Се надевав дека можеме да извлечиме позитивен резултат вечерва,но испадна дека во моментов Баерн се појаки или можеби ние во моментов сме на ниво во однос на играта и на играчите кое не е доволно високо за да можеме да парираме на Баерн. Немаме цврстина и сигурност во одбрана, немаме ефикасност во нападот, премногу непотребни додавања наместо шут на гол... 2 спорни гола на Баерн, но тоа е најмалку важно во овој момент. Се виде дека еден Пујол и покрај годините и покрај сите критики носи сигурност во одбраната. Пике беше како незаинтересиран за натпреваров. Не би сакал да го коментирам нападот бидејќи е истата приказна цела сезона, Педро и Санчез се обидуваат, но на крај се оди преку Меси. Факт е дека мора да се купи дефанзивец и напаѓач кој ке може и да издрибла еден на еден и да шутне од 20тина метри. Баерн не ги гледам како подобра екипа или екипа со подобри техничари и поединци, едноставно имаа повеќе желба за победа и одлична тактика. Бледа игра, непрепознатлива. Но, тоа е тоа.. И покрај се,Барса се уште е најдобар тим во светот. Верувам дека наредната сезона ќе се вратат пожелни и поодлучни по титулата во ЛШ.