Фан Клуб: Барселона

  • Креатор на темата Креатор на темата Serpico
  • Време на започнување Време на започнување
Прво ќе почнам од голманот, одлична партија на Пена, одбрани некои клучни шутови, се покажа во најдобро издание. За Мартинез и Кубарси не знам шо да кажам, врвна партија и од двајцата, дали една грешка имаа. Педри и Касадо на средина исто, за нападот веќе знаеме. За крај, фала ти Флик шо одлучи да дојдеш во овој клуб :smirce:
 
Еден човек е разликата од лани, најбитниот, не во најлудите замисли не можевме да претпоставиме дека вака ќе се промени се, дека ќе ги имаме овие резултати и игра. Сега официјално, хер Флик.
 
Овој Касадо играше лани?

21 година и не малку, за талент што треба да добие шанса во Барса.

Отсекогаш бил сметан за голем талент или од никаде се појави и искористи шанса?
 
Викаш, ако има потреба да се изедат гомна за Јунајтед, ке се направи тоа, па макар и во Фан Клуб Барселона...
Во ПЛ не ми е интересно веќе док не се смени ситуацијата.:LOL:
 
Овој Касадо играше лани?

21 година и не малку, за талент што треба да добие шанса во Барса.

Отсекогаш бил сметан за голем талент или од никаде се појави и искористи шанса?
Се повреди Бернал за цела сезона, уште еден талент од Ла Марија што не го знаевме, па му даде шанса на Касадо. Додуша го знаев Касадо само поради тоа што беше на клупа лани во ЛШ кога ги гледав во живо, ама го немав видено како игра. Страшен е, од кај ги вадат играчиве стварно немам појма. Се нервирав што не купивме ДМ, мислев пропадна сезоната пред да почне. Затоа јас пишувам експертски мислења на форум кајгана а Флик е тренер на Барса [emoji28]
 
Летово ги гледав против Милан и Реал на турнирот во САД.

Се виде дека Бернал е талентирано дете, а и дека Барса смета на него.

За овој Касадо ми беше чудно затоа што не добил некоја шанса порано, затоа мислам дека клубит не очекувал многу од него, не бил меѓу оние деца на кои се кладеле и дека повеќе сплет на околности го доведе до тука, отколку што планирале дека можел да има ваква улога во тимот.
 
47 голови на 14 утакмици вкупно оваа сезона. Каква ебена перверзија е овој податок, ме мрзи да гуглам али не памтам јас ваква статистика ни од Барса на Пеп ниту пак на Лучо.
 
Флик бил решен да дојде во Барса многу одамна и пар понуди имаше одбиено ради Ла Масија само.

Да не заборавиме со таа школа го допреа врвот, одма чим ја запоставија таа идеологија допреа страшни бламови.

Ла Масија одсекогаш е тука само Флик е чист пример дека треба да знаеш како да ги искористиш. Браво голем човеку, на 2 пати се дрзнав да пишам дека не штима нешто одма инстант демант. Па до крај сезона макар 10 0 си изгубил нема да се осмелам лош збор да кажам за тебе.

Фала ти мајсторе, зборам во името на сите дека бевме песимисти после заминувањето на Гундо и неуспешното носење на ДМФ па и Нико. Успеа со дечишта да извадиш 47 гола на 13 утакмици и со 90 офсајди сезонава.

Каква е оваа игра каква е оваа Барселона. :vozbud:

За добра ноќ на сите:

1000069452.jpg

1000069451.jpg
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom