Навивач сум на Барса, секогаш ќе бидам, но едно никогаш го немам кажано..Ние сме најнеблагодарниот клуб на светот, или барем дел од нашите навивачи. Го имавме Роналдињо играше како Бог, а потоа неколку лоши натпревари и сите почнаа да мафтаат со бели марамчиња и го исвиркуваа..Тој западна во поголема криза и на крај не напушти...Потоа следуваше Ето, ни донесе две титули во Лига на Шампиони со неговите голови, следната сезона беше продаден...Претходно, многу години пред тоа, го продадовме Марадона во златните години, Фиго..Навивачите забораваат што придонел Меси за овој клуб..Но, нема да знаете да цените нешто се додека не го загубите. Меси е во мал многу МАЛ пад на формата и заситен од се...Ако поради Нејмар ја направиме таа грешка тогаш нека им служи на чест на управата и на навивачите. Тие сега добија нов идол, судејќи по овие изјави, но тој не е ни половината на најдобриот играч на сите времиња..Ќе следиме како ќе се движат работите, можеби се само медиумски игри..Но, НИКОГАШ НЕ ВЕЛИ НИКОГАШ. па така јас во блиска иднина Меси можам да го замислам во друг дрес..Сето ова што претходно како навивач го имам доживеано ми дава за право да мислам така. Го ценам вашето мислење, и се извинувам доколку не се согласувате со моето. VISCA EL BARCA
--- надополнето: 4 ноември 2013 во 16:07 ---