Фан Клуб: Барселона

  • Креатор на темата Креатор на темата Serpico
  • Време на започнување Време на започнување
Последниве случувања доведоа до тоа да и покрај укажаната шанса, играчите немаат мотивација за да ги одиграат последните натпревари со 100% од своите можности.
Да беа други околностите, наредниот натпревар(гостување кај Елче) ќе гледавме демонстрација на сила од страна на нашите, имаше да ораат по теренот. Меѓутоа, нашиве повторно ќе играат незаинтересирано, без мотивација, дури и мислам дека ќе кикснеме на тоа гостување и во последно коло ќе има 2 опции: или ќе бидеме принудени да им ја поклониме титулата на Атлетико, или ќе има пасиљо доколку Атлетико ја осигура титулата во претпоследното коло.
 
Енрике е нов тренер на Барса...не ми се допаѓа искрено... :facepalm:
 
Зубизарета(плус уште двајца од клубот) и Луис Енрике одржуваат состанок. Има и фотографии на Спорт и Мундо Депортиво, така да не е непроверена информација. Мислам дека веќе е повеќе од јасно. Луис Енрике, клупската легенда е новиот тренер.
 
Повторно именуван тренер од немоќ да се донесе проверено име, како што веќе направије предходно со Тито и Тата
 
Сетете се само дека и Пеп дојде како анонимец на тренерско место без притоа никакво искуство на таа позиција. ;)
 
Едино што ми се свиѓа е што рано се реши прашањето околу тренерот па можеби него ќе му дадат сам да си одбере трансфери.
 
Сетете се само дека и Пеп дојде како анонимец на тренерско место без притоа никакво искуство на таа позиција. ;)
Правиме споредба помеѓу Пеп и Луис Енрике. Има разлика.
 
Сетете се само дека и Пеп дојде како анонимец на тренерско место без притоа никакво искуство на таа позиција. ;)
Во право си Пеп беше анонимен тренер без искуство. Луис Енрике е веќе "докажан" тренер со три тима зад себе Барса Б, Рома и Селта. Заедничко за нив е што со ниту еден нема голем успех. Заклучок: Луис Енрике не е за Барса. Нема капацитет. Ако Енрике знаел нешто ќе покажел до сега, ќе створел резултат, титула, рекорд, систем кој само тој го пратикува, негова филозофија.
Ако Барса оди на шемата од секој поранешен играч да вади тренер, тоа е најлош потег. Пеп е еден во 100 такви. Тешко да извадат некој како него. Ќе си признаам ако погрешам за недовербата за ова што го пишувам ако Енрике ме демантира на крај на сезона. Но се сомневам дека ќе се случи тоа.
 
Мадридските весници уплашени дека Зубизарета и Луис Енрике имаат средба на шест дена пред натпреварот Селта-Реал. :ROFLMAO:
 
Па 8мо место на 2 кола до крај во Примера и не е така лош дострел, со оглед на играчкиот кадар на Селта каде што главните играчи што доминираат се од школа на Ла Масиа и кои досега ниту еден од нив не добил посериозна шанса у А тимот. За неуспехот со Рома не сакам ништо да зборам, можеби и премногу се очекувало од него, а и реално преголем чекор е од тренер на Б тим во Сегунда да преминеш во тим со амбиции за ЛШ во Италија. Ќе видиме што ќе се дешава понатака, али ко за почеток се надевам дека на сите ќе ви даде барем мал знак на демант викендов против Реал.
 
Бразилските медиуми пишуваат дека готова е работата со Давид Луиз..Се било договорено, останува уште потпишувањето на договорот кое ќе биде пред Мондијалот. 5.5 милиони евра по сезона и цена на трансферот од 25 милиони евра..Колку има вистина во ова...?
 
Каталонски медиуми пишуваат дека договорот е постигнат. Луис Енрике кажал 'да' на понудата. Побарал Пујол да му биде асистент.
 
Со Тарзан ќе се добие многу, треба да ги шамара ако забушават. Луис Енрике...мех, ќе му дадам шанса да се докаже иако не ми се допаѓа изборот на управата.
 
Луис Енрике НЕ е материјал за тренер на Барса. И следната сезона ќе ни биди срање како што оди работава, а на крај сезона повторно ќе сменуваме тренер. Станавме како Реал и Челси.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom