Фан Клуб: Барселона

  • Креатор на темата Креатор на темата Serpico
  • Време на започнување Време на започнување
Муниеса аут 6 месеци
Ај бе иди бегај пак ли ќе се случува ланската сезона:tapp:
Ако не се лажам Муниеса и пред неколку години имаше иста повреда(скинување на лигаментите) и паузираше скоро цела сезона. :unsure:
Под итно да се донесе стопер(кој ќе може да игра и ДМ). Сандро да не штеди, туку нека го донесе Хави Мартинез.
 
Гледам никој не пишува за засилувањата во Барса Б.
После 2те засилувања кои дојдоа од Спортинг, Барса Б се засили со уште еден играч. Иако има само 20 години, доста е познат во фудбалскиот свет. Серхио Араухо од Бока Јуниорс, оваа сезона ќе настапува во Барса Б, на позајмица. Младиот Аргентинец е еден од најголемите таленти во Аргентина. Само нека се развие одлично во Барса Б, иако е на позајмица, Сандро и Зуби ќе се погрижат да го задржат.
Иако им 'земавме'(мислам на првиот тим) неколку клучни играчи на момците во Б-тимот, со засилувањата и нормално со играчите кој доаѓаат од Јувенил А, очекувам Барса Б повторно да игра одлично во Сегунда. :)
 
Многу неактивен ни е фан-клубот. Сите или сте по одмори или гледате ОИ :icon_mrgr:
Маскерано го продолжи договорот со Барса до 2016та! Ова ми се допаѓа :)
Од клубот направија и видео со наслов 'Ти тоа го заслужуваш, Масче'
 
ФОТО: Фабрегас и Даниела малку се занесоа

Ебате будалата :pos:
fabregas2-500.jpg

*има уште слики во линкот, не е само таа :icon_mrgr:
 
Ако може една молба,да ми обајсни некој кој е сопственик на Барселона,знам дека се фановите но како таа добива пари за трансфери,плати на играчите итн итн и како функционира тоа,дали може некој од Македонија да стане дел од тие фанови сопственици?
Може и некој артикл да ми дадете.

фала однапред
 
За десетина минути играме против Казабланка со Хемфри Богарт и Ингрид Бергман во нивните редови :)
 
Алексис веќе погоди за 0-1.
Баш сакам да го видам Бартра како ќе се снајде, иако не верувам да има проблеми против овие.
 
Ако може една молба,да ми обајсни некој кој е сопственик на Барселона,знам дека се фановите но како таа добива пари за трансфери,плати на играчите итн итн и како функционира тоа,дали може некој од Македонија да стане дел од тие фанови сопственици?
Може и некој артикл да ми дадете.

фала однапред
Пиши му на Филе или на Бетмен Велит на фејсбук. Тие најдобро ќе ти објаснат. ;)
 
0-8!!! Децава не останаја покусо, само нив ги изгледав од 65 минута натака.
Иначе кога се очекува Виља да се врати во игра?
 
Хет-трик на Меси, 2 гола на Алексис и по еден на Алвес, С.Гомез и Деулофеу за победа од 0-8.
Ги изгледав последните 20ина минути, овие африканци никако не се мерило за јачината на оваа Барса, како аматери се понашаа, дали толку им е силата, дали се откажале, оти уште на полувреме било 0-5.
Иначе од тоа што можев да видам од овие 20ина минути а и од претходниот натпревар против Хамбургер, Деулофеу не ми се допаѓа! Никако во прв тим, местото му е максимум во Барса Б или во Јувенил. Џабе го најавуваа толкав талент, со главата наведната надолу и само сака да дрибла... искрено, нема да ми е мака да го продадат.

Головите:
 
Сезонава најголемо засилување покрај враќањето на Виља ќе ни биде Алексис.
Запамтете ми го зборот (y)
 
Валдес
Алвеш - Пиќе - Мартинез - Алба
Бускетс
Чави - Иниеста
Фабрегас
Меси - Нејмар

Ова сакам да го видам...​
 
Валдес​
Алвеш - Пиќе - Мартинез - Алба​
Бускетс​
Чави - Иниеста​
Фабрегас​
Меси - Нејмар​
Ова сакам да го видам...​
Ти пак сакај си. ;)
Дека ќе ги видиме и Мартинез и Нејмар во ист преоден рок во Барса, тоа ни Лапорта не може да го направи. Веројатно ниеден од нив нема да дојде, освен ако Зуби и неговите врски не проработат, па Баскијците да ја намалат цената за Мартинез.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom