Фан Клуб: Барселона

  • Креатор на темата Креатор на темата Serpico
  • Време на започнување Време на започнување
Јас верувам дека ќе победиме вечерва на Висенте... Воопшто не е важна ,,традицијата'' последните 2 години... Сега победата ни е потребна повеќе од било кога, и верувам во играчите и во Пеп дека ќе си заминеме со 3 бода од Калдерон...
 
Нема ама ич да ме чуди,да ги наполниме до врв вечерва...
 
Секако дека е битно во каков ритам ќе улеземе, но за згуснатиот распоред не би се сложил многу многу. Играме така скоро 2 ипол години (календарски) на највисоко ниво, во сите натпреварувања. Не е тоа мерило (ниту оправдување) за било каков лош резултат. Многу е рано да се прогнозира или да се предава титула на некој друг кога поминале само 3 кола од сезоната. Се може да се случи, затоа е интересен фудбалот, а и знаеме дека сме најдобри кога треба да бидеме...

Никако и не смее да биде оправдување или алиби згуснатиот натпревар.
Сепак, вечерва не играме финале во ЛШ, и самиот Бојан изјави дека ако изгубиме на Калдерон, тоа нема да биде тотална катастрофа(иако според мене ќе биде близу до неа), меѓутоа ние сме Барселона и секогаш одиме на победа. Па и кога играме под притисок речиси никогаш не играме тешко. Лани против Интер на Кампот(1-0) имаше виша сила(Франк де Блекере).
 
Никако и не смее да биде оправдување или алиби згуснатиот натпревар.
Сепак, вечерва не играме финале во ЛШ, и самиот Бојан изјави дека ако изгубиме на Калдерон, тоа нема да биде тотална катастрофа(иако според мене ќе биде близу до неа), меѓутоа ние сме Барселона и секогаш одиме на победа. Па и кога играме под притисок речиси никогаш не играме тешко. Лани против Интер на Кампот(1-0) имаше виша сила(Франк де Блекере).

А интересно е, секогаш кога губиме на Калдерон ОСВОЈУВАМЕ ТИТУЛА !!!!
 
Нема врска тоа, вечерва одиме на победа и на ништо друго. Единствено нешто што сакам е да ги видам да излезат мотивирани, да докажат, да бидат гладни за гол, да напаѓаат... тоа ни фалеше на натпреварот против Херкулес
 
Вечерва се оди на победа...тоа е јасно!

Мотивацијата е голема,во тоа не се сомневам бидејќи Пеп знае да ги мотивира ненормално играчите.
Сега кога пак имаме голема брзина во играта ќе ни биде полесно,а кога Меси,Виља и Педро ќе ротираат напред сигурно тоа ќе ги збуни одбранбените играчи на Атлетико!

Средниот ред очекувам да биде ист значи Чави,Иниеста и Бускетс.Не верувам дека Пеп би ризикувал со Маскерано кој се гледа дека сеуште не е адаптиран на стилот на играта.
 
nema da mi bide ic krivo ako izgubime od atletiko no ako gi pobedevme herkules
a stom se posramotivme strasno pred herkules vecerva pomalku od 3 gola ne priznavam nisto
 
Así, el Barcelona jugará con Valdés en la portería; Alves, Piqué, Puyol y Maxwell en defensa; Xavi, Busquets e Iniesta estarán en el centro del campo y delante jugarán Pedro, Messi y Villa.
 
Како што се очекуваше... Истиот состав од вторник, само Максвел на местото на Ерик...
 
Значи како што и се очекуваше.

Моментално овој ни е најдобриот состав кој го поседуваме.

Одиме на победа :)
 
Вечерва ќе треба јако да се испотат играчите за трите бода. Знаеме како игра Атлетико против нас на домашен терен, знаеме колку се мотивирани. Очекувам доста напната утакмица и борба на средината од теренот.
Од играчите очекувам максимално залагање и мотивираност. Ако ја играме нашата игра...головите и победата сами ќе си дојдат. :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom