Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Секако дека е битно во каков ритам ќе улеземе, но за згуснатиот распоред не би се сложил многу многу. Играме така скоро 2 ипол години (календарски) на највисоко ниво, во сите натпреварувања. Не е тоа мерило (ниту оправдување) за било каков лош резултат. Многу е рано да се прогнозира или да се предава титула на некој друг кога поминале само 3 кола од сезоната. Се може да се случи, затоа е интересен фудбалот, а и знаеме дека сме најдобри кога треба да бидеме...
Никако и не смее да биде оправдување или алиби згуснатиот натпревар.
Сепак, вечерва не играме финале во ЛШ, и самиот Бојан изјави дека ако изгубиме на Калдерон, тоа нема да биде тотална катастрофа(иако според мене ќе биде близу до неа), меѓутоа ние сме Барселона и секогаш одиме на победа. Па и кога играме под притисок речиси никогаш не играме тешко. Лани против Интер на Кампот(1-0) имаше виша сила(Франк де Блекере).
Значи како што и се очекуваше.
Моментално овој ни е најдобриот состав кој го поседуваме.
Одиме на победа![]()