Фан Клуб: Барселона

  • Креатор на темата Креатор на темата Serpico
  • Време на започнување Време на започнување
Ај вака малку со ладни глави.

Гледајќи од Рајкард па кои тренери сме ги имале после него?
Пеп, Виланова, Роура замената кога Тито имаше рак, Тата Мартино, Енрике, Валверде, овчарот и на крај Куман. Никој од овие не беше докажан во тренерските води ниту пак Чави а реално он да ја имаше прајм Барса како другиве мислам друга песна ќе се свиреше. И да имаат пари нема како да донесат аутсајдер за да го води клубот.

Сите го ругаме Чави што е неоспорно од негова страна и него личи ама дај сериозно, зар моментално ќе добиеме подобра понуда од него?
Ако цената е Чави да остане уште една сезона за по наредната сезона да се има светска класа тренер ја со 2 раце прифаќам.

Факт е дека сезонава во ниту еден момент ги немаше сите на располагање и мораше некои глупи ротации да прави ниту имавме адекватни замени за истите.
 
Чави знае да постави игра,знае како со млади играчи,знае да го прочита противникот ама човекот си има проблем во главата.Не знае да води под притисок,премногу е нервозен и прави глупави грешки.И затоа кога ќе примиме први гол дур е тој тука ретко сме се враќале брзо во игра и да доминираме до крај.Да,имаше неколку пресврти ама сите беа на индивидуален квалитет и со среќа во последните минути.Како и да е ако играчите го слушаат и му веруваат нема причина да не остане барем уште една сезона.
 
Nooo se vendeeee Xavi.

Како шо му пееја миланезите на Кака под прозор во 2009 год. :pos:
 
Врти сучи Левандовски пак далеку најдобар стрелец во однос на другата боранија шо ја имаме во нападот.

Пак ќе кажам, можеме оваа лето да си го дозволиме Дибала. Само 12 милиони е откупната клаузула, се што треба е да се договорат со играчот.
 
Со секој рефреш, примаме гол (реков дека нема да ги гледам веќе). Ова е тизер за следната сезона, ни за второ место нема да се бориме.
 
Лапорта мора да има добиено излив на мозокот, не можам да си го објаснам ова катастрофално владеење. Уште од почетокот на мандатот.
Се што направи, заеба. Сега гледам дека не сметаат на Роке, ќе продолжуваат договор на Роберто. 100% ќе земат некој 32/3 годишен. Ова владеење е исто како на Бартомеу, со него барем некоја титула собравме..
Како што кажав, ја следна сезона, ако вака продолжат - нема да гледам. Не дека на нив тоа им значи де, ама барем ја ќе скратам од нервози.
 
Трансферот на Паулињо имаше повеќе смисла од тој на Роке. Не ми се верува заради бонуси да не добива минути, има нешто друго. Наводно Чави и муабет не му правел тотално го игнорирал.
 
Лапорта мора да има добиено излив на мозокот, не можам да си го објаснам ова катастрофално владеење. Уште од почетокот на мандатот.
Се што направи, заеба. Сега гледам дека не сметаат на Роке, ќе продолжуваат договор на Роберто. 100% ќе земат некој 32/3 годишен. Ова владеење е исто како на Бартомеу, со него барем некоја титула собравме..
Како што кажав, ја следна сезона, ако вака продолжат - нема да гледам. Не дека на нив тоа им значи де, ама барем ја ќе скратам од нервози.

Те молам само не го ставај Лапорта во иста реченица со убиецот на клубот, а продолжувањето на договорот на Роберто, и неиграњето мжна Роке е чисто масло на Чави. А факт е дека Чави е најдоброто решение за тренер моментално, земајки ја во предвид пред се финансиската ситуација во која клубот се наоѓа благодарение на масакарот на Барто и Росељ цели 10 години. Барто го имаше Лео тие 10 не заборавај, и најмалку уште 10 трофеи ќе освоивме тие 10 години доколку беше Лапорта претседател!
 
1. Лапорта вети дека ќе го задржи Меси - не го задржа.
2. Лапорта му се молеше на Чави последните два месеца да остане - се што прави Чави, е одобрено од Лапорта.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom