Фан Клуб: Барселона

  • Креатор на темата Креатор на темата Serpico
  • Време на започнување Време на започнување
Не ја гледав пак, не ни знаев дека играат во петок. Овие од Ла Лига се ненормални со распоредов крај не можам да им фатам.
За мене е нормално и очекувано Меси да падне во форма. Едноставно е човек. Не може да очекуваме од него да игра неколку сезони по ред во врна форма и секој натпревар да дава голови. Лани ја имавме таа Меси криза. Кога не играше тој сите беа тапа и се кружеше околу гол. Ама оваа година тоа среќа го нема. Има индивидуалци кои од натпревар во натпревар влагаат во форма. Нејмар, Санчез, Буски итн итн.
Во однос на шпекулациите со Педро не верувам, но факт е дека Тата повеќе го форсира Санчез кој фала богу напредува и ја среди психата. Очекувам враќање на Алба, и малку ротација на местото на Дани, едноставно мора да одмори човекот.
 
Многуи тежок натпревар, иако искрено очекував лесно да поминеме,на крајот треба да бидеме и задоволни што излеговме со 3 бода од овој меч.. Нејмар од меч во меч игра се подобро,а и Иниеста полека се подобрува,иако сеуште е далеку од неговата препознатлива форма,но со тек на време ќе се поправи и тој, Санчез само нека продолжи вака :D
 
Наводно заинтересирани сме во зимскиот преоден рок да го донесеме Итурбе од Порто,иначе настапува како позајмен играч за Верона.Хуан Мануел Итурбе од Аргентина има 20години,игра во нападот а многумина го споредувват со Меси :)
Мене ми е еден од поомилените млади играчи и би сакал да го видам во Барса (y)
 
Од кај го ископаа овој бре...
 
Cruyff, Koeman, Guardiola and assistant Rexach pose after 5-0 clasico win in 1994

BYK4PfECcAAxt05.jpg
 

Навивач сум на Барса, секогаш ќе бидам, но едно никогаш го немам кажано..Ние сме најнеблагодарниот клуб на светот, или барем дел од нашите навивачи. Го имавме Роналдињо играше како Бог, а потоа неколку лоши натпревари и сите почнаа да мафтаат со бели марамчиња и го исвиркуваа..Тој западна во поголема криза и на крај не напушти...Потоа следуваше Ето, ни донесе две титули во Лига на Шампиони со неговите голови, следната сезона беше продаден...Претходно, многу години пред тоа, го продадовме Марадона во златните години, Фиго..Навивачите забораваат што придонел Меси за овој клуб..Но, нема да знаете да цените нешто се додека не го загубите. Меси е во мал многу МАЛ пад на формата и заситен од се...Ако поради Нејмар ја направиме таа грешка тогаш нека им служи на чест на управата и на навивачите. Тие сега добија нов идол, судејќи по овие изјави, но тој не е ни половината на најдобриот играч на сите времиња..Ќе следиме како ќе се движат работите, можеби се само медиумски игри..Но, НИКОГАШ НЕ ВЕЛИ НИКОГАШ. па така јас во блиска иднина Меси можам да го замислам во друг дрес..Сето ова што претходно како навивач го имам доживеано ми дава за право да мислам така. Го ценам вашето мислење, и се извинувам доколку не се согласувате со моето. VISCA EL BARCA
--- надополнето: 4 ноември 2013 во 16:07 ---
 
Вие имате некои тешки последици.
Или се дрогирате или седите на цименто.


Не се дрогирам го кажав моето мислење..не мора никој да се согласува. И нормално дај Боже и јас да сватам какви глупости сум напишал тука еден ден
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom