Фан Клуб: Барселона

  • Креатор на темата Креатор на темата Serpico
  • Време на започнување Време на започнување
Овие Елче се борат за опстанок, последната им е со Севиља и тоа гости. Утре сите лексилиум и дијазепам купувајте, осеќам ќе ни треба.
Шо бе утре? Недела. Или не работат аптекиве во недела? :D
 
Овие Елче се борат за опстанок, последната им е со Севиља и тоа гости. Утре сите лексилиум и дијазепам купувајте, осеќам ќе ни треба.

Среда сме денеска, чувај си ги апчињата за недела :icon_mrgr:
 
прееска прочитав изјава на анчелоти, во врска со барселона и како би изиграле во последно коло, дали барселона би оделе на победа или би калкулирале. какво говедо е :) 100 години е тренер врвен и не научи дека не се збори за утакмица од позиција на уште две неодиграни утакмици и хипотетички израчунати победи. никогаш никогаш! увек одбиваш да збориш, даваш изјава само за наредната утакмица. ете како се враќа по глава инаку.
пелегирни убаво повторуваше деновиве да го прашуваат само за вила, за титулата и последната уткамица одбиваше да збори било што.

инаку нашиве добиваат шанса која не ја заслужија. нормално дека ќе се радувам на титулата ако ја освоиме, ама дел од мене потајно посакува и атлетико да осови дупла круна. нема тим во европа годинава што заслужи повеќе од нив.
тешка сезона имаа од многу аспекти, ама и не се за жалење за парите што ги зимаат.

не знам искрено, се радувам, ама некако и не се радувам. нека ме демантираат. нека докажат дека уште има во нив. бидејќи тимов каков што е, ова им се последните две утакимци во ваков состав.
фер инаф да се извлече таков важен трофеј во една бледа сезона, ама се што ќе остане од тој трофеј е бројка. никаков сјај. по ништо нема да се памти за две или три години..
како и да е, нека дојде последно коло, нека биде битката помеѓу барса-атлетико, за мене нема да има губитник. кој да земе ќе ми биде мило.
 
Шо бе утре? Недела. Или не работат аптекиве во недела? :D

Среда сме денеска, чувај си ги апчињата за недела :icon_mrgr:

Не работи ништо в недела кај што сум јас, што си е сигурно сигурно е :icon_lol:. Сезонава комедии, колку и да се трудат да ја изгубат секоја шанса за титула па да продолжат да мислат на СП, конкурентите како намерно ги оставаат во игра. Ако не се кренат во недела и конечно да изиграат со душа ќе биде непочитување кон фановите и клубот.
 
Озбилно. Чоло не верувам дека ќе има уште една шанса да игра финале ЛШ, а со овој состав и наредната сезона комотно може да се бори за Ла Лига. Дај нека се фокусира таму нека ги пушти тоа младинците да се израдуваме и ние сезонава на нешто освен на Класиката во Лига.
коста веќе потпиша за челзи,ќе има сигурно и други заминувања, тимот ќе претрпи измени, дали ќе надополнат ќе видиме..........главно сезонава се МАЕСТРАЛНИ тоа мора секој да го признае,гинат еден за сите,фудбалери во вистински смисол.

за барса - па да му ебам ова е тоа,камбек по изгубени секакви шанси,па ајде растрчајте се,комбинирајте и шутирајте како само вие знаете :icon_mrgr: (не сум игор трпчевски бидете сигурни :icon_lol: )
 
Еве со кого играме.
Elche - who Barca must beat on Sunday - are unbeaten at home in their last nine games, and have only conceded two goals in those nine games.

Освојување титула значи спас за Бартомеу и Зуби од лошата сезона, радост на фановите, последна титула на Валдес и Пујол. Губење титула значи целата вина оди кај Тата. Е таква гнасна управа го води тимов.
 
Само Меси да побудали последниве два меча , ништо друго . :D
 
И плус Елче немаат пораз на домашен терен од 20ти декември 2013та. :cautious:
Да се надополнам, Елче немаат пораз на домашен терен од 20ти декември минатата година и од тогаш имаат примено само ДВА гола на домашен терен.
 
Елче ќе го тепаме и тоа убедливо,а со Атлетико мислам дека еден гол ќе одлучи.Сега ќе видиме дали ја заслужуваме титулата или не.Како и да е,ваков возбудлив развој на настаните можда и немало до сега во Примера (y)
Да се молиме Меси да се разбуди малце;)
 
Ако го тепате Атлетико последно коло ШАМПИОНИ сте?
 
Елче секако ги тепате не се тема на муабет они :icon_lol:
Доста бе ебате тоа малерите, доста :)
Ќе барам од модераториве да ја заклучат темава, да ја отклучи после утакмицата со Атлетико
 
Незнам како сите ги отпишавте Елче... искрено мене повеќе ми е страв од Елче,отколку од Атл.Мадрид,две шанси веќе прокоцкавме за титулата,ни дадоа и трета шанса,а дали ќе ја искористиме таа останува да видиме, се надевам дека сево ова ќе им биде доволен мотив на играчите,дека ќе ги тргнат настрана сите работи што ни се случија,и ќе изиграат како што тие знаат и ќе го остават срцето на терен.. :D
 
Ај ај ај ебење.... како сме со повредени играчи? Нејмар ќе се врати и Пиќе?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom