Фан Клуб: Барселона

  • Креатор на темата Креатор на темата Serpico
  • Време на започнување Време на започнување
Кутињо со глава исто. Во првите 10 минути од второ ги изгазивме, едноставно тука мораше гол, веднаш после тоа реагираше судијата.
Брат не заебавај, имаа и они шанси, до пеналот бевме изедначени, пеналот ја реши утакмицата, мораше Куман порано да реагира... што кур чекаше до 82ра...
 
Е ова стварно не ми е јасно.
Значи во моментов Реал цела година преговара со Рамос зашто нејќе да му даде 2 годишен договор (од страв да не му падне гзот и да не може да игра на нивото на кое што игра), иако според мене треба да му дадат, онака, лагано без никаква дискусија.
А од друга страна, Барса на Пиќе без размислување му дава нови 4 години на договорот.
Исто години имаат, а мислам дека е евидентно кој е подобар дефанзивец и придонесува повеќе за екипата.
Апсолутно е јасно, политичка е одлуката. Куртонот е најгласен сепаратист за независна Каталонија и затоа се уште игра, да не беше Каталонец уште пред две три години ќе беше набркан од клубот. Налет тоа, како нема образ сам да се повлече и тој и Бускетц, не ми е јасно. Едни Чави и Иниеста се повлекоја после една слаба сезона овие ај што немаат такви кредити како нив, па уште сто дебакли претпија и пак си играат ни срам ни перде.
 
Брат не заебавај, имаа и они шанси, до пеналот бевме изедначени, пеналот ја реши утакмицата, мораше Куман порано да реагира... што кур чекаше до 82ра...
Ок, еве нека е изедначена, мада во второ тргнавме подобро, баш ни го расипа моментумот пеналот, од нигде никаде свирна. За Куман се согласувам се тоа со замените, ама се до тоа утакмицата ја имаше спремено одлично. Види на јунајтед челзи каков зафат не е свирнат за пенал. Тегнење дрес има на секој корнер, буквално секој корнер треба да е пенал, тоа исто гомно рамос го прави тоа секојпат.
Може против гетафе да не се буниш и да те оштетат, ама во ваква утакмица тоа одлучува.
 
Џабе сме биле подобри кога на крај пак изгубивме од еден тапа реал со десен бек васкез и асенаио кој не го ни спомнаа цела игра о реес друѓи..
Него меси што направи освен жолтиот кар тон?
 
Да даде господ секој ебен бод да го изгубиме се додека Бускетс и Пике се стартери. Среќа не ја гледав утакмицата дури во 8 саат го видов резултатот.

40 милиони евра за Пјанич, за да му биде замена на полуаматер. Дури ни замена не му беше денес. Јебеш ти клубови шо дозволуват политика да ги води све ви ебам у уста каталонска. Да даде господ да ја направат депонија и цело ѓубре од Мадрид таму да го носат. :kuracc::kuracc:
 
Ја нема статистиката за Меси

Уште му ѓи бројат грешните додавања и дриблинзи
 
Кутињо таман почна добро да игра, земал му менува позиција на Ел Класико :pos:
Педри не е за прва постава, идеално ќе беше да играше тука некое крило, па Педри после да влезе последни 20 минути место Кутињо.

Прва измена прави во 82. минута:pos::pos::pos::pos:
Па и тоа како некој бот ги направи измениве, сите крилни играчи и напаѓачи ги внесе.. така се давало гол окееееј.
 
Ако и оваа сезона останеме без трофеј, а е многу веројатно, и Меси замине без разлика дали ќе се смени раководството, тогаш подобро ќе беше да се шитне летово.

Не може со Меси да праиме промени. Ради него многу играчи немаат позиции, само затоа што тој е специфичен. Некад у средина оди, се враќа до штопери да земе топка, некад на страна, у одбрана малку помага, некад лажна 9ка, и овие другиве не знаат кај тераат.

Ако дај Боже се средат работите до лето, треба уште промени. Немаме пари ама барем нека се фокусираст на играчи што им истекува договорот како Алаба, Депај, Гарсија, Вајналдум... плус едно до две јаки засилувања пред се 9ка и везњак.

Лаутаро не знам дали баш ќе се погоди, ќе биде и тој флоп се мислам... мораше да пробаат со Вернер годинава, барем да се обидат.

Од млади потенцијални не гледам дека некој би дошол во Барса... Мбапе ќе оди во Реал, Халанд не верувам, Рашфорд не мрда од Манчестер... нема млад напаѓач, перспективен што би дошол, а да не е 100+ милиони. ..
 
Па Куман малку ја зезна поставеноста на играчите,кога Барса се бранеше се бранеа во формација 4-5-1,се гушеше средниот ред,поготово Кутињо и Педри,ама пред се сакав да ја потенцирам формата на играчите (На некој е очајна),пред се мислам на Ленглет и ова е уште еден доказ дека Ленглет не е ништо повеќе од обична замена т.е стандарден во ротациите,а за шеф во одбраната малку ќе треба да се запрашаме дали и зошто?Па дали Барса треба да размисли,можи ке треба стопер готов продукт,а Ленглет да си е ништо повеќе од достојна замена?Ништо поразличен не е ни Гризман,1000 формации да се сменат неможи да проработи дечкото,се ми оди умот дека жртвата ке биде тој,за таа толку барана 9-ка и те како.Тука да го додадеме и Тринкао,изгледа неможи да се сноси со притисокот,или поради сплет на околности прерано фрлен во оган? Дембеле исти случај (Делумно исти) крајно индиспониран,изгубен,одсечен,ништо не му оди од рака,Меси ТОТАЛНО ван форма,(Па дали со мислите е веќе надвор од Барса,или логично ги чека изборите? Куман ете машки влезе во соблекувалната,како менаџер ете можи се покажа,очекувањата за Куман беа и повеќе од добри за нас како фанови АМА:Треба да размисли Куман зошто дуплиот пивот прават толку ПОЧЕТНИЧКИ грешки,дали и зошто треба можи Алења и Пуиг да добиваат минутажа,дали го истаде максимумот од секој играч? Одговорот е НЕ,знаеме дека треба уште многу да се работи,дали треба да се мени формација,каде што мене некако ми мириса пак на 4-4-2,не ми има логика овај ростер во 4-3-3,ама има време,да видиме што ке замисли Куман.
 
Не сум некој фудбалски стручњак, ама моето скромно познавање ми говори дека паметен тренер никогаш не треба да го засилува нападот и крилата во екипата на сметка на средниот ред и креативноста во екипата (посебно до тој степен на терен да имаш само еден играч од средниот ред, де Јонг).

Не значи дека ако екипата ти е составена од 5 напаѓачи ќе дадеш 10 гола. Ако во средината на теренот имаш само еден играч, напаѓачите само ќе ти бидат отсечени и бескорисни затоа што нема кој да им даде топка.
 
Не сум некој фудбалски стручњак, ама моето скромно познавање ми говори дека паметен тренер никогаш не треба да го засилува нападот и крилата во екипата на сметка на средниот ред и креативноста во екипата (посебно до тој степен на терен да имаш само еден играч од средниот ред, де Јонг).

Не значи дека ако екипата ти е составена од 5 напаѓачи ќе дадеш 10 гола. Ако во средината на теренот имаш само еден играч, напаѓачите само ќе ти бидат отсечени и бескорисни затоа што нема кој да им даде топка.
Исто никогаш нема да го ваѓа Алба од игра, а да не внесе лев бек. Ова на фифа само може да функционира, да ставиш напаѓачи на сите позиции.
 
Моментално имаат состанок управата.
Има некои шпекулации дека можно е да поднесат оставка.
Мислам дека како и секогаш досега кога имаше вакви шпекулации такво нешто нема да се случи.

Не знам уопште од каде идејата дека ќе се повлечат кога утринава Бартомеу пратил барање до каталонската влада да изјават дека заради пандемијата не може да се одржи референдумот за смена на управата.
За среќа, добија ладен туш, од каталонската влада изјавија дека нема пречки и референдумот може да се одржи без никаков проблем.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom