Тешка мизерија сме вторава полусезона. Титулата 99% е загубена. Нека се насочат кон ЛШ, мада и таму од моменталниве тимови може било кој да не исплеска, а да не ги спомнувам Баерн, Челзи, Борусија. Ништо чудно сега во среда и Сити да ни го каже вицот.
Тата НУЛА, у минус влага типчето со мотивација, епа тешко така да се победи тим на гости кој со сите сили се бори за опстанок во лигата. Искрено, сакам уште сега да добие отказ.
Ееј, 5 бода имавме предност пред Реал на полу сезоната, од утре ќе бидеме на -4, и тоа после само 7 кола во вториов дел на сезоната. Е, за тоа стварно треба да си ренген.
Повеќе од 50-% од бодовиве во вториот дел на сезонава ги изгубивме. Тука секогаш тренерот ја сноси главната кривица.
Нејќев да пишувам после победата над Сити дека ни се поклопија коцките на тој натпревар, заради позитивната еуфорија во фан клубов, глупоста на Демикелис си ја направи работата ( пенал и црвен ) а не дека Тата нешто посебно имаше удел во таа победа.
Ептен сум разочаран целокупно од тимот.