Не ми се верува какви се шпекулации излегуваат во јавност. Имаат ли тоа англиските весници уредници што ќе прочитаат што иде во штампа бе? Не само што ќе сме го дале Ибра во Милан на позајмица дури и ќе сме му плаќале 50 % од платата (6/7 милиони евра годишно) само за он да може да оди и да им помогне на Милан не освојат трофеј уште 10 години.
Знам дека на дресовите на Барса им пише УНИЦЕФ ама сепак не сме добротворна организација ниту глупи да плаќаме пари за некој играч да игра ЗА ДРУГ КЛУБ. А и да не се лажеме ако си иде Ибра имаме огромна дупка во нападот што нема да може да ја покриеме до следното лето. А за тоа да се вклучи Бориело во трансферот не сакам ни да коментирам, не знам како заврши во Милан, очигледно веќе со години не бираат кого ќе купат, ама таков играч е далеку од нормата потребна да се игра во Барса.
Жал ми е ако им кршам филм на некој навивачи на Милан ама ја да сум на нивно место воопшто не би се надевал на ваков трансфер.Доволно е само да си повтори човек на глас „Барса и Милан ги трампаа Ибрахимович со Бориело, Барса ќе доплати уште 6 милиони евра“ за да сфати каква тешка заебанција е ова. Знам дека звучи како бајка за навивачите на Милан ама за жал тоа и е - само бајка.
П.С. Иначе честитито нов фан клуб и да прославиме многу трофеи во него и да се испише побрзо и од претходниот кој го наполнивме за помалце од една година.