Фан Клуб: Барселона

  • Креатор на темата Креатор на темата Serpico
  • Време на започнување Време на започнување
Не идете од крајност до крајност. Пола тим го продадовте веќе.
Па кога ќе видиш и пола тим заслужува помалку или повеќе да си оди :)
Ако фатиме да ги броиме, Валдез (секако си оди), Пиќе па и Дани..донекаде, па Виља, Санчез, Педро...еве ти го пола тим безмалку
 
Не се сложувам за Пиќе, што се вика сам е оставен во одбрана. Алвес не игра ништо назад, Алба така така, а третиот што треба да игра со Пиќе во пар секоја недела е различен. Треба да се донесе еден солиден и така созреан играч за да му биде постојан партнер. Ако се крстиме уште на Пујол ке останеме со празни раци.​
Алвес ок да речеме ако оди кој ке игра десен бек во Барца, Монтоја ?? Да бидеме реални немаме пари да смениме пола тим а и според мене не треба​
 
Зошто да си идат Дани, Виља, Санчез и Педро?
Алвес е еден од најдобрите бекови во светот. Најдобар под водство на Пеп. Првата полусезона играше лошо, ама втората беше доста подобрен. Плус имаше некои константни ситни повреди.
На Виља исто ништо не му фалеше под Пеп. Ја имаше таа беља да се повреди на 6 месеци. После таа повреда едноставно не е ист. 6 месеци не играше, 6 месеци Тито не го пушташе доволно во игра. Па кој сака нека е, после година дена неиграње фудбал на врвно ниво ќе падне во форма.
Педро е одлично крило. Тоа што вие очекувате секој играч да е Меси е друг муабет. Јес да не го иде оваа сезона, ама брзо изгледа заборавивте колку битни гола има дадено за тимот. Нема потреба од потсетување.
Санчез првата сезона докажа дека има квалитет. Да останеше Пеп сигурно ќе беше уште подобар оваа сезона. Работата е што они го тераат да игра нешто што не знае, значи очекуваат некои работи кои он никад не ги правел во кариера. Нема никаква слобода во играа, не смее да дрибла, секој пас треба да му е до Меси. Ај видете првата сезона како играше, па направете споредба.
Пике беше океј денес, иако целокупно врска нема ова сезона. Неговиот пад почна од ланската сезона, затоа сакаше Пеп да го продаде. Ама Росел мислеше дека го знае подобро тимот од Пеп и затоа дојде до недоразбирање. Нормално Пеп нема да дозволи некој да му наредува. Епа сркајте сега.


Може да се заклучи дека сите играчи се паднати во форма откако си замина Пеп, освен Меси. Чави не е на ниво, Иниеста исто не. Освен Меси мислам дека и Бускетс до некаде држи форма, плус Алба кој се одлично вклопи. На страна тоа што е пичка во душа.
 
Излезе дека Тито е слаб тактичар,мораше Дани и Алба да не поминуваат центар кога пред себе ги имаат Рибери и Робен.Ова истото се случуваше против Мадрид,кога се оставаше огромен простор за Рондо и Ди Марија поради тоашто нашите бекови летаат напред.
-Втора причина за поразот е примањето на евтини голови од високи топки : слободни удари,корнери,нафрлувања и тн тн...Ова истото се случува и со Мадрид....
-Трета причина е што Чави го има изгубено целото креативност во себе,се врти со топката без да има идеја што со неа.....
-Четврта,кога ќе се спомне поимот : Фудбалер кој игра на крилната позиција во еден од најдобрите тимови во светот,веднаш помислуваме дека тој е способен да дрибла барем еден противник,ама овие нашиве едноставно не знаат,не се родени за такво нешто,освен примање топка и враќање назад (Санчез,Педро)...
- Не знам што му е на Меси,дали не беше 100 % спремен или пак нешто друго се случува не знам.Се виде дека делуваше незаинтересирано,лежерно....
Росел,да ти ебам све живо,ако после ова не даде оставка,ќе биде срам за тимот.....
На лето мора да се донесат 2 врвни крилни напаѓачи,или пак едно крило и една 9ка а Меси да се врате на десната страна....Да се донесат двајца искусни и врвни одбранбени од типот на Хумелс,Компани,Силва,кој се цврсти во дуели и сигурни на восоки топки......
А да се продаваат некои 4-5 статични фудбалери......
Мора да се смени концептот на игра,мора да се смени тактиката.....
Ако не завршат овие работи на лето,пак можеме до триумф во Ла Лига ама во ЛШ пак ќе имаме ваков срмен пораз....
 
Претеравте и вие со ремонт на тимов.
Треба меси да го вратите десно , лево да купите некое вонсериско крило и шпиц(немора да е вонсериски овај,нека е малце над просечен) и еден одбранбен до пике и тоа е тоа .
Овај педро , санчез може да се продадат а и овај бускетс неможам да го гледам дај продајте го
 
Нема врска ова,дрибла Алвес па никому ништо,дрибла Тењо па никому ништо,дриблаше Куенка па никому нипто...Кога Санчез е на едната страна,а Меси на другата,зошто тогаш овој не превземува нешто самиот да направи ?Статичен фудблер ти е статичен,не може он да смени нешто во играта,да дрибла противник,да креира шанса.Прима топка,ја пимпла,враќа назад....Ете тоа...
 
http://www.youtube.com/watch?v=M5XfmnJT1O4
Гледај, па коментира кој не е способен да дрибла. Го упропастија играчот. Еве нека отиде во Тотенхем, Интер, Јувентус или било кој друг тим, па ќе видиш дека проблемот е во Барселона, а не во него.
Жити се,со клипчиња од јутуб не ми одговори.
Немој со овие детски муабети дека управата или Тито не го остава да дрибла,туку да врати до Меси.Мислам,хелоу...Не е можно ова....Проблемот негов е у психата,нема муда сам да одлучи нешто да превземе,се плаши да не згреши па затоа топката ја враќа назад...
Пишав горе,Дани дрибла,Тељо,Куенка и тн тн па никому ништо....Нема смисла твојот муабет...
 
Алексис може да ни биде од голема корист, само тој ептен сериозно ја има сфатено или така му го наметнале тика-така стилот.
За следната сезона ќе треба да смениме нешто, оваа игра ни е прочитана. Единствен излез гледам да се навратиме на стилот на игра на периодот на Рајкард, нормално со модификации што се однесува до одбраната и средниот ред ама нападот да биде сличен како во времето на Рајкард т.е напаѓачите да имаат поголема слобода.
Само така Алексис ќе ни биде од корист. Мислам дека и Нејмар ќе дојде, па овие играчи можат да ни помогнат само доколку им се даде повеќе слобода а не секоја топка да ја вратат назад кон Меси или Иниеста и Чави. Зошто да не им се дозволи да пробаат да влезат во дриблинг и да шутираат.

Имаме екипа која има одлични индивидуалци, кои имаат капацитет да решат натпревар со еден потег.
Разбирливо е дека повеќе слобода на напаѓачите ќе значи повеќе изгубени топки ама и повеќе шанси за гол, а во моментов патиме од тоа, шанси не можеме да креираме!
 
До самодоверба е Педро, Виља, Санчез што и да фанат утнуваат и поради тоа цело време гледат да префрлат одговорност на Меси.

Санчез 3-4 утакмици по ред промашуваше празен гол, некогаш по 2 пати во иста утакмица. Оди во дриблинг се сопнува од топката. Кој знае колку депресија го мава ние сакаме да игра екстра !
 
Ајде овака. Искрено очекував да изгубиме денеска, по којзнае колку време првпат бевме аутсајдери во една утакмица, ама ова што се случи ни на крај не ми беше.
1. Тито начисто се нагуби денеска. Не за тоа со Бартра, Бартра директно е крив само за четвртиот гол кога му ја скршија кичмата, туку во врска со измените. Значи полуфинале ЛШ, губиш 2-0 во 50та минута и он не прави никаква измена. Сакам ама не можам да ја најдам логиката во сето ова. Општо за цела сезона кога ќе ја завериме титулата во Примера, ама за во ЛШ голема одговорност сноси Тито.
2. Денеска сите без изгубени во времето и просторот, можеби само Иниеста нешто се трудеше и Алба (ама овој вториов многу ме изнервира со потегот на крај, кога го удри Робен), ама изгубени како Пике, Санчез и Алвес никој не беше. Десна страна немавме денеска, значи исто како со 8 во поле да бевме, можеби и поарно ќе изиграа тогаш. Чави исто жив го немаше вечерва, не сум сигурен дали и во кадар го покажаа.
3. ШТОПЕР, ШТОПЕР, ШТОПЕР, ШТОПЕР, ШТОПЕР!!! Имам кажано веќе јас, Пике игра овака затоа што нема конкуренција. Со повреден Пујол, на Пике му е јасно дека има загарантирано место во стартни 11 и си го лади на утакмица ни на крај памет не му е да се замара за нешто. Си трчка само онака, ако топката падне пред него ќе ја шутне, ако не здравје Боже. Првиот гол оди целосно на негова душа, стативата и Валдес изгледа ги чуваше, па Милер сам што остана горе.
4. Онаа доминација што ја имавме претходниве години заврши. Со оглед на составот што го има Баерн за догодина, знаејќи каков тренер е Пеп, мислам дека они се следни да жарат и палат по Европа, а нели "To be the Best, you have to beat the Best". Епа они тоа го направија и нивната доминација комотно може да започне.
5. Касаи е се изгуби целосно. Два пенала за Баерн, гол од офсајд, фаул при третиот гол (кој бодичек само го доби Алба, тоа беше страшно нешто), на крај се раздава жолти како Дедо Мраз што дава подароци за Нова Година.

Во врска со трансферите нејќам толку длабоко да навлегувам, за штопер веќе и славејчињата научија, ама ако ни требаше еден оваков пораз да не тресне од земја. Последно нешто слично што го памтам е 4-1 од Реал пред некои си 5-6 години на Бернабе, а последен пораз на Барса од 0-4 бил пред 15 години против Динамо Киев. По една недела нека излезат нека дадат гол, ако успеат да победат, барем малку да обелат образ.
Лш догодина можеби, оваа не!
 
Шта речи, коју послуку порати ? :icon_lol: Кулминираше очајноста на гостински терен во ЛШ. Се провлекувавме порано некако со атмосферата дома ама Баерн не остава ништо на случајот. Неколку заклучоци:

1. Ова што го игравме не заслужува да се нарекува игра. Станавме комедија од самите себеси, бесконечни пимплања напред-назад. Ова не е тики-така, тики-таката водеше кон тотален фудбал не кон пимплање на средина без шут на гол. Треба целосна промена на системот, кога ќе сфатат дека толку беше, дека ги научија веќе? Ако сака внуците во петлињата нека им тренираат ваков стил на игра, не значи дека со глава в ѕид треба постојано да се оди.

2. Мал ремонт на екипата. Многу играчи потфрлија. Чави не е веќе младич, ја загуби сета креативност ама затоа нека играат Тиаго или Фабрегас наместо него. Одбраната е смешки. Најголем проблем според мене е нападот. Еден единствен играч што може да направи нешто е Меси, од другите немаме апсолутно ништо видено. Не се сеќавам некое од нашите крила да издрибла некоја одбрана па да пласира...море и центаршутеви немаат, само назад враќање. Од старт играме со 2ца помалку. Незнам дали Нејмар е вистинскиот но ни треба играч што знае сам да си створи шанса.

3. Росел нека се фрли од терасата на Кампот. Колку сезони станаа без дефанзивец? Секоја сезона истиот проблем, секоја сезона истиот муабет. Преку таквото.

Уствари што се мачам знаеме сите кои се проблемите, знаевме и лани ова време ама ништо не се смени. И то...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom