За жал овој тим освен што е истрошен, има и трауми од силни противници во ЛШ.
Вчера играа без никаков концепт, само да се изгура топката што побрзо напред, а во дефанзива исто играа со голема паника. Не дека ПСЖ се поквалитетни без Нејмар и Ди Марија, но тие играа како тим и со концепт, имаа и тие моменти после примениот гол каде ја изгубија главата, но брзо се вратија.
Е сега за реформи во тимот мора да се исчистат старешините, исто како направи Пеп со Деко, Роналдињо и другите.
Барселона веќе нема што да изгуби, бидејќи веќе не е во врвот на светскиот фудбал, не е во група со тимови како Баерн, Сити, Ливерпул, но ако продолжат вака ќе потоне уште подоле на ниво на Милан и Јунајтед каде беа до скоро!
Прво мислам дека Меси ќе си оди и за тоа никој не треба да биде лут, треба да го испратат како што доликува. Заслужува да игра во врвен тим уште 2-3 сезони, а и Барселона ќе се сконцентрира да создаде нов тим.
Бускетс и Пике имаат важечки договори и ако тие самите не се сложат да заминат, тогаш треба да имаат споредна улога како што имаа Силвињо и Кеита во времето на Пеп.
Јасно е дека клубот нема веќе пари за големи трансфери, а ќе биде супер да се ослободат од Кутињо ако има заинтересиран купец и тоа мислам 30-40 милиони ако се извадат тоа ќе биде неверојатно.
Умтити никој не ти го купува бидејќи е фаличен, а и прашање е дали ако го пуштат без оштета дали ќе прифати да отиде негде за помала плата.
Брајтвејт треба да го пуштат бидејќи неговиот придонес може слободно да се замени со некој од Ла Масија.
Не очекува тежок процес на враќање на старите патеки, барем додека се врати публиката и нормалното функционирање.