Фан Клуб: Барселона

  • Креатор на темата Креатор на темата Serpico
  • Време на започнување Време на започнување
Нешто ме тера да верувам дека Тито ќе успее да го помине Милан, не знам зашто имам такво чувство. Инаку ова за таткото на Меси го читнав и на баркастаф и на месистаф. Не успеав да најдам инфо од весници.

Еве од каде искочи веста.
https://twitter.com/BarcaUp2Date/status/308338497989771267
Тешки да ги поминеме Милан, прв ќе бидам у фан-клубов шо ќе се извинам што ме демантирале
Истото и за Санчез го викав кога го пратија Афелај на позајмица, тешки и он да ме демантираше, ама дудукот сам неможе да се демантира дека е слаб, стасал други да демантира.
Ама со оглед на залагањава у последниве утакмици, прватни проблеми на Меси, нападов ако не е он нема кој гол да даде, одбранана за која што видов еден многу добар натпис (Even Oskar Pistorius has better defence than Barcelona) со кој се се објаснува, баталете муабети од типот за 10-годишни деца, верувајте во тимов, тимов може, докажал порано и останато.
Знаеме дека може тимов, сигурно преку ноќ не заборавиле да играат фудбал, ама едноставно им дојде период кога коцките премногу лошо им се поклопија, со болести на сите страни, со малку послаба форма и сето тоа кошта многу на денешно време.
Ама кажано е ова на темава веќе 100 пати така да џабе се повторувам, само пак да кажам, тешки нареден вторник да дојдам на темава и да пишам: ФАЛА ТИ БАРСЕЛОНА ШО МЕ ДЕМАНТИРАШЕ.
 
Само Тељо место Алексис, а може и Адриано место Дани!

544348_615940828421567_771752534_n.jpg
 
Нема потреба од Пујол... Доволно е Алвес Пике Алба
Средината која и да стават си е иста игра...секако Иниеста Чави и Бускетс би се снашле најдобро..
Околу нападот Адријано Меси Вила Тело....
Милан немат играчи за контри, барем не како тие во реал...;)
--- надополнето: 4 март 2013 во 17:29 ---
Така е Роки (y) Браво само наместо Пике ја би го ставил Пујол
--- надополнето: 4 март 2013 во 17:28 ---

Што направи бе Роки (n)

Појавуваше грешка нешо ама се среди :)
 
576257_561577537196917_1636945754_n.jpg

Росељ искочи на прес и кажа неколку работи. Ова беше најглавното.



Барселона оди на летна пред-сезонска турена во Азија. Ќе бидат посетени Кина, Тајланд и Малезија. Шангај на 4-ти август., Банког на 7-ми август и Куала Лумпур на 9-ти август

Тито изледа добро кога го посетив, неговиот третман би требало да заврши на крајот на Март, одбројува да се врати назад.

Кога лидерот не е тука, секако дека тоа го погодува тимот. Но реакциите на последните резултати се претерани.

Бордот го назначи Тито Виланова за наш тренер, без разлика кога ќе се врати. За мене, Роура е херој што зема работа која не е негова. Овој економистов што дува бе ????

Ништо нема да се смени се додека Тито не се врати, дури и тоа да не чини губење на сите трофеи.

Ја искоментира и желбата на Марадона да го тренира Меси во Барса. Росељ одговори: Тоа нема да се случи.

Шпекулации во врска со Нејмар ?? Тој е играч кој нашите скаути и тренери го сакаат. Тој е на нашата трансфер листа.

Тито комуницира со играчите индивидуално, им праќа пораки им ја објаснува ситуацијата.

П.С Мислам дека на индиректен начин го најави трансферот на Нејмар и ги затвори устите на фановите и новинарите кои побараа замена за Тито.
 
Ништо нема да се смени се додека Тито не се врати, дури и тоа да не чини губење на сите трофеи.
Знаеме, господине Сандро Росељ.
 
Си кажав за гомново јас, дур не заминит само ќе тониме...
 
Да, да... Уницеф има умешано прсти. И вчера, и за Валдез.

Ќутат нашиве ко пизди увек, а мурињо не заборави и вчера да напомене дека знае како било кога ќе те ограби судија, алудирајќи на стартот на пепе врз цеск кога сакаше да му прекрши цеваница и заработи црвен. Ова да ти било исто, само што сеа она за Уницеф не важи. Не важи ни тоа што втор пат поминува на олдтрафорд со судии.
 
Остајте тоа,туку,поголема мотивација од ова што РМ помина понатаму нема да имаат нашите фудбалери.Ако им требаше мотивација,еве им...Нормално,ако ја сакаат Барса-а со тоа го мразат РМ,сигурно ќе сакаат да не паднат „подолу“ од нив...Па ајде да видиме....
 
Да, да... Уницеф има умешано прсти. И вчера, и за Валдез.

Ќутат нашиве ко пизди увек, а мурињо не заборави и вчера да напомене дека знае како било кога ќе те ограби судија, алудирајќи на стартот на пепе врз цеск кога сакаше да му прекрши цеваница и заработи црвен. Ова да ти било исто, само што сеа она за Уницеф не важи. Не важи ни тоа што втор пат поминува на олдтрафорд со судии.

Не беше врз Цеск Фабрегас туку врз Дани Алвес, али разбирам толку пратиш!
 
Наводно викендов против Депортиво ќе играме со Адриано,Тељо,Виља,Тиаго,Маскерано и Алексис,тие што ќе бидат стартери против Милан ќе одмораат....
Од една страна добро е што сериозно размислуваат да направат се за да поминат понатаму во ЛШ,капитените свикале состанок помеѓу фудбалерите да поразговараат за ситуацијата во клубот и најважниот меч во сезоната,се сменил и текот на тренинзите како пред финалето во ЛШ 2011 и лани пред финалето во купот и тн тн,но од друга страна може да заклучуваме дека Виља и Адриано нема да играат против Милан...
Интересно ќе биде ова недела !!!
 
Не беше Цеск Фабрегас туку врз Дани Алвес, али разбирам толку пратиш!

Секоја чест - ја укопча поентата. Не бил цеск, алвес бил.
Ептен си "разбрал"
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom