Фан Клуб: Барселона

  • Креатор на темата Креатор на темата Serpico
  • Време на започнување Време на започнување
Да и уште да прифати ќе биде супер
 
Нереално е што му нудат нов договор, на барто потег ми наликува ова.
 
П.С. Има шпекулации за Гинтер, реално овие 2 утакмици го пратев со Германија, многу добар впечаток ми остави...

Ако сака @Uli Hoeneß да пише поише информации, го прати он.. колку би коштал, дали е на продажба и слично :)

Зошто, да не сакаш да го купиш? :icon_lol:
 
Фирпо во Лидс за 15 милиони.
Умтити можно е во Марсеј на позајмица.
На Дембеле му е понуден 4 годишен договор со 50% намалување на платата.
Вест Хем и Валенсија најголеми фаворити за Бретвајт, Барса очекува после добрите настапи за Данска на Европсково над 10 милиони евра од продажбата.
 
Мингеза, Педри и Ерик Гарсија се повикани во составот на Шпанија за ОИ. Најверојатно клубот нема да го пушти Педри и ќе упати жалба пошто како што знам клубовите немаат обврска да ги ослободуваат играчите за Олимпијада.

Го прегореа детево... Куман скоро да не го вадеше од игра, сега и Лучо. Уште Олимпијада му фали...
 
Гледам никој не спомнал, поминаа скоро 24 саати откако Меси веќе не е играч на Барселона. Сеуште нема никакви конкретни информации, освен наводно некои катарски клубови му давале 80 милиони евра еднократна уплата само за потпис, плус плати.
 
Гледам никој не спомнал, поминаа скоро 24 саати откако Меси веќе не е играч на Барселона. Сеуште нема никакви конкретни информации, освен наводно некои катарски клубови му давале 80 милиони евра еднократна уплата само за потпис, плус плати.
Слабо пратиш :D Ќе потпише уште 2 години, прашање на формалност е.
 
Јасно е дека ќе остане. Да сакаше да замине сигурен сум до сега ќе најавеше. Се чека да заврши Копа Америка па да ги договорат формалностите.
 
Лапорта имаше објавено дека ќе донесел уште уште 2-3 засилувања (Лев бек,Стопер и везен играч),сите знаеме дека пари за трансфери НЕМА а трансфери можи да има само со размена т.е со трампа ама за тоа треба да се сложат сите четири страни.Јас НЕочекувам трансфери повеќе,продажбите неодат според планот,евентуално Брајтвајт и Алења за Гаја ама неверувам има понуди од Англија за Брајтвајт.
 
Тринкао на позајмица во Волвс, имаат право да го откупат догодина за 29 милиони.
Коладо на негово место. Топ :)
 
Тринкао го пуштиа на позајмица, Волвс ќе ја дава платата.
Со Пјанич и Умтити најверојатно ќе се раскине договор пишо зимаат многу високи плати, а сигурно ќе си оди и Бретвајт и Алења. Кутињо исто мора да си оди поши зима ненормална плата.

Најверојатно каталонците (Роберто, Пиќе, Бускетс, Алба) ќе се согласат на намалување на платите.

Ако и после ова пак прекршуваме, можно е да лета и Гризман... и ако ја ич не сакам, многу го ценам како играч.
 
Ич не сте активни другари :)

Никој не пишал, земавме 2 таленти, 18 годишниот Јусуф Демир од Рапид Виена за пола милион на позајмица со опција за 10 милиони да го откупиме другата сезона.
Исто го вративме и Руиз-Атил од ПСЖ.

Од другите трансфери, Алења во Гетафе за 5 милиони и 50% од нареден трансфер.
Левиот бек Акиеме кој беше на позајмица во Алемериа го откупиа за 3,5 милиони.

Од другите новости, Илаиш Мориба се курчи, т.е неговите агенти, не сака да прифати договор и додека е така најверојатно нема да биде во предсезоната со првиот тим.
Наводно веќе имал понуди од Премиер лигата.

Меси прифатил 50% помала плата, ама имало противења од други играчи.

Несомнено не чека возбудливо лето. У секој случај ми се допаѓаат потезите на Лапорта, али не може за едно лето да ги опорави срањата од 8 години на Бартомеу плус Ковид кризата.
 
Што да бидеме активни, никој од Каталонските ѓубриња нема да си оди.

Алба нејкел ни да чуе, имал уште години од договорот и се чуствувал комфортно во Барса.

Роберто испадокот ако стигнело понуда ке се размислело ако не само плата ке му намалеле. :facepalm:

Сакале размена Гризман со Саул. Уште еден испадок што две години е ван форма, и што ке седи на клупа зашто фудбалскиот боготац Бускец мора да игра додека универзумот не згасне. Не е глуп Вајналдум, знаеше што го чека ако дојдеше.

А што е до Гризман еве како му заблагодаруваат за онаа мочана куп титула што на цел тим курињата им се дигаа кога ја освоивме.

За Пике не ми се ни збори. Сликата како го влече Ембамбето е целокупната слика колку сме само застанати во времето и треба очајно да се исчисти цел староседелски шлајм.

Она мрсулон Мориба уште брк пубертетски не пуштил се курчи за плата, кој фактор си ти бе тотално формациски не постоиш кога играш. Што кур се замислуваш кој си не ми е јасно?

На Дембелето повеќе очи нејќам да му гледам, таа пропалица несмее повеќе да игра за овој тим. Кај сака нека иде само нека се гони од тимов.

И како да бидам активен, од едвај да чекаш да ги глеаш сеа уствари страв ти е од наредниот дебакл. Зини земјо голтни ме.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom