Фан Клуб: Барселона

  • Креатор на темата Креатор на темата Serpico
  • Време на започнување Време на започнување
Пеп мора да го смири темпераментот на Маске што побргу... Верувам дека Пеп ќе најде решение за тоа... Инаку Бускетс одигра солидно со Атлетико... Чави беше постојано маркиран од играчите на Атлетико, притисокот беше вршен на средината од теренот, па Бускетс одлично функционираше во таа последна линија со Пиќе и Пујол... Со ширењето на последната дефанзивна линија, Буски го заземаше централното стоперско место и се покажа добро...
 
Пеп мора да го смири темпераментот на Маске што побргу... Верувам дека Пеп ќе најде решение за тоа... Инаку Бускетс одигра солидно со Атлетико... Чави беше постојано маркиран од играчите на Атлетико, притисокот беше вршен на средината од теренот, па Бускетс одлично функционираше во таа последна линија со Пиќе и Пујол... Со ширењето на последната дефанзивна линија, Буски го заземаше централното стоперско место и се покажа добро...

Па добро ама многу ризично..премногу! Имаше некој си 2-3 грешки на Бускетс во тој предел што можеа многу да не заебат....ако веќе играме таква игра, мора да биде тоа до перфекција! Со подобри тимови од Атлетико, грешка на таа област од теренот е 90% гол за противниците. И можат понекојпат да ја рогнат таа топка, а не да се стискам цело време кога ќе нападнат уште таму. :)
 
Ауууу колку ми беше жал шо го пуштивме човеков. Со Роналдињо заедно беа убиствени, едноставно немаше сила шо можеше да ги запре. Можеби Роналдињо немаше да биде тоа шо беше да не му беше соиграч Ето. Ама како и да е тоа е веќе поминато идемо даље сега.

Не отварајте стари рани, се уште ми е криво за Ето, една од најголемите грешки што ја направи Барса во нивната историја ! И ден денес не ми е јасно зашто се ослободија од него. Знам дека се залагаше на секоја утакмица, знам дека беше позитивен во секое време, како во соблекувалната така и надвор од неа, бар тоа го збореа соиграчите. Го сакаа сите. Нстапуваше со голема желба, со срце и со голема мотивација. Едноставно гарантираше + 30 гола во сезона. Иако освои се со Барса, ( 2 ЛШ 4 Примера), мислам дека мотивација не му недостасуваше за уште титули, за уште бриљантни партии. Беше машина, беше проверен играч во Барса. Зашто Пеп се реши на таков чекор... никогаш нема да разберам. Што го натерало Пеп само Господ знае. :(

Нејкам да зборам сега...што би било кога би било, но мислам дека да го имавме ланската сезона, ќе го повторевме успехот од сезона 2008-2009. :)
 
Па Ето го држи моментално Интер на нозе, да не е он ќе се види шупливата игра на Бенитез. Али ај, да не навлегуваме оф-топик.
 
Kurajberi, od vreme na vreme ѕиркајте го блогчево за Пењата... http://blaugrana.mk

Сум решил од денес секој ден да ставам 2-4 вести, зависно од интересните новости, а кога ќе имам повеќе време ќе пишувам и авторски текстови со анализи, синтези, електролизи и словенски антитези :) Понудата за оние кои се сметаат за солидни пишувачи, како и оние кои јас ги сметам за такви, а ги спомнав порано, се' уште важи :) Ајде да направиме „македонска Total Barca“. И сајт ќе бидне кај и да е, ама дотогаш, на блогов ќе се снаоѓаме. Наш е, не е мој.

Visca el Barca.
 
Пред некој ден ја проверив,само една вест после Лондон калинг имаше.
 
Имаше де, ама ете пишав, од вчера ојме јако :) Сега ќе ставам уште неколку вести... и се надевам така ќе тече секој ден :) A кога ќе бидеме 3-4 пишувачи еден ден, има да фуче... здравје, со сајтот тоа :)
 
Редовно ја проверувам пењата, во bookmarks ми е, заедно со фан клубот.

--- надополнето ---

Инаку денес утре и во четврток се игра четвртото коло во Примера.
Барса игра утре, среда 22 септември против Спортинг.
Одиме на победа

 
Дедо му на Абидал починал денес. Абидал ќе се врати коа ќе може, али утрешниот натпревар го пропушта сигурно.
Џефрен е фит конечно.
 
Џефрен ни е фит, што е убаво сега кога го нема Меси.
Иначе натпреварот против Спортинг Хихон е посебен за Виља, тоа е неговиот прв тим, тим во кој ја започна својата професиоанална фудбалска кариера. Против нив има постигнато 2 гола(и двата од пенал) со тимот на Валенсија. Нормално, не ги прославува головите против Хихон, па така и утревечер, ако постигне погодок нема да прославува.
 
Џефрен ни е фит, што е убаво сега кога го нема Меси.
Иначе натпреварот против Спортинг Хихон е посебен за Виља, тоа е неговиот прв тим, тим во кој ја започна својата професиоанална фудбалска кариера. Против нив има постигнато 2 гола(и двата од пенал) со тимот на Валенсија. Нормално, не ги прославува головите против Хихон, па така и утревечер, ако постигне погодок нема да прославува.

:) Хихон е посебен не само за Виља, туку и за уште еден ѕвер, според мене наследникот на Пеп на клупата на првиот тим, еднаш кога / ако Гвардиола се одлучи да замине :)

„Покрај мечот Барселона - Спортинг Хихон [инаку, „матичниот“ клуб на тренерот кој ја внесе Барселона Б во втората шпанска лига, и легенда на А-тимот,Луис Енрике], утре Зарагоса ќе ги вкрсти мечевите со тимот кој иако осоколен по триумфот на Камп Ноу загуби дома од Валенсија во неделата, Херкулес, а Алмериа ќе го пречека Леванте - четири тима кои веројатно ќе ја бијат битката во долниот дел на табелата во поголемиот дел од сезоната и кои загубија во своите мечеви викендов.“

Blaugrana.mk
 
Серпико, Те молам малку средиго воведов на Темава, посо имас спомнато дека Нубскиот вовед ке го смениш со постовите од дечките што нешто напишале, Тоа се Боки итн, за стадионот што имаат пишувано..

Позздрав.
 
Сега ти го видов напишаното, искрено, откако го средив колку толку, како за почеток, воведот :))) Значи, на исто во ист момент сме помислиле :)
А кога ќе ја средам историјата на клубот за порталот на пењата, ќе ја ставам таа.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom