Фан Клуб: Барселона

  • Креатор на темата Креатор на темата Serpico
  • Време на започнување Време на започнување
Najjakoto e shto se pishuva deka Gundo za bez pari ke zamini.
Samo kaj nas go mozhi ova, world class igrach under contract da zamini bez transfer fee.
 

Управата лани го договори на free трансфер, му даде дупло плата (9м нето) одколку што земаше во Сити и сега ќе го дадат за точно 0 евра поради платата :tapp:

Иначе
Де Јонг 18м нето
Левандовски 16м нето
Фати 6.7м нето
Ленглет 5.7m
 
Овие двата ќе ги продадат
а кој ќе им даде ваква плата :icon_lol:

реално играчи за во резерва за просечен прволигаш

флик ако не ги спреми играчите како што му беа во баерн пречкртајте ја уште сега сезоната.....со вакви циклуси на повреди и неспремни играчи нема ниеден тим што ќе функционира,а камоли да носи резултати
 
Јуве фан овде, управава ваша изглеа од Паратичи учела преплаќање на играчи, и продавање под минимум/раскин договор :D
 
Од Нико Вилијамс па до Луис Диаз па кај можеби најголемата трансфер утка Леао и на крај дојде Федерико Киеза.:aplauz:

3 години договор со наводна негова желба да дојде и да зима скромни 4 милиони во спротивно што зимаше во Јуве 5 милиони. Па дечки, во ваков епски очаен трансфер период ова на Барса и е мокриот сон.:pos:

Уште пострашно е што навистина се работи за еден добар фудбалер и во некој случај успее да остави феноменални партии, овој клуб ќе искешира очајно како со Кеси. За наредна пак да идат на Нико.
 
Последно уредено од модератор:
Нели влечеше некоја хронична повреда овој Киеза или грешка сум?

Последната година сум катастрофа со пратење актуелности во спортот воопшто.
 
Ај за Лапорта да си оди треба или избори или оставка...ама зошто побогу е Деко во клубов сеуште? Го купи Роке за 30+30 милиони или нешто слично ако не се лажам, му даде 7.5 години договор, одигра пола утакмица и го отпишаа. Сега уште 7 години товар ко Ленглет, Умтити на времето итн., па ќе го позајмуваат од клуб до клуб некој друг бар пола плата да му покрива. Која е смислата на сето ова? После вакво аматерско фијаско како е можно уште да си на функција?
 
Уште одкога започна преодниов рок па дојде Европското цело тоа време управата имаше време да анализира да прави математики шеми,кастинзи за НИко за заден везен (Мерино),па што ако НИко ОДБИЕ да дојде истото и за Мерино,после цело време повуци-потегни со НИко све оставено на stand by (А за тоа време можеа да се ослободат од вишокот) сега (Читај добро) ВО ПАНИКА клубот прави се во негова моќ да се ослободи од вишокот и очигледно по секоја цена сака да договори крилен напаѓач,и од толку имиња изборот падна или највероватно ќе падне на Киеза-Играч кој никогаш не би им паднал на ум ниту да биде на некој поширок или потесен кастинг а не пак приоритет.Мене овај потег на Лапорта во Бартомеу стил мие како онаа поговоркана:Дај шта даш,јас немам ништо против Киеза дечкото нема допирна точка со Барселона клубот и со стилот на игра,а Јуве или го продава поради финансиска причина или падот на формата поради тешката повреда кога ги скина лигаментите на коленото која ја доживеа кон крајот на 2021.Замина Гундоган во Сити најдобриот играч минатата сезона има многу аргументи и за добро е дека замина а и лошо е што замина,Гави Бог зна во каква форма и кога ќе се врати,Педри малку на терен малку во болница,не се донесе везен играч сево ова е уште еден доказ на перфектното менаџирање на управата.
 
Киеза кога би се вратил како пред тешката повреда би бил топ крило,ударната игла на азурите,сега е рамо до рамо со феран торес и ништо повеќе...... да вредеше ќе се тепаа премиерлигашите кои пари не жалат последните години
 
Нели влечеше некоја хронична повреда овој Киеза или грешка сум?

Последната година сум катастрофа со пратење актуелности во спортот воопшто.
Скина лигаменти 2022, паузираше 11 месеци, у меѓувреме додека се лечеше му снимија документарец од Амазон Прајм за повредата, потоа пропадна и никогаш не ја врати формата од предходно, на Европското проби дно (како и цела Италија)... Читам 6-7 милиони ќе сте му давале плата, со здравје да си го користите
 
Скина лигаменти 2022, паузираше 11 месеци, у меѓувреме додека се лечеше му снимија документарец од Амазон Прајм за повредата, потоа пропадна и никогаш не ја врати формата од предходно, на Европското проби дно (како и цела Италија)... Читам 6-7 милиони ќе сте му давале плата, со здравје да си го користите

Знам дека имаше една тешка повреда играч на Јуве, не бев сигурен дали е он.

Јбг ќе зима дупло помалку од Гундо, а бара Лапорта звучно име за политички поени.
 
Знам дека имаше една тешка повреда играч на Јуве, не бев сигурен дали е он.

Јбг ќе зима дупло помалку од Гундо, а бара Лапорта звучно име за политички поени.
Овој ако е звучно име за Барселона нека се распушти клубов по итна постапка.

Друго е финтата...лани Мендеш агентот му беше ортак па правеше ујдурми, трансфери со него. Сега Рамадани (инаку по потекло од браќата наши) му е ортак, т.е. неговата агенција Лиан Спортс, кајшто случајно е и синот на Лапорта, и тоа со сопственички удел [emoji848]. Рамадани и агенцијава го застапуваат Киеза и оној бекон од Алмериа со кого што не поврзуваат исто. Не е уопште конфликт на интереси синот на Лапорта да профитира од трансфери на Барселона, nothing to see here.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom