- Член од
- 31 август 2008
- Мислења
- 1.853
- Поени од реакции
- 815
Агуеро е повеќе шпиц, класична 9ка, а таа позиција кај нас ја игра Меси.

Во кој тим има играно Агуеро шпиц? Во Атлетико играше со Форлан, во Сити секогаш има друга 9-ка (Џеко/Балотели) и во Аргенитина е со Игуаин.
Многу е просто да одредиш дали некој напаѓач има карактеристики за во Барса или не. Батали ги тие „класична 9ка, 11ка“ и не знам какви ти глупости.
Прво што мора да се знае е какви напаѓачи имаме и какви бараме.
Педро, Санчез и Меси имаат една заедничка карактеристика - тројцата сакаат топката да им се подаде директно во нозе. Ова ја прави Барса предвидлива и неспособна да одрши „ширина“ во нападот. Ширина во нападот значи да ги принудиш страничните бекови на противникот да мораат да ги бранат страните кај што играат т. е. да има поголемо растојание помеѓу нив и централните бекови. Ако не го направиш тоа сите четири одбранбени играчи ќе ти се распоредат во должина на шеснаесетникот и постојано ќе има гужва пред голот. Тоа се случува веќе две години на сите утакмици на Барса.
За да не ти се случи тоа ти требаат играчи на кои што можеш да им пуштиш топка во празно (не во нозе) они да натрчаат на неа и да направат нешто корисно од таа ситуација. Мисли на играчи што трчаат накај гол додека им додаваш, а не на играчи што застануваат да ја примат топката па се вртат да трчаат накај гол.
Еве ти пример:
Кога последен пат си ги видел Чави или Ињеста да пуштат ваква топка на напаѓач на Барса? Последниве две години никогаш. Ако имало вакви шанси Алба, Алвес или Тељо ги добивале пасовите, а не Педро и Санчез. Виља е исто играч што можеше да го прави ова, ама моментално не може да прави ништо.
Да упростам затоа што ова ќе испадне цела колумна ако продолжам вака:
Ако сакаме слични напаѓачи на тоа што имаме ни требаат играчи како Руни, Силва, Мата....
Ако сакаме нападот да стане понепредвидлив и подиректен ни требаат играчи како Анри, Нејмар, Ето...
Агуеро е нешто како хибрид помеѓу двете. Дефинитивно сака топката да му дојде директно во нозе за да организира игра ама ако има друг организатор може да разнесе цела одбрана со дриблингот што го има во трк.