голем дел гледам верувате дека проблемот во денфанзива магично ќе се реши со потпишување на еден топ класа штопер.
барселона беше најдобра не кога пике и пујол беа во форма, туку кога одбраната почнуваше со страшен пресинг после изгубена топка.
играта на барселона е таква што еден штопер нема да ја оправи одбраната. кој и да е, па ќе треба да игра против роналдо 1 на 1 од пола терен сами.. ма свети тиаго силва нека е, ист ќе биде како секој, од 10 навати, три пати ќе биде поминат. 90 посто гол.
на гости со баерн играме со еден холдинг мидфилд бускетс, наспроти нивната машинерија!? абе 4 канаваровци позади не те спасуваат. се браниш со цел тим, не со двајца штопери!
сите стартни средњаци се очајни во позициона игра во одбрана..треба некогаш да се изигра и со сонг и маске во почетна, пред пике и пујол, а алвес и алба да не мрднат половина. тоа е одбрана, како можеше алвес да игра така на куп на конфедерации? ѕвер беше. алба, многу пати неговите голови не залажуваат ни ја матат перспективата каков дефанзивен играч е, да ок е да дадеш гол, ама тоа те прави добар во офанзива, никако тоа не е мерило за дефанзива.
ако треба и бускетс, маске и сонг сите тројца во средина во одредени утакмици, напред нејмар меси и иниеста, позади не е ни битно кој е...играта ќе биде друга.
стварно не треба многу анализа, еден бускетс кој супер чита игра и кога одзима топки одзима со чиста интелегенција, ама и лесно се поминува на отворен простор, во таква ситуација рачунајте дека еден од алвес/алба е заборавен напред, на противниците им е гејм план тогаш да нападнат, и имаш ситуација пет на три... оди брани се...џабе кој и да е штопер.
поседот на топката, кој често го коментираме, е дефанзивна игра на барселона, не е тоа никаква надмоќ, тоа е скратување на времето за напад на противникот. кога го немаме поседот, црно ни се пишува, класична дефанзива е нешто што не знаеме да го играме, кога во исто време играме со постава за посед. тогаш поседот е дефанизива. ако составиме тим (од играчи кои ги имаме) дефанзивно настроен, за сметка на поседот, тогаш и таа дефанзива ќе личи на нешто. тогаш според мене и не е толку битно кој формациски е штопер. тогаш штоперот ќе ја исправа грешката на тој пред него, а нема да игра 1 на 1 од пола терен.
дури и со дефанзивно настроен тим (условно речено) пак би биле надомќни во посед, можеби не толку драстично изразено во проценти. па да му се сневиди, воопшто не е катастрофа некогаш поседот да биде 50-50 а да победиме 0-2 во нокаут фаза.