Фан Клуб: Барселона

  • Креатор на темата Креатор на темата Serpico
  • Време на започнување Време на започнување
Mancester nesto seriozno deluvaat za Cesc !Da go prodademe i nego i super ke bide :eek:
 
Зашо ни се Тиаго и Фабрегас кога на таа позиција го имаме Меси?
Не се заебавам, подобар креатор од Меси нема у свет, какви само асистенции дава. Може тоа и го планираат у иднина. Ги бутна сите можни рекорди на голови и сеа може да си стои у сред да навлекува по 2-3 играчи на него и да асистира само. Да игравме формација 4-2-3-1 он би бил совршен на плејмејкерската позиција. Плус сега го имаме и Нејмар он ќе биде понапред мислам дека ќе биде интересно натаму да се види како ке се одвиваат работите.
За утакмицава, многу ми се допадна Санчез може да биде прв избор и пред Педро годинава. Убав гол даде, асистираше и ич не е себичен што многу ме радува.
Санчез, Нејмар и Меси у напад, Фабрегас, Иниеста и Бускетс/Сонг средина.
Алвеш, Алба, Пиќе и уште еден стопер. За клупата задоволен сум со Сонг/Бускетс, Чави и Тељо.. другите така така.
 
ПРВИОТ ИЗВЕШТАЈ НА ТАТА Е:

1. Да се врати пресингот кој го правеше голем овој тим
2. Да се интезивира физичката работа за да може да се применува овој пресинг
3. Да се подобрат шутевите надвор од шеснаесетникот
4. Меси треба да игра поблизу до противничкиот шеснаесетник
5. Повеќе ротации за играчите да бидат свежи
6. Да се добие и вклучи во соблекувалната за неговиот проект да стане реалност
... И една одбрана висока и челична. и да се потенцира талентот и креативноста на тимот...
 
Читам Серхи Роберто играл добро против Валеренга :pos:
 
Читам Серхи Роберто играл добро против Валеренга :pos:

Серхи Роберто го фалат и за против и за против Валеренга. Против Баерн сите беа трагедии, не зборувам ништо за таму, против Валеренга не ја гледав не знам. Чекам од вас коментари, ама по странскиве страници и форуми на големо се зборува за добрата игра на Серхи на минативе две утакмици.
 
Против Валеренга од тоа што погледав, беше меѓу најдобрите на теренот. Ама Валеренга не се мерило, нашиве ги изедоа, не им дадоа да ја чепнат топката на Норвежаните.
Иначе, ми се допаѓа тоа што Тата сака да го врати пресингот, кој можеби и најмногу ни недостигаше. (y)
 
Серхи Роберто го фалат и за против и за против Валеренга. Против Баерн сите беа трагедии, не зборувам ништо за таму, против Валеренга не ја гледав не знам. Чекам од вас коментари, ама по странскиве страници и форуми на големо се зборува за добрата игра на Серхи на минативе две утакмици.

Против Валеренга Роберто имаше неколку продори со топката, брз е кога ја има топката, има добра техника.
Јас верувам дека со добивањето шанса во првиот тим ќе биде солиден играч кој ќе ни треба секогаш.


Иначе изгледа Сандро запнал за Давид Луиз. Играчот му дал дозвола на својот агент да се договори со Барселона.
 
Очигледно официјална понуда од 29 милиони испратиле нашиве.
 
ПРВИОТ ИЗВЕШТАЈ НА ТАТА Е:

1. Да се врати пресингот кој го правеше голем овој тим
2. Да се интезивира физичката работа за да може да се применува овој пресинг
3. Да се подобрат шутевите надвор од шеснаесетникот
4. Меси треба да игра поблизу до противничкиот шеснаесетник
5. Повеќе ротации за играчите да бидат свежи
6. Да се добие и вклучи во соблекувалната за неговиот проект да стане реалност
... И една одбрана висока и челична. и да се потенцира талентот и креативноста на тимот...

So far so good...

Според некои шпански и бразилски медиуми:

Barça have already made the €57 million back from Neymar's transfer fee on shirt sales worldwide. He hasn't even trained with the club yet.

Што би значело дека продал околу 700-800 илјади дресови до сега.
 
Ај да пишам неколку реченици за тоа што сум испуштил.

Тата за мене како и за повеќето од вас е анонимус. Но една изјава ( не знам точно кој ја кажа) беше ваква: Тата Мартино? Тој е човек кој живее за фудбалот, тој ги знае детално играчите во четвртата африканска лига. Ова ми кажува дека човеков е посветен на работата. На Барса и треба авторитет, нешто што со Тито и Роура го снема. Човеков е мотивиран, но и потценет е од страна на многу медиуми и спортски новинари. Ова ќе биде една од причините за успесите. Ќе мора да се докаже. Останува да видиме, каков е на прес, пред и по натпреварите, каков е со авторитет, со справување на големите имиња во соблекувалната, со пристапот и тактиките. Највеќе ќе ме интересира начинот на кој од Меси и Нејмар ќе направи тим. Има тешка задача, не е лесно да си тренер на Барса. :)
 
Тиаго Силва го продолжил договорот со ПСЖ до 2018та година, со годишна плата од 12 милиони евра.
До сега постоеше барем малку оптимизам кај мене, сега е јасно.
 
Според мене има три клучни предизвици кои што Тата мора да ги оствари за да се смета за успех оваа сезона:

  1. Да му најде улога на Нејмар.
  2. Конечно да му најде улога на Цеск. Чави ќе мора да игра многу помалку од оваа година, а Цеск нема никогаш да биде ист играч како Чави. Му треба добро дефинирана улога и мали модификации на целиот систем за да се искористат неговите силни страни.
  3. Да воспостави било каков ред во одбраната.
Од тоа што го слушам последниве денови како негови идеи по весниците, искрено, сум импресиониран од размислувањето.

Прво, Сака Меси да игра поблиску до шеснаесетникот. Многу важно од два аспекти:
  1. Му дозволува на Меси да има поголема улога во пресингот затоа што не мора да истрча 40+ метри секогаш кога ќе ја добие топката. Што значи има повеќе енергија да трча кога ја нема топката. Секако дека Меси ќе помага во креирањето на играта пак.
  2. Самото тоа што Меси не се враќа скоро до својата половина отвара место за Фабрегас да го користи тој простор. Претходните две сезони Фабрегас мака мачеше да добие доволно простор за да може да ја игра неговата игра. Секогаш кога ќе добиеше простор играше прилично добро.
Второ, играта мора да биде подиректна. Пак нешто со што Фабрегас може многу да помогне. Играта на Фабрегас е многу подиректна од таа на Чави и Ињеста. Средно долгите пасови му се специјалност. Често кога Чави и Ињеста би одбрале хоризонтален пас или враќање на топката назад, Фабрегас би ја подал топката вертикално кон нападот. Лани тоа често беше проблем, затоа што Меси беше чуван од 2335453 играчи, а Педро и Санчез беа како евнуси во харем - безопасни. Секој негов пас беше изгубен. Оваа година, со Нејмар во нападот, директноста ќе ни дојде многу добро. Клучното тука е да му се помогне на Санчез да продолжи да игра како што играше на крајот на ланската сезона т.е. да се поставува во опасни позиции за противничкиот гол, а не само да трча по крило како мува без глава. Со тоа ќе имаме комплетно функционален напад што ќе врши пресинг, ќе биде добар во контра напади, а со шутот на Нејмар добар и против бункери.

Како и да е, Фабрегас изгледа го спремаат да биде прилично важен за следната година. Јунајтед ќе мора да бара трета опција после Тијаго и Цеск. Moжда можеме да им го дадеме Џонатан Дос Сантос...

Трето, одбраната мора да се среди. Ама пред да се купи бек џабе збориме што може да се направи. Многу зависи од тоа кого ќе донесат Росел и Зуби.
 
Со пишувањето по весниците до сега, колку е точно незнам, ми се допаѓа Тата. Како прво, се надевам ќе има авторитет во соблекувалната и Меси нема да биде тренер-играч. Како второ, ми се свиѓа шо сака да игра пресинг. Трето, сака Фабрегас да биде важен дел од тимот и почесто да игра оваа сезона од Чави. И конечно да му ја најде позицијата.
Четврто, ми се свиѓа како игра Сачнез на овие две пријателски, иако немора да бидат мерило. Мислам дека ќе биде прв избор на таа десна крилна позиција . И како петто, мора квалитетен стопер, барем еден од Луиз и Агер.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom