Фан Клуб: Барселона

  • Креатор на темата Креатор на темата Serpico
  • Време на започнување Време на започнување
Ќе не кошта пласман, нормално дека ќе му се наебеме мајки и шајки. После со Гранада ако сака и 50 гола да даде џабе е.
Жив човек е, после првиот зицер почнуваат фрустрации, нервози, притисок се тоа влијае врз понатамошниот дел од утакмицата.
Можеше комотно да има хет трик, тогаш ќе беше херој. Добро позиционирање има, влегуваше во доста шанси и тоа е позитивно.
Не му тргна денес, тоа е тоа. Со иста игра ( и подобра завршница секако) можеме да ги поминеме Наполи.
 
Добра гала 11-ка со оглед на распоредот и календарот што следува,резултатот НЕ ја одсликува реалната слика на теренот.Требаше многу повеќе голови а и не е проблемот само во Торес општо некако потфрлија сите напред.Па не можиме све да очекуваме од Феран (Се сложувам дека можеше/мораше подобро да реагира) ама како ајде млад е добро е што има шанси головите кога тогаш ке дојдат,НО неможиме да го обвинуваме само Торес Што со Адама кој нон=стоп дуплиран беше,само некои спринтови покрај аут линијата што со Аубамејанг каде што го преспа цело прво полувреме.
 
И мене ме изнервира Торес ама нема потреба од толкаво хејтање на дечкото. Сепак е млад играч, вакви работи им се случувале и на докажани фудбалери. Промаши зицер по кој примивме гол и секако дека тоа психолошки многу лошо влијае. Има капацитет, само треба да поработи на реализацијата. Обамејанг имаше послаб меч според мене.

Вечерва е штета како не успеавме да победиме. Фрустрирачки е како еден куп битни мечеви бевме блиску до победа и пак ништо. Секако ќе биде потешко во Италија ама па ништо не е изгубено уште. Можеме да ги победиме во гости.
 
Ќе не кошта пласман, нормално дека ќе му се наебеме мајки и шајки. После со Гранада ако сака и 50 гола да даде џабе е.

Големата работа ќе испаднеме од Лига Европа!
Испаднавме од ЛШ па сега ќе се нервираме за ЛЕ. Нека гледаат таму Ла Лига сега.
 
Незаслужен резултат вчера. Требаше 5 гола да и дадеме, ама што е тука е. Конечно ствараме шанси, имаме игра. Головите ќе си дојдат сами по себе. Феран ќе биде играчиште, ќе видите. Има одлично движење, влегува во шанси, реализацијата ќе дојде сама по себе. Добро кажа Чави, кога на еден Суарез му требаа неколку месеци за да почне да постигинува голови во Барса, што останало за другите.

Заклучок: На прав пат сме, потребно е време, ништо не бидува преку ноќ. Имаме добар костур за во иднина (Педри, Гави, Де Јонг, Фати, Араухо, Нико итн итн). Со Чави не се согласувам во една работа. Дека Бускетс е клучен играч, дека Пиќе е клучен играч , дека Алба и Роберто се клучни играчи. Можеби сите се биле клучни играчи еден период (Роберто никогаш не бил, освен голот со ПСЖ и спринтот на Бернабе ништо друго не паметам паметно да направил) Се надевам на Роберто нема да му го продолжат договорот и Пике ќе е во пензија веќе на лето. Со другите двајца не знам како ќе се отарасиме. Ајде Алба може нема конкуренција и затоа ја игра секоја секунда, ама Бускетс.... Колку и да беше докторот Бускетс клучен за сите успеси изминатите години, време Де Јонг конечно да си ја игра својата позиција, а Бускетс да е во втор план.
 
Ова нека е спремање за наредната сезона.
Да го доспремат тимот со уште 3-4 засилувања по желба на Чави и 6-7 заминувања и ќе гледаме пак јака Барса.
Ние бевме катастрофа прва полусрзона. Со ваков Реал и Чави да доеше летово, може немаше да освоиме ама сигурно мемаше да бодеме толку многу разлила.

Како и да е, добра игра и комечмо добри засилувања за не многу пари :D
 
Повторно добра погодена гала 11-ка малку одмор за некои првотимци деби голови на Аубамејанг да се надевам дека ке продолжи во ваков ритам а не со некои моментални блесоци.Имам примедби второ полувреме:Чави започна во Валверде стил му ја препушти иницијативата на Валенсиа која по влегувањето на Макси Гомез живна и те како плус измената беше лош потег Мингеза неможи да игра стопер премногу е бавен а и беше доста лесно поминуван.
 
Педри е ИГРАЧИШТЕ. :cuc:
Визија за простор, движење, менување правец и пас во право време, тоа само најинтелигентните играчи го можат, осет е, не се учи.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom