Фан Клуб: Барселона

  • Креатор на темата Креатор на темата Serpico
  • Време на започнување Време на започнување
Плус, 72 години не сме изгубиле кога првата утакмица од сезоната сме ја играле дома! :)
 
abA7ItGadx.jpg%20border%20=
 
Сега е јасно зошто Пеп го форсира Кеита цела предсезона да игра како ДМФ.

---Маскерано--Бускетс--Абидал---
-----------------Кеита---------------------
Чави--------Фабрегас-------Иниеста
-Санчез---------Меси-------Педро----

Јас би идел со оваа формација за утре. Мислам дека Санчез ќе го добие својот прв старт затоа што ќе биде покорисен на таа страна од Виља за оваа утакмица.

Виља не е доволно брз за го надокнади недостатокот на бекови.

П.С.

Не знам дали е ова постирано до сега ама е генијален преглед на тактичката игра против Порто во супер купот. Прочитајте:

http://www.barcelonafootballblog.co...iew-barcelona-20-porto-baras-dimensions-play/
 
Ако играат средина Чави-Цеск-Иниеста, па и пред нив Меси, без 3-4 гола не си одат од Кампот Виљареал.
 
Ако играат средина Чави-Цеск-Иниеста, па и пред нив Меси, без 3-4 гола не си одат од Кампот Виљареал.
Абе искрено мене ми изгледа дека секако ќе си одат со 3-4 гола у мрежа без разлика како ќе игра Барса.

Ги продадоа Капдевиља и Казорла, а не купија достојни замени така да ќе им дува промаја од десната страна на теренот, а знаме кој го користи тој простор.
 
ne veruvam deka barsa ke ja vidime nekogas so 3 stoperi a vo sredniot red so 4 igraci
se znae nasata formacija 4 3 3
 
Баш сакам да видам како ќе делува на терен формацијава погоре од индустриал, иако не верувам дека Пеп ќе излезе утре со таква формација.

Виљареал иако се нешто ослабени со продавањето на Казорла, сепак со Нилмар, Валеро и Роси ќе задаваат и те како проблеми.
 
Држи вода ова со крилата наши, погоре што напиша индустриал.
Кај нас се отсутни и Алвес и Адриано и Максвел. Ќе ни требаат крила кои се брзи и ќе покриваат многу назад, да не се осети промаја кај нас по страните. Затоа, нема да е чудно ако стартува Санчез, пред Виља.

--- надополнето: Aug 28, 2011 1:34 PM ---

Насловната страна на Спорт денеска:

1314477387516.jpg
 
309122_10150352450320469_351142070468_10219161_2808969_n.jpg


Сликава била од СП во Холандија за играчи под 20 години во 2005 година
Ко глупавиот и поглупавиот се на сликава :)

Едит: Незнам дали спомна некој ама вчера Барса Б на отварањето на Сегунда изгуби дома од Виљареал Б со 2-0 :)
 
Баш сакам да видам како ќе делува на терен формацијава погоре од индустриал, иако не верувам дека Пеп ќе излезе утре со таква формација.

Виљареал иако се нешто ослабени со продавањето на Казорла, сепак со Нилмар, Валеро и Роси ќе задаваат и те како проблеми.

Па Пеп ја употреби таа формација во реваншот од супер купот така што не би ме чудело сега да ја користи за цела утакмица кога и онака ќе има проблеми да најде и тројца одбранбени играчи, а не четворица.

Него, гледа ли некој што им се случува на Арсенал без Цеск? Венгер доби премија на лото 8/42.
 
Па Пеп ја употреби таа формација во реваншот од супер купот така што не би ме чудело сега да ја користи за цела утакмица кога и онака ќе има проблеми да најде и тројца одбранбени играчи, а не четворица.

Би сакал утре баш со таа формација да започне, и нормално да се менува во текот на натпреварот, во зависност од играта, но некако се мислам дека почетниот состав во одбраната ќе биде надополнет со Фонтас.
 
Guardiola: "Puyol is very close to returning, but we can't go too fast."

Значи утре без капитенот.
 
Утре мислам дека ќе нема многу проблеми со одбраната (иако имаме многу во аут) ако и само ако поседот и контролата на играта се во наша полза. Тогаш ќе има голови... но доколку Виљареал покаже заби и пробаат тактика налик на вториот натпревар од Суперкупот( Реал), тогаш би можеле да имаме проблеми. Но сепак, далеку поквалитетен состав имаме од подморницата, така да се надевам на добар резултат и секако добра игра.
 
Не може да игра Виљареал така пресинг како Реал а и да игра нема многу да издржи така.
Ако се игра во средината со Чави-Фабре-Иниеста тогаш ке дадеме голови но мислам и дека ќе примаме....Но Пеп знае најдобро,само Санчез место Виља и супер ќе биде( овој вториот не е во форма нешо)....
3-1 ....
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom