Ај честита нека ни е титулата во ЛШ и нека ни се множат. Одамна немам пишано на форумов, гледам почнавте за трансфери да пишувате, па да си го кажам мислењето
Сите сте го ставиле Хосе Анхел како купен, а пред 20 мин кажаа дека преговорите неуспешно завршиле, па мислам дека ќе се бара нов лев бек, врска немам кој ќе биде, како што немав врска кој е Хосе Анхел, зошто го зедоа Максвел или Адриано, сите леви бекови ги зедовме изненадно, па нема да се обидам да прогнозирам кој ќе го земеме. Колку и да не сакаме ние фановите на Барса, мислам дека и во овој трансфер период, Росел ќе биде главно преокупиран околу Цеск и изгледа ова лето и ќе го земеме за околу 35 милиони. На една статија на спорт.ес беше напишано дека ќе имаме околу 50 милиони за трошење + парите што ќе ги добиеме од продадените играчи, според мене Милито (5 - 10 мил), Максвел ( околу 10 милиони), Џефрен (околу 10 милиони), Касерес, Хенрике и Хлеб сигурно ќе бидат продадени, (околу 15 милиони заедно), Ибрахимович 20 милиони од Милан и можеби уште некој трансфер, што значи ќе имаме околу 100 милиони за трошење, но сигурно нема да ги искористиме сите. Со купувањето на Цеск, ќе има уште 70?милиони. За напаѓач преферирам да биде Санчез, го имам гледано неколку пати и секогаш ме импресионираше, ама нема да ми смета да го земеме и Роси, добар е пред гол и има добра техника. За централен дефанзивец Пеп повеќе пати истакна дека повеќе сака да ги користи Абидал, Маскерано и Бускетс отколку да купува некој нов халф, единствено можно е Ботиа да се врати, очекувам Фонтас да биде се повеќе во првата постава и сигурен сум дека нема да купиме ЦБ освен Ботиа. Не треба многу да менуваме во составот, но мораме да купиме некои нови играчи кои ќе донесат нешто ново на екипата, затоа што Реал е посилен од сезона во сезона.
Голмани: Валдес, Пинто
Десен бек: Дани, Адриано
Халф: Пујол, Пике, Абидал, Фонтас, Маскерано, Бускетс, Ботиа?
Лев бек: Абидал, Адриано, некој нов?, Фонтас, Пујол
Деструктивец: Бускетс, Маскерано, Кеита
Плејмејкер: Чави, Иниеста, Кеита, Фабрегас, Тиаго, Афелај, Бускетс
Напад: Меси, Виља, Педро, Бојан, Афелај, Роси/Санчез
Од 2012/2013 очекувам Делоуфеу да добива повеќе време во првиот тим на Барса
