Силва ако потпише за нас (еднакво на научна фантастика е ова), Росел ќе го славам цел живот има и на внуците да кажувам за него

И јас си остнаувам на своето дека нас ни треба напаѓач налик Ларсон и еден стопер обавезно млад. Од тие тројцата што беа понудени ако не се постигне договор со Форлан (кој нормално е прва опција) и со Гуиза ќе биде ебење, за мене дечкото беше еден од појаките напаѓачи, ама некако не успеа да направи кариера. кануте во никој случај, потрошена роба е тој веќе одамна.
А сега кога ќе размислам ова со Силва е изводливо до некаде со оглед на тоа дека го земаа Ибрахимовиќ за без пари Милан, па некако мора да вратат за тоа.
Е сега доколку не се земе Силва, друга опција за стопер е Кјаер, кој мислам дека ќе беше совршен за Барса, ама лани мислеа само што да купат во напад, одбраната ја запустија (рака на срце го купија Адриано). Волфсбург си направија добар дил со него, искрено земаа еден од подобрите одбранбени играчи, па ако Барса успее некако да им го украде ќе биде и тоа како за фалење. Сега знам дека сите ќе рипнете за младинциве и како и они се млади, како можат да се носат на големи натпревари, ама реално не е така. И јас сакам они да успеат, ама од сите овие ако успеат двајца да се пробијат во прв состав ќе биде одлично. Сепак е огромна конкуренцијата и ќе им биде многу тешко на сите, бидејќи се очекува многу од нив и знаат дека со секоја грешка ќе одат еден ечкор подоле.
И мора да се продадат неколку играчи: Максвел, Милито, Хлеб (евентуално), Хефрен, Бојан и Дос Сантос можат да одат на позајмица.....ова со Бојан само доколку се земе напаѓач било каков, оти е очигледно дека ќе биде 6ти избор во нападот после Виља, Меси, Педро, Афелај и ?.
Јас се распишав на долго и широко, да не те фати несоница работава, па ако некој нема друго шо да прави нека читне, нема да му штети
