Фан Клуб: Барселона

  • Креатор на темата Креатор на темата Serpico
  • Време на започнување Време на започнување
Агуеро е повеќе шпиц, класична 9ка, а таа позиција кај нас ја игра Меси.
:facepalm:

Во кој тим има играно Агуеро шпиц? Во Атлетико играше со Форлан, во Сити секогаш има друга 9-ка (Џеко/Балотели) и во Аргенитина е со Игуаин.

Многу е просто да одредиш дали некој напаѓач има карактеристики за во Барса или не. Батали ги тие „класична 9ка, 11ка“ и не знам какви ти глупости.

Прво што мора да се знае е какви напаѓачи имаме и какви бараме.

Педро, Санчез и Меси имаат една заедничка карактеристика - тројцата сакаат топката да им се подаде директно во нозе. Ова ја прави Барса предвидлива и неспособна да одрши „ширина“ во нападот. Ширина во нападот значи да ги принудиш страничните бекови на противникот да мораат да ги бранат страните кај што играат т. е. да има поголемо растојание помеѓу нив и централните бекови. Ако не го направиш тоа сите четири одбранбени играчи ќе ти се распоредат во должина на шеснаесетникот и постојано ќе има гужва пред голот. Тоа се случува веќе две години на сите утакмици на Барса.

За да не ти се случи тоа ти требаат играчи на кои што можеш да им пуштиш топка во празно (не во нозе) они да натрчаат на неа и да направат нешто корисно од таа ситуација. Мисли на играчи што трчаат накај гол додека им додаваш, а не на играчи што застануваат да ја примат топката па се вртат да трчаат накај гол.

Еве ти пример:

Кога последен пат си ги видел Чави или Ињеста да пуштат ваква топка на напаѓач на Барса? Последниве две години никогаш. Ако имало вакви шанси Алба, Алвес или Тељо ги добивале пасовите, а не Педро и Санчез. Виља е исто играч што можеше да го прави ова, ама моментално не може да прави ништо.

Да упростам затоа што ова ќе испадне цела колумна ако продолжам вака:

Ако сакаме слични напаѓачи на тоа што имаме ни требаат играчи како Руни, Силва, Мата....

Ако сакаме нападот да стане понепредвидлив и подиректен ни требаат играчи како Анри, Нејмар, Ето...

Агуеро е нешто како хибрид помеѓу двете. Дефинитивно сака топката да му дојде директно во нозе за да организира игра ама ако има друг организатор може да разнесе цела одбрана со дриблингот што го има во трк.
 
И сеа запази иде среда, тепаат 4-0 и во продолженија дават уште еден и ги испраќаат дома со петарда :)
Ајде пак муабети дека се најјаки:pos:
 
И сеа запази иде среда, тепаат 4-0 и во продолженија дават уште еден и ги испраќаат дома со петарда :)
Ајде пак муабети дека се најјаки:pos:

Па ако тепаат 5-0 и ќе покажат дека се најјаки. Ама нема да тепаат. ;)
 
Малиов ако збори со управата мислам дека ќе се донесам и Агуеро и Нејмар.. Нејмар веќе е 90% сигурен, а Агуеро ако сака Меси ќе проба Росел да го донесе, се познава дека неможе да игра со Санчез.​
Не си прајте филмови дека Педро ќе си оди или Пиќе, првиот трча како луд вчера истрча најмногу и се бори игра со срце, добар играч е, плус репрезентативец.. Вториот е многу јак стопер се виде тоа предходните години, сеа не е у форма, нема конкуренција си го лади курот а и повеќе внимание посветува на Шаќира и малиот. Санчез и Виља може да си одат да собереме 35-40 милиони, треба да се продаде и Маскерано, за кур ни е, добра пара лежи таму и плус од продажбата на Кркич, Афелај, Куенка.. Пинто нека се продава, Валдез за инат да биде втора и тоа е тоа.​
Голмани: Нов (Ханданович - 30 Милиони - БОГ ДА ЧУВА И ДА БРАНЕ) и Валдез​
Одбрана: Монтоја, Алвеш, Пиќе, Бартра, Абидал, Пујол, нов стопер (Хумелс) Алба, Адриано​
Средина: Сонг, Бускетс, Чави, Иниеста, Фабрегас, Тиаго​
Напад: Меси, Тељо, Педро, Нејмар, Агуеро
Ете му на Тито состав од 22 играчи.​
Ханданович :D
Алвеш - Пиќе - Хумелс - Алба​
Бускетс​
Фабрегас/Тиаго - Иниеста​
Меси​
Агуеро - Нејмар​
Па не Баерн не Пеп кој сака нека дојде
:D
 
Кај може бе за едно лето да се донесат у пакет Нејмар и Агуеро не зборете глупости. И да мора малце по малце Фабре да му го заземе местото на Чави. За кој кур го зедоа Фабре кога цело време си седи на клупа, да не заборавиме он може и заслужува да биде стандарден на кој клуб сака, но он ја избра Барца и треба малце респект за тоа.
 
Како прво повеќе од очигледно е тоа дека Пеп многу ни фали и дека Тито не е тренер за да води ваква екипа(потфрли на сите битни натпревари годинава).
Како второ сите сме за тоа да се направи чистка во тимот и да се донесат неколку квалитетни играчи.
Како трето мора да се смени барем нешто во играта,да бидеме подиректни,да има повеќе шутови кон голот,да има поголема слобода на игра кај играчите и сл.
Не ми смета тоа што испаднавме од тим како Б.Минхен,туку неможам да поверувам како може една Барса да не успее да создаде ниту една шанса против тим кој игра отворен фудбал,тоа треба да се земе во предвид и под хитно да се смени нешто.
Можеби е и добар овој дебакал(и уште подобро ке биде да ја изгубиме и наредната утакмица) за да почнат посериозно да ги сваќаат работите и раководството и тренерот,а најмногу играчите!
 
А коа ќе помислам подобро, зошто да не се донесе Јуп како тренер.:cuc: Има муда човекот
 
Кај може бе за едно лето да се донесат у пакет Нејмар и Агуеро не зборете глупости. И да мора малце по малце Фабре да му го заземе местото на Чави. За кој кур го зедоа Фабре кога цело време си седи на клупа, да не заборавиме он може и заслужува да биде стандарден на кој клуб сака, но он ја избра Барца и треба малце респект за тоа.

Не може некој да игра затоа што ја одбрал Барса. Никој ништо не му должи. Проблемот е во тоа што Цеск нема добро дефинирана улога во тимот. Моментално е во одлична форма очигледно. Цела сезона ја изигра на ниво ама некогаш го гуши тимот затоа што не е прилагоден на таа игра.

Да се надеваме дека догодина ќе има нови засилувања што ќе му дозволат да игра како што знае.

А, за Агуеро и Нејмар во исто лето со 50 милиони буџет + парите од продажби..... (y)
 
Не може некој да игра затоа што ја одбрал Барса. Никој ништо не му должи. Проблемот е во тоа што Цеск нема добро дефинирана улога во тимот. Моментално е во одлична форма очигледно. Цела сезона ја изигра на ниво ама некогаш го гуши тимот затоа што не е прилагоден на таа игра.

Да се надеваме дека догодина ќе има нови засилувања што ќе му дозволат да игра како што знае.

А, за Агуеро и Нејмар во исто лето со 50 милиони буџет + парите од продажби..... (y)

Све ок тоа ама мора и знае да игра на местото на Чави а овој последниот да влезе во игра кога сакаме при крајот да чуваме резултат, да се смири играта.
 
А бе ве читам и се чудам,како светот да пропаднал,еден пораз е.Секогаш мора да има вакви моменти ако нема вакви моменти,никој нема да се издигне повисоко од она што порано бил.И Јунајтед лани доби шамар во премиер лигата и ЛШ,ама сезонава имаа спринт во стил на Болт,и несреќен пораз во ЛШ од Реал...

Најверојатно ќе оди на подобро,само треба време,а тоа дека Барса не може да му даде 4гола на Баерн не е невозможно.Навистина Баерн е доста јак,ама сепак игра против Барселона,силно мотивирање пред мечот на кампот и нека не ве чуди ако бидете финалисти...

Е за догодина Барса мора да среди некои работи во тимот првата е растеретување на Меси.Не може секогаш само Меси да решава,мора во тимот да дојде играч,двајца кои ќе бидат најопасни по противничкиот гол порано кога се играше против Барса никој не знаеше од кој да се брани дали од Меси,дали од Алвеш, Анри,Ето,Роналдињо,Иниеста,Жили,Педро,Ибра,Виља.

Мора тим како Барса во тим да има барем една класична деветка(ала Фалкао) некој кој знае да повлече да направи атракција и да реализира.Тамо најмногу мора Барса да размислува за засилување а има доста избор само треба пари.Игуаин(знаејки дека доста добро соработува со Меси),Агуеро,Руни,Фалкао,Торес, Мичу,Суарез,Левандовски,Кавани,Чичарито,Мартинез било кој важно барем еден од овие да има во Барса догодина плус некој од младите категории или некој евтин млад проспект кој ќе напредува во Барса.

Добро би било и крило да се побара чисто да се зголеми конкуренција за да се мотивираат другите да ја подобрат својата игра.

Десен бек и централен бек,овие и две работи во Барса треба да се засилат,Алвеш некое време прави доста егзибиции доста глупости,помалку е заинтересиран за фудбалот,поважна му е изгледа фризурата и глупоста што ке ја направи.
Иванович,Компани,Хумелс,Алдервилд,Ван Ријн(Ајакс),Давид Луиз,Киелини,Пападопулос.
Важно да биде квалитетен и во техничката игра и во дуел играта со потребната брзина.

Плус голман кој ќе си брани на едно стандардно ниво...
 
formation.png
Доколку би ме прашале мене:pipi: Иако на Меси не и се свиѓа ја сепак би го пратил да игра како крило, таму кај што почна. На другата страна Нејмар, уфф растур :drk:
 
Ист тим имам на менаџер, со тоа што Кавани е шпиц :свиркам:
 
formation.png
Доколку би ме прашале мене:pipi: Иако на Меси не и се свиѓа ја сепак би го пратил да игра како крило, таму кај што почна. На другата страна Нејмар, уфф растур :drk:
Њтф прави моето љубиместо голманче во твојов состав бе?!:pipi:
 
Тито не си оди, помирете се со тоа. Има подршка од цела управа, а сега за сега ја има и подршката на фановите. Највеќе ми е криво што вчера не игравме ништо. Сите светски новинари ја ставија вината на изборот на играчи на Тито и неговото неекспериментирање и веќе познат тим. Освен тоа замерка му најдоа и на доцните измени, нешто што скоро секој од нас го критикуваше во фан клубов. Искрено не знам како можеше на 3:0 во 70 мин да нема измена?
Не знам кој ќе доаѓа летово, има многу имиња, секој ден искачаат нови потенцијални играчи, но факт е дека ни треба столб не само во одбраната туку и да ги мотивира Пике и Бартра за да има конкуренција. Би сакал некој пит бул како Руни да е дел од тимот. Некој кој знае да шутне од далеку кога треба. Искрено напиња она давање гол со се топка во гол, и да го растерети Меси кој ако е затворен, автоматски цел тим паѓа и не игра. Но останува да видиме кои се плановите и што мисли управата да прави. Ако си отидат Санчез и Виља, или еден од нив можно е да има кеш за ова што го сакаме сите. Но ако останат тогаш веројатно остануваме на Нејмар и штопер.
 
Њтф прави моето љубиместо голманче во твојов состав бе?!:pipi:
Омилен ми е затоа го посакувам во дресот на Барца :)
--- надополнето: 24 април 2013 во 18:03 ---
Инаку шо прајме ако првото полувреме на ревеншот завршува 2-0 за Барца. Во ваква ситуација ја верувам во пласман понатаму:icon_mrgr:
--- надополнето: 24 април 2013 во 18:07 ---
They made me dream, затоа се до последниот момент ќе имам верва во нив
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom