Не сакам да ви ја рушам забавата, али Барса во моментов има само 11 или 13 играчи регистрирано.
Уште ги немаат регистрирано новите договори на Гави, Араухо, Серхи Роберто, Маркос Алонсо, Инаки Пења и плус на новите играчи Ињаго Мартинез, Илкај Гундоган, Ориол Ромеу.
Башка 16% од уделот во Barca Studios што требаше да им ги продадете летово на некој Германски Инвестициски Фонд, можно е да се повлечат, а од таму требаше да добиете некоја финансиска инекција од 65 милиони евра, што веќе сте им ги презентирале на Ла Лига кога ви го одобрувале оној планот за регистрирање и купување на играчи.
Во моментов продажбата на Дембеле и Кеси ќе ви ги регистрира постоечките играчи кои ги немате регистрирано.
За да купувате нови, ќе мора да продавате други играчи, али Барса во моментов повеќе размислува да ги регистрира постоечките (што треба да се случи во наредните неколку денови откако ќе се официјализира продажбата на Кеси и Доембеле) па после да мисли на нови играчи.
Пеп денес имаше изјава, цело време зборат дека ги сакаат Кансело и Бернардо Силва а сеуште не сме добиле никаква понуда.