 
Аκо може да тρениρа нема ниκаκов пρоблем тогаш. Апсуρдно беше што му забρанија да стапне на стадион.

Иначе испρаќањето на позајмица на Деулофеу ми изгледа деκа Κвадρадо ќе биде донесен, а Дани ќе остане уште една сезона.

Светла иднина имаме со Денис Суаρез, Сампеρ, Ρафиња, Деулофеу.
 
Добро е, барем ќе може да тренира... упм сеа ќе треба да "крпиме" со Меси у напад :icon_lol:
 
Одлична вест за Суарез, мислам дека максимум е ова што можеше да се добие и фер е за двете страни..Плус ќе биде преставен пред фановите..За Деулофеу и јас го мислам истото, сеуште е зелен за во прв тим, а очигледно Енрике нема нерви за импровизации...Како и некој што спомена погоре мислам Квадрадо доаѓа..
 
Сеа па од Спорт пишуваат дека клубот преговара со Сао Пауло за Даглас. Искрено не го знам кој е човекот, ниту дали има квалитети за клуб како Барселона, али сумата што се спомнува е одлична па не би ме чудело да го донесат него.
 
Суаρез ќе може да игρа и на пρијателсκи натпρеваρи што значи деκа ќе дебитиρа на Гампеρ Κупот.
 
Делофеу официјално на позајмица во Севиља.
 
Само Барса може Деулофеу да го пушти на лоан а на теле како С.Роберто да му нуди 5 годишен договор.
Интересни муабети се вртат на интернетов. Енрике му укажувал дека премногу инсистира на индивидуални потези и недоволно додавање.
Мислам дека детево не е за оваа тики-така на Барса која Енрике ја увежбува на тренинизи до бесконечност.
 
Реално немаше да влезе сезонава, овака ќе игра прва постава.
Ми се свиѓа одлукава мене.
 
1. Ако планираш некој да купиш, прво купи го, па после давај играчи на позајмица, пошто ако не го земат Квардадо со куро враце ќе бидиме дур се врати Суарез.. недај боже еден од Меси или Нејмар да се повреди ќе останиме со Педро и Рафиња(не го бива за крило) во нападот и Мунир од клупа :pos:

2. Ако ти е себичен играчот ќе го пуштиш во екипа во која можи да се одсебичи како шо беше лани Евертон.. Од Севиља пола тим си замина, најголеми засилувања им се Денис Суарез и Аспас. Има да се отепа од солирање во ова екипа.
Неможи да очекуваш подобрување кога од Евертон го пушташ во отепана Севиља.
 
Моментално сме само со Педро и Меси у напад. Нејмар целосно ќе се врати во септември, Суарез дури 25/26 Октомври за ЕлКласико. Ова е знак дека Квардадо 99% потпишува. Се мислам дека Енрике ќе форсира некоја друга формација (3-2-3-2).

За првата утакмица ќе го нема сигурно Пиќе кој е суспендиран, а и Вермален и Тер Штерген. Тоа значи дека би почнале со 4-3-3 формација освен ако не го игра Маскерано стопер со Бартра и Матје.
Алвеш - Бартра - Матје - Алба одбрана, Бускетс - Раќитич - Иниеста средина и у напад Меси - Рафиња - Педро, или да игра со Маскерано у средина, а Иниеста крило, ама така ич не би биле креативни.

Е сега, ако дојде Квардадо сигурно ќе бара првотимски статус, а за десен бек мислам дека е премногу офанзивен, со 3 во одбрана ќе биде катастрофа така да незнам што ќе се прави. Ја би земал класичен десен бек и би го пуштил Монтоја на едногодишна позајмица заедно со С.Роберто или би го продал Алвеш. За у напад незнам што планираат али многу се 11 утакмици што ќе пропушти Суарез. А и сега сме тенки со позајмицава на Делофеу. Нека пробаат да го земат Ето на една година, и така е без пари а и би прифатил да седи на клупа само да се врати кај нас.. ќе влага по потреба за бункер екипи.

Sent from my GT-S6500D using Tapatalk 2
 
После ова мислам дека Деулофеу нема да игра више за нас, сигурно се напиздал по ваквата одлука. Многу возбуден беше после враќањето од Евертон и сеа одеднаш позајмицава
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom