Прва работа е тоа дека Лапорта беше најдобриот претседател можда и во историјата на Барселона. Да, го воведе тимот во долгови поради тоа што купуваше играчи кои не кореспондираа со финансискиот статус на клубот али имаше карактер бе...
Имаше целосна доверба во Пеп. Значи на негов мандат ако кажеше Пеп дека Алвес и Пике треба да го напуштат тимот, тие ќе си одеа, затоа што знаеше дека тој е претседател и го има последниот збор, но тренерот е оној којшто ја креира екипата а не претседателот и спортскиот директор.
Втора работа е тоа што немаше да дозволи Пеп да го напушти тимот така лесно. Имаше напишано мислење овде на форумот кога си отиде Пеп дека ако Лапорта беше претседател ќе ја заклучеше канцеларијата и ќе излезеа само тогаш кога ќе постигнат договор. Тврдоглав човек, али тоа е потребно.
И последна работа која што имам да ја кажам е дека додека Пеп е човек којшто сака да ризикува, Тито игра на посигурно. Значи да не ме сфатите погрешно, можеби ова со Баерн ќе се случеше и под водство на Пеп, но сигурен сум дека немаше да дозволи екипата да ја врти истата тактика во сите 90 минути... Не се лажете дека тимот се заситил со сите тие трофеи во последните години и дека немаат желба да освојуваат уште. Си стои желбата, но на сите гостувања од 8мина финале па навака фалеше тој пресинг, тие додавања и секако напаѓањето во интервали коишто донесоа толку успеси. Овој пораз според мене оди на грбот на Тито и секако најслабата алка во играта на Барселона - одбраната. Али тоа е, нема потреба да се тешиме со различни објаснувања. Едно е сигурно, бевме надиграни, подлежевме на притисок од нивните играчи во текот на сите 90 минути. Сега треба на Кампот да изиграме партија во која ќе се минимализираат сите грешки - кога велам минимализираат значи да се сведат на 0 што во моментов е еднакво на невозможно. Но сепак според многумина ова е можеби најдобриот колектив во последните 30 години, така да не би ги отпишал уште сега. Па и да не поминат понатаму, битно е да обелиме образ.
П.С. Секако и Тито знае дека треба да ја промени стартната 11ка и да ги мотивира играчите до тој степен што ќе излезат на теренот и ќе гризаат се пред себе. Да се надеваме дека е способен за тоа, затоа што знам дека секој од играчите е способен да пружи партија по која што сите ќе останат со подотворена уста.
П.П.С. Ова се однесува на фановите кои после поразот кукаа и плакаа и колнеа по се живо... ако неможете да го бодрите тимот во пораз, тогаш немате право да се радувате на истиот во победа. А сигурен сум дека сте се радувале на многу победи во последните 5 години. И знајте дека ова не е the downfall of Barcelona, секогаш ќе бидеме на врвот, дали во ваква форма или во подобра не е битно...
Visca!