Фан Клуб: Барселона

  • Креатор на темата Креатор на темата Serpico
  • Време на започнување Време на започнување
  • September 19: Barcelona vs Royal Antwerp
  • October 4: FC Porto vs Barcelona
  • October 25: Barcelona vs Shakhtar Donetsk
  • November 7: Shakhtar Donetsk vs Barcelona
  • November 28: Barcelona vs FC Porto
  • December 13: Royal Antwerp vs Barcelona
 
Да не летаме во облаци многу:Пред се се сложувам одлично завршена работа на Деко и Алемани со оглед на финансиската состојба кризата и тие зафрканции од Ла лига на чело со Тебас епилогот е 6 засилувања и дури 14 заминувања АМА едно големо АМА ростерот остава доста сомнежи:Дали можеше подобро или ова е максимумот/Дали ростерот е подобар или полош од лани некаде крајот на фебруари почетокот на март ќе добиеме појасна слика,пред се многу отворени прашања некаде крајот на Март почетокот на Април кога се шпекулираше за Зубименди и Кимих (Како замена за веќе отпишаниот Бускетс) за на крај да се донесе Ромеу енигма е со каков статус доаѓа Ромеу како стартер или како замена?Друга работа е тоа што уште од сега се гледа еден голем пропуст замина Алба НЕдонесоа лев бек Алонсо не е никаква замена (Ниту е третина од тоа што беше Алба) нарочито во овај систем каде левиот бек треба да има брзина експлозивност и тотална слобода напред а и во никој случај Алонсо може да е стопер,друга работа замина Гарсиа се сложуваме сите дека требаше да замине АМА од друга страна со оглед на честите мускулни повреди на Араухо Кристенсен дали можи беше подобро да остани? Ињиго не го рачунам овде како што тргна се ми се чини дека ќе биде Вермален втор дел малку на болница малку на терен.Го форсираат Јамал го најавуваат Роке како МЕГА засилување па не знам колку Чави би имал храброст да се ослони на нив (Со ваквава форма на Левандовски) ако дојде некоја ситуација како на Олд Трафорд лани или пак тие Ел Класика во април? Случајот Дембеле:Барселона добро направи што се ослободи од Дембеле уште тогаш Бартомеувци продаваа филмови како мега засилување платено 125-Милиони замена за Нејмар а Дембеле кутриот ни до колена не му беше на Нејмар 5-Сезони се чекаше да проработи и никако да проработи да биде предводник во нападот и сам да решава утакмици а тој повече на болница одколку на терен башка си имаш работа со контраверзен агент (Сисоко) кој секогаш бара пари уценува и ултиматуми дава.Збор два и за засилувањата за Гундоган иако е во години засилување топ стартер беше кај Пеп одлично го знае и разбира стилот на игра Феликс не би рекол дека е готов продукт би кажал страшен талент кој направи неколку грешни избори во кариерата (Тој или Мендеж) Кансело исто готов продукт стартер кај Пеп со искуство во Ла лига само енигма е дали овие засилувања се трансфер на Лапорта и Хорхе Мендеш или консензуален трансфер за кој согласност дадоа Чави Деко и Алемани бидејќи (Незнам за Кансело) ама Феликс беше желба на Лапорта.И на крај неколку зборови за Чави:Пред се лигата на шампиони со оваа група ако НЕ се помини комотно Чави да си даде отказ што се однесува до Чави незнам до каде ќе оди со неготово инаетење измислување топла вода со овие формации ростерот е разновиден (Има аномалии) ама ќе видиме како Чави ќе го изменаџира сето тоа размислите за сево ова.
 
Роберто доби награда за одиграната утакмица со Виљареал :pos: Не дека Кансело го очекував стартер после еден тренинг, но подобро Кунде на бек или 3-5-2 формација од ова. А и да , повторно само со едно крило почнуваме, Феран Торес заслужи старт повеќе од било кого. Чави освестувај се до дека е време.
 
Лева е спремен за на клупа.

Ќе видиме како ќе се покаже Роке од јануари, ако е добар може да се размислува за продажба на Лева да се извади некое евро наредно лето. Арапите нудеа 40 мислам оваа лето.
 
Барал уште еден офанзивец бе..... ОФАНЗИВЕЦ?!?!?!

Торес во каква форма е, он го остава на клупа... секоја утакмица исто, место во прво да дадеме 2-3 гола и да ја решиме, он ги исцрпува играчите 100 минути секогаш.
Да му ебам све најмило!
 
Јас лично почнувам да се сомневам во квалитетите на Гави. Освен борбеноста детето не покажуваа баш некои сјајни квалитети со кои да се издвојува па дури да игра и прва постава. Се надевам дека грешам оти следно лето ако дојде добра понуда нека го дадат.
Настрана што и карактерот му е никаков.
 
Последно уредено:
Фали пробивно крило, да се надеваме дека Балде и Кансело ќе надоместат.

Левандовски е печен за на клупа, секој потег му е спор, само брбори со играчите и судијата. Малце треба да се олади на клупа, да му покажат дека треба да се избори за место, не е никому гарантирано.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom