Фан Клуб: Барселона

  • Креатор на темата Креатор на темата Serpico
  • Време на започнување Време на започнување
Да да, лоша оранизација од страна на управата а би рекол и од страна на Тито зашто реално човекот не тргна со сите сили по некој стопер. Имаме два одлични ДМ играчи ( Бускетс и Маскерано ) а они се одлучија за уште еден сличен профил на играч... место за чистокрвен стопер, позиција на која реално бевме најтенки. Се надевам дека на крај од сезоната тоа нема да ни се удри од глава.
 
Супер игра на Тељо мора да признаам со тешко срце :)
Меси не извади по не знам кој пат. Како што пишував и во текот на летото и пред некој ден одбраната годинава ни е тапа. Повредите на клучните одбрамбени позиции ќе не искинат. Ако сериозно луѓево во управа не купат DC во зимски преоден тешко дека ќе бидеме копметитивни на повеќе фронта.
 
Сонг беше изгубен. Чави маестрален, Дани немаше свој ден.
 
кај и да е и цеск ќе го видиме како стопер
иначе ок бевме, не се трудевме многу, а тељо и санчез беа солидни
 
^ Зошто изгубен? Не беше ништо посебно, ама далеку од изгубен.
Дани немаше свој ден, после автоголот целосно падна.
Цеск исто така не беше на ниво(почнувам да се сомневам во тоа дали тој се вклопи кај нас).
Тељо на моменти губеше топки и беше катастрофален, но веднаш потоа, во наредната акција блеска.

МЕСИ :cuc:... И во такви натпревари, каде нема да се изнаигра баш како што тој знае, од нигде никаде ќе постигне 2 гола за пресврт.. тогаш кога најмногу е потребно! :cuc:
 
^ Изгубен бидејќи не знаеше кај тера. Оди да го маркира еден играч, а на другата страна остава голем простор. Неколку пати го поминаа ко од шала. Ова е одраз на тоа дека сеуште не е воигран доволно за да игра и стопер. Нашите стопери играат поинаку од тоа што го правеше Сонг вечерва.
 
На 7-ми играме со Реал, уф ќе биде тешко Пиќе да биде 100% спремен за тој натпревар со оглед на тоа што првичните информации викаат од 2 до 3 недели. За Пујол се знае веќе дека нема да биде спремен за тој дуел. Папала маца. :icon_mrgr:
 
Не бе, не ни е потребен стопер. Па, нели и да ни е потребен, невозможно е да се донесат, затоа што клубовите не сакаат да ги продадат оние играчи за кои бевме демек заинтересирани(а и Тиаго Силва и Хави Мартинез летово ги променија клубовите)... Ахх, бе управоо.
 
Gary Lineker (ex-Barcelona): "Another! Messi scores his 10th goal in 7 games this season. The only explanation is that he's an Alien."
 
Во второто полувреме, многу често слушав неразбирливи песни на Кампот, т.е. скандирања кои досега ги немав слушнато. Ми падна чудно, иако нон-стоп навивачите скандираа, не можев да разберам за што стануваше збор.
Сега, откако прочачкав по нет, всушност Каталонците од Камп Ноу ја продолжуваат битката за независност, скандирајќи ¡In, inde, independencia!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom