Фан Клуб: Барселона

  • Креатор на темата Креатор на темата Serpico
  • Време на започнување Време на започнување
Го глеав само првото полувреме, многу некако слабо играа :/
 
Катастрофа одбрана. По стоти пат примивме гол од контра. Не знам дали Росељ и Зуби имаат очи на тоа главата. Џабе што средината и нападот ќе бидат топ кога таа дупка во одбрана појаките тимови ќе ја користат ако не донесеме добар играч.
 
Ако више не купат играч од одбраната нека излезат јавно и нека кажат на што се должи тоа, какви планови имаат за следна сезона и како планираат со Маскерано и Бартра да не ги снајде истото сценарио со некој тим ала Баерн Минхен
 
Се надевам не е ништо озбилно со Фабрегас.

Одбраната килава како и обично.
 
Нема шанса да се освои лига на Шампиони со ваква одбрана, кога на очајната двојка Пиќе и Маскерано ќе се додаде и Алвес може да се каже и дека се игра без одбрана
 
Steffensen (agent Agger): "Daniel has a contract for three years and it'd be up to the clubs to agree a fee in order for that to change."
 
голем дел гледам верувате дека проблемот во денфанзива магично ќе се реши со потпишување на еден топ класа штопер.
барселона беше најдобра не кога пике и пујол беа во форма, туку кога одбраната почнуваше со страшен пресинг после изгубена топка.
играта на барселона е таква што еден штопер нема да ја оправи одбраната. кој и да е, па ќе треба да игра против роналдо 1 на 1 од пола терен сами.. ма свети тиаго силва нека е, ист ќе биде како секој, од 10 навати, три пати ќе биде поминат. 90 посто гол.
на гости со баерн играме со еден холдинг мидфилд бускетс, наспроти нивната машинерија!? абе 4 канаваровци позади не те спасуваат. се браниш со цел тим, не со двајца штопери!
сите стартни средњаци се очајни во позициона игра во одбрана..треба некогаш да се изигра и со сонг и маске во почетна, пред пике и пујол, а алвес и алба да не мрднат половина. тоа е одбрана, како можеше алвес да игра така на куп на конфедерации? ѕвер беше. алба, многу пати неговите голови не залажуваат ни ја матат перспективата каков дефанзивен играч е, да ок е да дадеш гол, ама тоа те прави добар во офанзива, никако тоа не е мерило за дефанзива.
ако треба и бускетс, маске и сонг сите тројца во средина во одредени утакмици, напред нејмар меси и иниеста, позади не е ни битно кој е...играта ќе биде друга.
стварно не треба многу анализа, еден бускетс кој супер чита игра и кога одзима топки одзима со чиста интелегенција, ама и лесно се поминува на отворен простор, во таква ситуација рачунајте дека еден од алвес/алба е заборавен напред, на противниците им е гејм план тогаш да нападнат, и имаш ситуација пет на три... оди брани се...џабе кој и да е штопер.

поседот на топката, кој често го коментираме, е дефанзивна игра на барселона, не е тоа никаква надмоќ, тоа е скратување на времето за напад на противникот. кога го немаме поседот, црно ни се пишува, класична дефанзива е нешто што не знаеме да го играме, кога во исто време играме со постава за посед. тогаш поседот е дефанизива. ако составиме тим (од играчи кои ги имаме) дефанзивно настроен, за сметка на поседот, тогаш и таа дефанзива ќе личи на нешто. тогаш според мене и не е толку битно кој формациски е штопер. тогаш штоперот ќе ја исправа грешката на тој пред него, а нема да игра 1 на 1 од пола терен.
дури и со дефанзивно настроен тим (условно речено) пак би биле надомќни во посед, можеби не толку драстично изразено во проценти. па да му се сневиди, воопшто не е катастрофа некогаш поседот да биде 50-50 а да победиме 0-2 во нокаут фаза.
 
gerard си изнапишал редови безброј,тоа нема да ја смени ситуацијата - потребен е наследник на Пујол на таа линија и тоа очајно........за другите проблеми во организацијата на играта ќе се види во текот на сезоната
 
Sluzbarski.
јас не негирам дека ни е потребен штопер, да потребен е. јас коментирав за очекувањата од евентуалното доаѓање на нов штопер, а тоа се: преголеми и нереални
 
gerard сакаше да каже нешто што сите многу добро го знаеме, но сите како да подзабораваат дека вушност ние се браниме со нападот. Првата линија на одбрана е нападот, а ова беше најизразено во првата сезона на Пеп каде што гризавме на терен за секоја изгубена топка. Тоа е целата филозофија на играта на Барселона.

Сите се свесни дека можеме да примиме многу лесно гол, но разликата е што кога играме висок и интензивен пресинг целото тоа е доведено до минимала, целата игра на противникот е сведена на минимум. Јасно е дека ни е потребен стабилен и цврст, воедно брз стопер кој би бил наследник на Пујол, но таков играч нема никогаш да биде централна фигура за успехот на Барселона, ниту пак ќе биде тоа делче што фали, туку секогаш додека се форсира овој стил на игра, тоа ќе биде тимот како целина и нивната уиграност, способноста да се најдат на теренот без да погледнат, да ја држат топката.

Од ова што го гледав на припремите, очигледно е дека Тата знае дека тоа е тоа што им фалеше на нашите последната сезона и сака да форсира интензивен пресинг. Е сеа, дали ќе го доведе тоа на ниво како што го доведе Пеп или пак не останува да видиме.
 
И не забравајте дека стопер ни е многу потребен и за прекините, многу сме ниски и освен Пиќе и Бускетс нема кој да скока.
 
За да можеш да се издигнеш високо, треба да паднеш ниско. :D Затоа оваа сезона да испаднеме од ЛШ уште во 1/8 финале, во Ла Лига да бидеме 3ти или 2ри со огромно заостанување зад шампионот, а во Копа дел Реј да не посрамоти некој второлигаш во 1/4 финале. :icon_lol:
И одма за наредна сезона го ставаме #Ж за претседател на клубот, он прави реформи, преродба во 100 чекори и повторно се издигнуваме на врвот. :свиркам:
 
И не забравајте дека стопер ни е многу потребен и за прекините, многу сме ниски и освен Пиќе и Бускетс нема кој да скока.

Ne me jebi brat,kolku sto moze da skoka baba mi tolku i ovoj moze.Edinstven visok fudbaler sto ne moze i ne znae da skoka e nasiot Buski....Nesmasen :pos:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom