Фан Клуб: Барселона

  • Креатор на темата Креатор на темата Serpico
  • Време на започнување Време на започнување
Зошто да е лошо? Што има лошо во тоа да напишеш кој со кого би паднал?
Затоа што нагаѓаш без да имаш било какви предзнаења или информации околу нештото, па така неможиш ни да речиш дека било очекувано. Можиш да речиш само „погодив“.
 
Со ваква наша одбрана и ваквата моментална состојба на Баерн, можем да кажем само дека ќе биде доста тешко да се пројда Баварците!
 
Уфффф.. Баерн Минхен,го добивме моментално најтешкиот противник,иако со кој друг и да се падневме ќе беше многу тешко..особено против Реал, ќе биде многу тешко во двата меча и не сакам ништо да прогнозирам уште од сега... добро е тоа што првата утакмица се игра во Германија а реваншот се игра на Кампот. па со гол во Германија би си ја олесниле малце работата за на Кампот,само се молам одбраната да се среди до тој меч,посебно Пиќе,зашто тој ќе биде главниот играч во одбраната во Германија,до него би требало да биде Сонг/Бускетс или Бартра,бидејќи Адриано се повреди и незнаеме колку ќе отсуствува,а и да би се вратил,казнет е за првиот меч,Маскерано е повреден и најверојатно нема да игра до крајот на сезоната,а Пујол веќе подолго време е повреден,но сепак мислам дека за евентуално финале би можел да биде подготвен иако е тешко,зашто прогнозата беше дека и тој ќе отсуствува до крајот на сезоната.. Како и претходно и на овој меч одбраната ќе ни биде најслабото оружје и тука ќе биде предноста на Баерн,добро за нас е тоа што на првиот меч ќе бидат без Манџукич,нивниот главен напаѓач оваа сезона,иако на клупа ги имаат Гомез и Пизаро,а ако не се лажам ќе бидат и без Крос кој ќе го пропушти остатокот од сезоната.. Како и да е ќе биде одличен меч за гледање па подобриот да победи и да се пласира во финале :D
 
Како голем фанатик на Барса се радувам дека ме гледам мега спектакуларен двомеч , со надеж за финале! И да нема финале ќе ми се исполни срцето ако биде тесно до крајот!
 
Нека му е среќен 35-от роденден на Капитенот. Побргу нека се врати и во Мај да го крене пехарот на Вембли. :)
carles+puyol+barcelona+presidente.jpg
 
Ајде има време, за едно 200-300 години ќе се цивилизираат и тие.
 
Во последниот натпревар на Барса на Алијанц Арената(пред 4 сезони, 1-1 изигравме, на Кампот 4-0), Тито беше тренер на екипата, бидејќи Пеп беше суспендиран.
Значи, има Тито искуство против Баерн. :icon_mrgr:
A09.v1365765264.jpg
 
Неофицијално планот за летово е да се донесат голман, централен бек и еден или двајца напаѓачи.

Росел изјавил дека има еден германски фудбалер што му се свиѓа, ама не сака да каже кој да не му ја дигне цената.

Очигледно е дека е Хумелс, што според мене е огромна грешка. Хумелс и Пике во иста постава ќе бидат најспорото дуо во свет. Хаос ќе настане.

Ако сакаат висок бек нека го земат Компани и онака се испокара со Манчини. Подобар е од Хумелс во секој поглед.

Тоа со двајцата напаѓачи е глупост. Ако успеат да го убедат Нејмар ќе го донесат него, ако не ќе бараат некој друг двајца сигурно нема да купат со 50 милиони буџет.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom