Фан Клуб: Барселона

  • Креатор на темата Креатор на темата Serpico
  • Време на започнување Време на започнување
Јас не би го донел Торес ( во ваква форма ) за замена само со Куенка а камо ли и со Серџи Роберто и Монтоја. Многу грешите ако мислите дека ќе се вклопи во овааа игра на Барса,иста песна ќе биде како Ибра,ќе ги кочи акциите.Не е играч за Барса...А шоекулациите за Нејмар исто ми делуваат како предходните години со Фабре.јебига...
 
Моментално тројцава младинци не би ги трампал за ниеден фудбалер во светот а камоли за Торес, макар и у форма да е.
 
Каков Торес, што ви е на вас? Во некое подруго, минато време можеби би се согласил, ама сега, после неговите изданија оваа сезона, Торес покажува дека веќе е испукана пушка и тешко дека некогаш ќе си ја поврати голгетерската и играчката форма. Ќе му треба да се врати неколку скалила нанзад во кариерата(според негов речник, пошо нели според него Челзи бил врв на неговата кариера), додека сеуште има време, во една Малага на пример да одигра една година(кога со соиграчи како Мата, Старич и Лампард не може да игра на ниво, нека се проба со Санти Казорла, Хоакин Санчез и Апоњо), па ако си ја врати формата да мисли на играње во тим кој ќе биде конкурентен за титула(Ел Нињо воопшто нема освоено титула со ниеден клуб досега).
Така да, 28годишен напаѓач кој е вон секаква форма да планираме да го зимаме во нашиот тим(со Меси, Санчез, Педро, Цеск, Виља, Афелај, Иниеста, Чави, Тиаго) НЕ, БЛАГОДАРАМ!
 
Ова се минутите во кои Меси нема постигнато гол: 1 - 2 - 10 - 14 - 15 - 46 - 61 - 69 - 72.


da ocekuvame ovaa godina da se zapise i vo ovie minuti :)
 
Со ова ЕМД само уште еднаш докажаа колку се поназад од спорт.ес, за секоја, ама буквално за секоја вест што ќе ја напишат за Барса или за нешто друго. Сабајлево кога се разбудив ударна вест на страната беше тој глупиот трансфер, а сега се извинуваат и кажуваат дека била грешка. Во секој случај фала богу што е грешка:confused:
 
Со ова ЕМД само уште еднаш докажаа колку се поназад од спорт.ес, за секоја, ама буквално за секоја вест што ќе ја напишат за Барса или за нешто друго. Сабајлево кога се разбудив ударна вест на страната беше тој глупиот трансфер, а сега се извинуваат и кажуваат дека била грешка. Во секој случај фала богу што е грешка:confused:
Немаш прочитано баш ко шо треба....Каде се извинуваат и кажуваат дека е грешка ?
Во текстов само признаваат дека беше обична шала (таков е денешниот ден во Шпанија, еквивалент на први април). Никој разумен не поверува во вистинитоста на трансферот, и во коментарите на самата страна, повеќето знаеа дека е шега.
Освен аматерските странски (македонски) медиуми и неколку души на темава...
 
Пепели! Првата против Мадрид, а во последниве повеќето се за Фабре наменети, се гледа дека со нив двајца во тимот покрај сите останати шо си се немаме конуренција!
 
^ nekoi i ne se bas asistencii, a nekoi ne mozat da se smetaat, posto mislam deka natprevarite od gamper kupot ne se oficijalni
 
Гледав некои статистики за топ 4 лиги во Европа,и видов дека имаме најјака одбрана до сега оваа сезона,сме примиле најмалце голови од сите,само 8 ...
 
Само треба да се поправи играњето во гости, ништо повеќе. А после победата над Реал и уметноста во Јапонија...очекувам и тоа да се среди.
 
Леле у пм колку ми недостига Барса,ајде бе нека почнат побрзо....

п.с : Утре имаме меч Каталонија-Тунис,но не знам точно во колку сатот,повикани се сите наши,така да мора да се гледа...
 
Ова е мој последен пост оваа година...па сакам да ви посакам на сите фанови на Барса Среќна Нова Година, се најубаво, бидете здрави и среќни и да се радуваме на титули на Барса и во наредната година

VISCA EL BARCA!!!!!
VISCA CATALUNYA!!!!!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom